логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel 

 

ORA ET LABORA (Моли се и работи )

Сите ние се восхитуваме на светиите. Тие го постигнале она за кое што ние само сонуваме во нашата недостојност,неуспеси и секојдневни падови. Тие ја достигнале полнотата на христијанскиот живот - ги победиле своите страсти, ја обожиле својата личност, восприемајќи ја во целост Благодатта на Светиот Дух. Овие „гениии на духовноста“ (според С. Булгаков) се наши столбови на патот кон духовното самопознавање и Божјото царство. Тие се здобиле со место во него откако стекнале смирение, допрени и прочистени од Светиот Дух,без оглед на тоа што тие се разликувале и биле уникатни во својот идентитет како камчињата на брегот на морето и одблесоците на огнот во каминот. Обрасци на духовна храброст и пожртвувана ревност, столбови на благочестие и чистота на душата. Секој од нив носи ореол на светоста затоа што му остана докрај верен на Спасителот. Повикани за нивната предодреденост и предодредени во нивниот призив.
Сите тие се трудеа и се бореа со својата стара природа, со своите страсти и неизбежните напади на бесовите. Животите на светиите обично укажуваат само на значајните настани на трнливиот пат кон царството Божјо - кога и од кого биле прогонуван
Сите ние се восхитуваме на светиите. Тие го постигнале она за кое што ние само сонуваме во нашата недостојност,неуспеси и секојдневни падови. Тие ја достигнале полнотата на христијанскиот живот - ги победиле своите страсти, ја обожиле својата личност, восприемајќи ја во целост Благодатта на Светиот Дух. Овие „гениии на духовноста“ (според С. Булгаков) се наши столбови на патот кон духовното самопознавање и Божјото царство. Тие се здобиле со место во него откако стекнале смирение, допрени и прочистени од Светиот Дух,без оглед на тоа што тие се разликувале и биле уникатни во својот идентитет како камчињата на брегот на морето и одблесоците на огнот во каминот. Обрасци на духовна храброст и пожртвувана ревност, столбови на благочестие и чистота на душата. Секој од нив носи ореол на светоста затоа што му остана докрај верен на Спасителот. Повикани за нивната предодреденост и предодредени во нивниот призив.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


Сите тие се трудеа и се бореа со својата стара природа, со своите страсти и неизбежните напади на бесовите. Животите на светиите обично укажуваат само на значајните настани на трнливиот пат кон царството Божјо - кога и од кого биле прогонувани, видливите искушенија што ги надминувале, мачењата што ги доживеале и нивната херојска смрт. Но, само тој што може да чита помеѓу редови е навистина во состојба јасно да ги разбере неизбежните и чисто човечки грешки, непроспиените ноќи поминати во борба, сомнеж и преиспитување во потрага по вистинската одлука донесена во бурата на животните премрежја. Само и единствено во неизбежната борба, во моментите на лична „метаноја“ (преоценување на вредностите, преиспитување) се раѓаат чистите плодови на човечката душа и личноста станува сад на Светиот Дух. Затоа, зборовите на Спасителот се толку блиски до секој што води духовен живот: „Царството небесно насила се зема, и силните го грабаат“ (Мат. 11, 12). Ова духовно дејствување мора да се гледа во две насоки - непрестајна работа над себе си и правењето на  добри дела. Верникот ја води својата борба на два фронта - внатрешни и надворешни, длабоко интимни и надворешно одговорни. Затоа неговиот живот е полн со постојана напрегнатост која мини, видливите искушенија што ги надминувале, мачењата што ги доживеале и нивната херојска смрт. Но, само тој што може да чита помеѓу редови е навистина во состојба јасно да ги разбере неизбежните и чисто човечки грешки, непроспиените ноќи поминати во борба, сомнеж и преиспитување во потрага по вистинската одлука донесена во бурата на животните премрежја. Само и единствено во неизбежната борба, во моментите на лична „метаноја“ (преоценување на вредностите, преиспитување) се раѓаат чистите плодови на човечката душа и личноста станува сад на Светиот Дух. Затоа, зборовите на Спасителот се толку блиски до секој што води духовен живот: „Царството небесно насила се зема, и силните го грабаат“ (Мат. 11, 12). Ова духовно дејствување мора да се гледа во две насоки - непрестајна работа над себе си и правењето на  добри дела. Верникот ја води својата борба на два фронта - внатрешни и надворешни, длабоко интимни и надворешно одговорни. Затоа неговиот живот е полн со постојана напрегнатост која минува по линијата на најголемите противречности.
Христијанинот не треба да биде статичен, туку динамичен, не самодоволен, туку отворен за болката на другите. Само на тој начин тој може да се движи во ритамот на животот и да го исполни Христовиот завет: „Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат“ (Рим. 12:15) Богочовекот е највистинит пример за целосно восогласување на зборовите и делата, за целосна посветеност на Неговата историска и духовна мисија. Верникот води војна на два фронта - внатрешни и надворешни. Светиите, како одраз на Божјата моќ и слава, го носат овој завет со посланијата на нивните  светли житија.
Верата која што не им помага на другите не само што не е вера, туку е предмет на дискусија и потсмев на неверниците и еретиците. Таа не само што е „мртва без дела“, туку е и самоизолирана и неплодна. За вистинскиот верник се туѓи самозадоволството и чувството на супериорност над другите. Христијанството ги трпи најсилните напади и критики од различни насоки, не толку поради доктрината и особеностите на неговото учење, туку поради одсуството на личен пример во однесувањето на неговите следбеници. Високите барања на учењето не се секогаш поддржани од реалните постапки на верниците. Во историјата на Светата црква, достоинството на христијанството отсекогаш било придружено со достоинството на христијаните. Добрите дела и смирението се нештата што ги привлекуваат другите и вистински ги убедуваат во вистинитоста на евангелското учење. Животот на еден христијанин не е ништо друго освен секојдневна служба на Бога и на другите, и покрај неизбежните тешкотии ,навреди и исмејувања што го опкружуваат. Само на овој начин огнот што се спушта одозгора може да се пренесе на луѓето и да се разгоре и во нивните срца. Човекот е факел кој што треба да биде запален, а не кофа што треба да се наполни. Кој ќе го “освои” своето срце, ќе добие поддршка во сè и ќе биде следен. Затоа две илјади години се води битка за човечката душа, за овој вечен храм на живиот Бог. Небото зборува преку храброста и решителноста на своите гласници, апостоли во духот и призивот, а нивниот јазик е разбирлив, дури и за најзакоравените души. Достапноста и грижата за другите се најдобра беседа во сите услови и околности.
Сите тие се бореа преку вистински дела со „духот на гравитацијата“ во животот на луѓето, им се спротивставија на “моќните” , се движеа против текот на настаните, ризикувајќи да го изгубат привременото пред олтарот на Вечното. Има толку многу храброст и благородност во животот на Свети Никола и Свети Спиридон, Свети Иларион Мегленски и Свети Козма Етолски. Тие изобилуваат со примери за нивно вистинско застапништво во животот на луѓето, за затвореници, неправедно осудени и оклеветени,и за брза помош секогаш кога имало потреба од тоа. Сите тие станаа легенда не само за нивните современици, туку и за генерациите по нив.
Еден од подвижниците на благочестието на дваесеттиот век, старецот Пајсиј од Света Гора, практикувал да им го повторува истото на поклониците кои доаѓале  кај него: “Должни сме да ја претвориме туѓата болка во своја”. Да покажуваме повеќе со дела, а не да убедуваме со зборови. Неговото житие е типичен пример за ова. Кога бил млад монах во Коница и имал послушание да живее со неправославни луѓе, тој станал пример за милосрдие и практично смирение, без да одржи ниту една беседа и да влегува во теолошки спорови, докажувајќи ја вистинитоста  на православието. Со личен пример тој ги освоил нивните срца и многумина поверувале и го прифатиле  Богооткриеното учење на православието.
Животите на светителите се доказ за актуелноста и достапноста на христијанството во секој период и епоха во историјата на човечкиот дух. Тврдењата дека учењето на Исус од Назарет е наменето само за сонувачи и идеалисти и дека неговиот дух е несоодветен за животната реалност го демантирале неговите најискрени следбеници. Не само нивните молитви, туку и нивните живи дела ја осветлуваат темнината на битието. Тие го приближија небото до земјата и ја одухотворија тварта. Тие ја открија радоста во страданието и најдоа утеха во болката. Нивниот пример отсекогаш била живата вода што ја напојува оваа вечно распукана и исушена земја. Тие се директна потврда за Христовата прилагодливост кон секоја етничка група и личност. Четирите евангелија не само што не противречат, туку се тесно испреплетени со вечното евангелие на животот, одразувајќи го неговото богатство и разновидност дури и во најмалите детали на постоењето. Нека нивната светлина ни биде основа и патоказ кон царството Божјо. Амин.

 


Автор: о. Јасен Шинев - текст објавен во списанието „Амвон“, број. 2, 2012 год.

 


Извор: bogonosci.bg
За Преминпортал: Симеон Стефковски

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3214
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7700
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная