Протопрезвитер Андреј Ткачјов: Божикен пост – две лепти од душата и телото

Храната не нè приближува кон Бога, и не нè оддалелечува од Него, туку намерата нè приближува, а надворешното дело добива внатрешна сила од Оној Кому Му е посветено. Значи, подготвувајќи се да постиме, воздржувањето да го посветиме, колку што можеме, на Оној Кој од Дева во пештера недалеку од Витлеем е роден. Со ова посветување и...


Позитивната или штетната улога на болката зависи од личниот однос на човекот кон неа. Кога човекот не е способен во болката да види некаква смисла или цел, природно е да падне и да се разочара. Тој ја сфаќа како мачно патување кон небитието. Кога, напротив, човекот ја гледа болката како педагошко средство на Божјата промисла, тој може да ја искористи на позитивен начин и да ја вклучи во перспективата на своето духовно усовршување.
Господи, колку повеќе растам толку помалку сакам да разбирам, а повеќе да чувствувам. Сакам секој ден сè помалку да ти се противам, да направам место да влезеш со Твоите тивки стапки во секој дел од мојот живот.
Се чувствуваме противречно, бидејќи не погледнуваме во суштината. Суштината не е градење на своето јас на едно повисоко етичко ниво, одделно од нашата врска со Христа, туку обновување на нашата врска со Христа. Нашиот пат кон спасение и исцеление е да го најдеме нашето место во Телото Христово. Да ја најдеме нашата врска со Христа, односно да се храниме од благодатта Негова, да се храниме од љубовта Негова.
Најтрагичен момент за еден свештеник е да крсти едно дете и никогаш повеќе да не го види во храмот. Да ја земеш таа прекрасна Божја креација во своите раце, да ја подигнеш во името на Света Троица и да не ја видиш повторно. И мојот внатрешен крик прашува : ‘’Зошто?”
Поучувањето во Православната Вера не може да ги следи методите на световната настава. Формалното образование пренесува знаење со цел да ги оспособи студентите за чување и анализирање на информацијата. Затоа, колку повеќе изучува, колку повеќе аналитична станува личноста, толку повеќе се вели дека е образувана. Поучувањето во верата не пренесува толку многу информации, колку што се стреми да го образува умот Христов (1 Кор. 2, 16) во душата на оние кои се поучувани.
Старец Порфириј често зборуваше и откриваше една голема вистина – дека човекот не е само она што се гледа, туку главно нешто друго. Тој е и едно негово скришно Јас, спротивното јас, како што велеше, спротивниот дух. Психијатријата, психоанализата, психолошките и педагошките науки се согласуваат со овие индикативни зборови на Св. Порфириј и ги потврдуваат. Дека во секојдневието, она што ги управува нашите движења, често е несвесниот дел на душата.
Кога барем малку би ја имале вкусено благодатта Божја, ќе знаевме дека она што ја оддалечува неа од нас е – осудувањето, братојадењето, омразата и злото. Да ја чекаш на нишан грешката на другиот, подготвен да го застрелаш, не е христијански етос, туку на подземјето. Кога барем малку би ја имале вкусено благодатта Божја, ќе ја знаевме нејзината сладост, ќе правевме сѐ, за
Во денот на тагата што не снајде, Кон Тебе, Христос Спасителот, прибегнувајќи, молиме за
Кондак 1
Кога зборуваме за умно - срдечната молитва, ние се наоѓаме во срцето на таканареченото мистично богословие, т.е. во срцето на православното богословие. Со умно - срдечната молитва се постигнува, но и се изразува единството и заедницата на човекот со Бога.
Болката е жестоко испитание за човекот. Таа речиси секогаш го придружува неговото биолошко и душевно распаѓање. Покрај тоа, останува необјаснива и парадоксална, не само како психолошка, туку и како биолошка појава. Нејзиното присуство обично не соодветствува на никаква природна цел, а нејзиниот интензитет не е во аналогија со предизвиканите или заканувачките трагедии. Таа сепак го предвестува страдањето на смртта, кое има трансцедентни проекции.
Повеќе сакате да живеете во агонија и самосожалување, отколку да ја отфрлите смрдеата од вашиот карактер и живот и да го живеете животот заради кој сте родени. Животот кој Бог го замислил кога ве создал.
Некогаш праотецот Јаков го нарекол „Дом Божји“ местото, каде што Бог им се јавил. Тој посебно го одбележал тоа место, подигнувајќи камен и прелевајќи го со елеј. Мојсеј според Божјите упатства подигнал скинија – храм од платно, во која пребивала Божјата слава (2.Мој. 25, 8). Подоцна пак, Соломон Му изградил на Бога величествен храм. За време на осветувањето на тој храм, Божјата светлина го исполнила домот Господов (3.Цар. 8,11). Самиот Господ Исус Христос го посетувал ерусалимскиот храм и покажувал голема ревност кон него (Јн. 2, 17ч Пс. 68, 9).























