„Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана“
И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сe што ти е потребно за твоето спасение. И сe што е потребно, ако треба да и помогнеш на некоја друга душа.