логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

.BOGORODICA.BLAGOVESHTENIE8



Величествена е Божествената Литургија! Кога Бог ќе погледне на Својот смирен слуга, тој мора силно да ја почувствува величественоста на Литургијата! Колку таа им помага на оние кои се спомнуваат на неа! Колку Бог го почитува човекот, издигнувајќи го на секоја Литургија меѓу ангелските чинови и хранејќи го со Своите сесвети Тело и Крв! Сѐ ни е дадено. Што ни недостига, било телесно или духовно, минливо или вечно? Ништо. Ако секојдневно ни го дава Своето обожено, свето Тело и Крв, што е повозвишено од тоа? Се разбира, ништо. Во какви таинства Бог го удостои човекот да служи, иако е создаден од земја! О, небесна, непроценлива љубов! Една капка од оваа Божествена љубов ја надминува секоја телесна, световна љубов под сонцето!

Непроценлива е ползата од Светата Литургија, од спомнувањето на имињата на упокоените итн. Се разбира, ова им користи само на оние кои се покајале, кои покажале знаци на некои добродетели, но заради невниманието, негрижата и одолговлекувањето немале време да го замесат добродетелниот леб. Преку изобилието на Божјото милосрдие, црковните молитви, молтвите на поединците, човекољубивите дела… се дополнуваат недостатоците кај таквите луѓе. Св. Кирил Ерусалимски вели дека од секоја Литургија, голема полза имаат сите кои се спомнати и за кои се посредува. „И како што Мојсеј ја подига бронзената змија во пустината, така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат“ (Јован 3, 14).

И како што сите кои биле каснати од змија се исцелувале погледнувајќи на бакарната змија, така и секој христијанин, кој верува во Христа и брза кон Неговите животоносни рани, јадејќи го Неговото Телo и пиејќи ја Неговата Крв, ќе биде исцелен од каснувањето на змијата – гревот. Со оваа најсвета храна му се дава живот за преобразување во нова твар, односно во нов живот, согласно со Неговите свети заповеди. O, колку е од суштинско значење и полза за нас, да пристапуваме на оваа Небесна трпеза, која ни ја обезбедува натприродната тајна на светиот олтар! Покрај него невидливо стојат ангелите. Свештеникот, кој во тој момент е попочитуван и од ангелите, со најголема страхопочит Го жртвува пренепорочниот Агнец. Ангелите сослужуваат, а верните пристапуваат да ги јадат и пијат Телото и Крвта Христови. „Тело Христово примете, живот бесмртен вкусете“ за да живеете во Христос и да не умрете во гревот.

Според зборовите на апостолот, човекот нека се преиспита, а потоа нека јаде и нека пие од чашата, бидејќи кој недостојно јаде и пие, својот суд го јаде и пие… Зашто кога самите себе би се преиспитувале, не би биле казнети. А кога Господ ни суди, нѐ кара… (1 Кор. 11, 28-32). Кога некој сака да се сретне со царот, тој со денови се подготвува за тоа, односно прави сеопфатни подготовки поврзани со облеката, говорот, пристапот, однесувањето итн., за да предизвика благонаклонетост кај царот и така да го добие она што го бара.

Согласно со неспоредливата разлика помеѓу двата цара, секој христијанин мора да се подготви за Светата Причест, со што би добил милост и простување. За да го добијат она што го сакаат, оние кои му пристапуваат на земниот цар, често се украсуваат со итрина, ласкање и неприродност. Напротив, светоста, смирениот дух и душевната едноставност, кои се многу поскапоцени од минливото злато, мораат да бидат одлика на верниот христијанин, кој Му пристапува на Царот над царевите, бидејќи Тој гледа на внатрешниот човек. Да се подготвиме и ние со чист разум и трудејќи се да ги умртвиме своите страсти, заедно со Светите Апостоли чисто да пристапиме на Тајната вечера, да се причестиме со нашиот сладок Исус, за да живее во нас, во бесконечноста на вековите. На Божествената Тајна треба да ѝ пристапиш со големо умиление, покајние и свест за своите гревови.

Голема е милоста на Бога, Кој снисходи за да влезе во тебе, не одвраќајќи Се заради многуте твои гревови. Напротив, со Својата безгранична љубов и благонаклонетост Тој доаѓа за да те посоветува и да те удостои да станеш Негово чедо и наследник на Неговото Царство. На секоја Божествена Литургија, повторно го оживуваме Страдањето на Крстот и животоносното Воскресение на нашиот Исус, нашето слатко избавување и Светлината за нашите затемнети души, со кои се спасува секоја грешна душа. Ако во Стариот Закон, во сенката на она што следува, крвта од биковите и јарците и пепелта од јунчињата ги чистеле престапниците, колку повеќе Исусовата Крв, со која се причестуваме пред светите олтари во светите православни цркви, ќе нѐ исчисти нас од секој грев и ќе ги загрее нашите души со боготежнеење за нашиот најсладок Исус!

Во Црква би требало да стоите со страв и побожност, бидејќи таму невидливо е присутен Самиот Христос, заедно со светите ангели. Тој, внимателните и побожните, ги исполнува со благодат и благослови, додека невнимателните ги осудува како недостојни. Потруди се да се причестуваш што е можно почесто. Го имаш моето разрешување тоа слободно да го правиш, затоа што Светата Причест е непроценлива помош за оние кои се борат против гревот.

 

Старец Ефрем Филотејски и Аризонски

 

https://www.tiveriopol.mk/%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5/?fbclid=IwAR1juCA-ja28ULySjM03VcB66A11iionEj_N2KSBXk1p9EI_s42ZzcIhXog

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная