логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Воспитување на децата

Лимасолски Митрополит Атанасиј


КОГА САКАМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА

"Почитувај ги татка си и мајка си, за ga ти биgе gобро
и goлгo ga го живееш на земјата, која Гocпog, твојот Боi ти ја gава."


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Како и сите заповеди, така и таа има за цел не само да  ја регулира  врската  меѓу децата и родителите, туку и да ни покаже дека за нејзиното исполнување има вечни награди во Царството Божјо, затоа што секоја заповед има директно влијание врз целиот човек. Всушност, проводникот на Божјата благодат, која е кислородот на нашата душа, е исполнувањето на заповедите. Еден отец вели дека Адам и ѓаволот не се одрекле од Бог - тие не паднале поради тоа. Не рекле, дека Бог не постои или еве ние се одрекуваме од Него, туку ја нарушиле Неговата заповед. Затоа чувањето на Божјите заповеди води до директно општење со Бог и има спасително-сотириологично значење за нас. Ќе ви одговорам на неколку прашање, кои сте ми ги поставиле:
- Што да правам кога родителите не ме
разбираат и не можам да комуницирам со нив?
- Кога тие се караат и не зборуваат помеѓу
си, треба ли да бидам на страната на едниот или на другиот?
-Кога едниот од нив има психолошки проблеми, што треба да направам?
- Кога тие бараат нешто од мене и јас не можам да го направам, како треба да реагирам?
И така, да започнеме со прашањето:
- Што да правам кога не ме разбираат и не можам да комуницирам со нив?
Тоа прашање се поставува во семејството,
во односот меѓу децата и родителите, но тоа се поставува и меѓу сопружниците, како и во останатите социјални односи. На прв поглед изгледа дека тој кој го поставува прашањето е во право: човекот, кого не го разбираат е онеправдан и страда. Не знам, може и да rрешам, номислам дека, кога не можеме да комуницираме со даден човек тогаш проблемот, всушност, започнува од нас самите и таа прететенција или желба другите да не разберат не е сосема здрава. Мислам дека, кога човек има мир со себе и во него се хармонизираат сите душевни сили и кога ќе придобие мир, како што велат светите отци, којшто извира од врската и oпштeњeтo со Бога, тогаш сите наши сензори, умот, разумот, почнуваат да работат на друг начин и се навикнуваме да го примаме другиот човек каков што е, и да не очекуваме од него работи, коишто не може да ни ги даде или дури и не треба да ни ги даде. Затоа што, колку и да е добар, повторно не би можел да ги даде, бидејќи е човек.Човекот има ограничени можности. Што и да направи не може да стане суперчовек, не може да предвиди се и секогаш да погоди какви потреби ќе имаме ние. Ниту може да погодува какво расположение имаме, за да се однесува на соодветниот начин. Затоа, кога велиме дека родителите не ме разбираат, треба да го свртиме прашањето и да кажеме, добро, ти ги разбираш ли нив? Пробај прво ти нив да ги разбереш, почни да мислиш така како што тие мислат, постави се на нивно  место и види како мисли мајка ми, татко ми, прими го врз себе целиот нивни душевен состав, менталитет, возраст, однос кон тебе, дека тие се твои родители, и ти произлеrуваш од нив, тие не може да те пречкртнат, да те отфрлат, т.е. што и да прават не можат да те заборават. Но, навистина, што да правиш - однеси една мајка во најголемите универзитети на светот да ѝ предаваат лекции да го заборави детето - таа не може да го направи. Освен ако, не се разболи душевно, но при нормални услови не може да се одрече од себеси (т.е. од детето). Додека, едно дете ги заборава родителите.
Кога вие се шетате навечер, ви текнува ли на мајка ви? Додека мајката не може да заборави на своето дете додека е отсутно, ниту може да спие. И покрај тоа што се враќате дома и се обидувате да ја убедите дека не требаше да прави така и да ве чека, не е возможно таа тоа да го направи, затоа што не може да се промени себеси. Затоа 50% од патот кон разбирањето со родителите се постиrа ако вие се поставите на нивно место и разберете како размислуваат тие.
Кога ќе го дадеш на другиот тоа што е негово, тогаш отвораш пат да ти го даде тоа што го сакаш.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Вие коишто сте млади, полесно можете да ги приближите вашите родители, да им помоrнете да ги отворат срцата, отколку тие да се доближат до вас. Тие се во понапредна возраст, веќе се обременети со редица социјални  потешкотии, имаат  и егоизам ­ возрасни луѓе се, имаат и свој тврд менталитет. Можеби и сакаат да се приближат до своето дете, но не можат, или го прават тоа, но по погрешен начин. Знаете дека мечката, кога го прегрнува меченцето, од голема љубов го притиска силно и може да му ги скрши коските, затоа што има многу јаки мускули - го фаќа дрвото и го крши. Малото, тукушто се родило, нема сили, а мечката од голема љубов го фаќа да го бакнува и не сакајќи го смачкува. И јас сум среќавал родители, кои сакаат да се доближат до детето, но не знаат како да го направат тоа со смирение, му викаат, го караат итн. Всушност, тие полагаат сили да се зближат со своето дете, но не знаат како и започнуваат да го иронизираат. И така се стига до распад во односите.
Вие кои сте млади и пообразовани од вашите родители и по природа сте посмирени и почувствителни најдобро вие самите да се научите да се приближувате до своите родители. Како што реков, видете какви потреби имаат, работите се многу едноставни. Знаете ли од што имаат потреба родителите - имаат потреба детето да покажува детска љубов кон нив. Мајка нѝ, татко нѝ, колку и да се остарени и ние колку и да сме пораснати тие не престануват да бидат наши родители, а ние нивни деца.
Кога имаме за цел да општиме со друг човек, тогаш се оддалечуваме од својот егоизам, го празниме нашето ЈАС и одиме напред кон другиот. Тоа придвижување не е лицемерно. Многумина од вас ми велат: тоа нели е лицемерие, отец?
- Тоа не е лицемерие. Тоа што сега го правиш е егоизам, а егоизмот е татко на лицемерието. Затоа што, кога немаш сила да се одречеш од самиот себе и да го сретнеш другиот човек, тогаш ќе ги извршиш сите злодела на егоизмот, меѓу кои е и лицемерието. Христос што направил? Тој станал Човек заради нас, се понизил Себеси, така вели св. ап. Павле, примил тело како нашето, се понижил Себеси, станал како нас, за да не сретне нас.


Мислам  дека св. Епифаниј Кипарски вели дека Христос влегол како црвче на  јадицата, нели за да ја уловиме рибата ставаме црвче на јадицата за да се фати рибата и да ја извлечеме, така и Христос дошол кај нас преку јадицата на Својата Божја природа, за да го привлече и да го обожи човекот. Тој примил човечка природа и станал Човек подобен на нас во се, за да нѐ привлече и да нѐ улови. Св. ап. Павле им пишува на учениците: Затоа што јас не го барам вашето, туку вас.
Научете се да водите дијалог со вашите родители, да излезете од вашите оклопи и да ги пречекате вашите родители со дух на смиреност и дух на љубов за да можете да имате правилен дијалог со нив. Ако го постигнете тоа, денес, ќе можете и утре кога ќе се ожените или подоцна кога и самите вие ќе станете родители.
Во една светогорска историја раскажува дека во почетокот на 20 век во Кареја живеел еден слеп духовник-подвижник. Тој бил прочуен исповедник, но бил слеп. Тогаш на Света Гора се подвизувал Вселенскиот Патријарх Јоаким III. Тој Патријарх бил силен, добар човек, но непреклонлив и неотстаплив. Трипати го бркале од тронот и тој одел на Света Гора за да се подвизува, но повторно го враќале назад. Кога го видел оној прочуен подвижник решил да се исповеда кај него, но Старецот бил слеп и не видел кој стои наспроти него. Патријархот му рекол:
- Старче, сакам да дојдам да се исповедам.
- Е, каде ќе доаѓаш, оди некаде на друго место.
- Не, Старче ќе дојдам кај тебе да се исповедам.
- Не можеш да дојдеш кај мене, не можеш да ме најдеш.
- Не, ќе ми кажеш каде си и ќе ја најдам келијата.
- Не можеш да ме најдеш, а и да ме најдеш нема да можеш да влезеш внатре.
- Зошто да не можам да влезам?
- Не можеш- мојата врата е многу ниска.
- Ќе се наведнам  и ќе влезам.
- Ако се наведнуваше ќе си го зачуваше тронот, му рекол мудриот духовник и го решил проблемот на Патријархот.
Затоа, ако човек не се научи на виткост, во животот, што пак е знак на смирение, нема да може да напредне, ќе отвори рани, ќе создаде проблеми и ynrre полошо, секогаш ќе чувствува дека другите му се виновни. Секогаш другите не го разбираат, не го сакаат, не го признават неговиот придонес, ТОЈ се жртвува за сите, а никојза него.Така ќе си мисли. Како што и јас слушам, кога жени доаѓаат на исповеди велат:
- Јас, оче, не зборувам со сосетката. Ја сакам, се разбира, немам проблеми со неа, но не ја поздравувам. Ниппо не сум И рекла или направила, таа самата ми се налути.
Добро, само добрите ли сосетки доаѓаат на исповед? Лошите каде останаа? Една лоша сосетка не дојде да ми каже:  јас од злоба  ја принудив другата да не ми зборува. Секогаш сите се невини.
Во Патерикот се раскажува дека прашале некој светец:
- Оче толку време во пустината, што постигна?
И тој одговорил:
- 40 години во пустината успеав само едно нешто да правам - постојано да се самоукорувам. Да велам дека секогаш јас сум виновен.
Другиот ава одговорил:
- Навистина, тоа е патот на спасението. Да престанеш да го обвинуваш другиот.
Знаете ли, чеда, светците дури демоните
не ги обвинуваат и не велат дека ѓаволот им е виновен.Не кажуваат такво неппо, а говорат: јас сум виновен и демонот си ја најде белјата со мене! Така велеле, илјадниципати сум го слушал ова на Света Гора. Не стига оти јас сум зол, а го терам и ѓаволот да дојде да ме искуши. Ако бев добар, велеше еден свет човек, и овој клетник немаше да доаѓа. Тие се поставувале себеси дури и пред демоните, се сметале себеси за полоши од нив...
Тоа е големата уметност на Православната Црква а таа ја има зачувано преку отците. Ако го читате Патерикот, Евергетиносот, отците, и ќе ги сретнете постојано тие работи во текстовите. Ќе видите како тие светци пустиножители и подвижници, кои биле далеку од оmuтеството, секогаш rи посреќале другите луѓе соедноставност и скромност. Тие немале никаков проблем во општењето со нив, биле мноrу дружељубиви, без оrлед шrо rодини наназад не rледале луѓе пред нив.
Продолжуваме со прашањата:
-Кога тие се караат и не зборуваат помеѓу себе, треба ли да бидам:на странатана едниот или  на другиот?
Траума е човек да живее во семејство во кое родителите не разrовараат, или, како uпо се вели во другите прашања, кога имаат психолошки проблеми, недостатоци или кога се пред развод.
Кога има нешто лошо и решението не е идеално. Како шrо се вели во една светоrорска поrоворка - ниту ѓавол да видиш, ниту да се прекрстиш. Со други зборови, подобро би било да rи нема тие работи и да нема потреба да наоѓаме решенија за нив. Но, еве, тие постојат. Во тие случаи се потребни голема вера и молитва. Тоа реално е голем испит за душата на детето кое расте во таква средина. Но, јас верувам дека ако во тој дом има некој кој вистински се моли, тогаш молитвата станува столб кој Го привлекува Бог, ја привлекува благодатта и ја разрушува таа напреrнатост која постои. Како и обратното - ако во домот има дури само еден човек, кој има напреrнатост во себе, тој гo предава тоа и на другите.
Се запознав со еден човек, сега е свештеник во Грција, кој ми кажа дека кога бил мал, родителите негови имале проблеми, и што направил? Се криел под креветот на мајка си и цела ноќ се молел, со солзи. Дете 9-10 rодни се молело додека родителите не се помират. Еднаш направило и чудо. Мајка му била толку болна што безмалку ќе умрела. Молејќи се до утрото, таа оздравела, станало чудо. Сум видел многу такви примери, исклучително многу во мојот живот и сум слушал за многу кои реално се надвор од секоја логика. Очекуваш сѐ да експлодира во воздухот, но кога сред таа напрегнатост ќе вложиш молитва и  вера полна со љубов тогаш  нештата навистина започнуваат да се променуваат. Св. ап. Павле вели дека Христос, бидејќи  искушуван може и на искушуваните да им помогне. Затоа што, Тој пострадал и бил искушуван како Човек, затоа може да им помогне на оние кои сrрадаат. Затоа често трпиме трауми и страдаме, и сакаме или не влегуваме во таа состојба, а после тоа Бог навистина ни дава можност преку благодатта, кога ќе оздрави личната траума, да помоrнеме и да укрепиме други луѓе. Помните кога св. ап. Петар се одрекол од Него, па после тоа кога Христос му простил, му рекол: и ти некогаш, утврди ги и браќата свои. Сега кога разбра што значи покајание, што значи пад и воскресение, и поправување, и го позна Моето милосрдие кон тебе, оди да помоrнеш и укрепиш други, откако ти самиот пострада.
Понекогаш звучи дрско, но ќе кажам, Самиот Бог не остава да паднеме, да си ја скршеме главата, да се раниме, и дури да згрешиме, за да се разбие нашата тврдокорност, за да придобиеме милосрдно и милостиво срце кон болката и гревот на другиот човек. Еден светец прашал: зошто Христос го оставил Петар да се одрече од Него? Нели е жално за Петар кој е прв од апостолите, Господ да го остави да се одрече од Него? И, добил одговор дека ап. Петар имал таков стремеж на верата, на каракrерот, и ако не се беше подлизнал да падне и да се одрече од Христос тогаш поради својот пламен карактер, подоцна немаше да може да ги разбира луѓето. Тој ќе бил толку строг спрема нив каков шrо патем бил и спрема самиот себе и не ќе можел да снисходи и да разбере дека не сите луѓе се како него. Бог го оставил, тој паднал, и така во себе разбрал каков е човекот и какви се другите луѓе и само така можел вистински да ги укрепи.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


Затоа, кога дома имаме проблеми, тогаш со блаrи зборови,со нашиот добар пример, со сите сили кои можеме да ги положиме, треба да им помаrаме на нашите родители. И да не ја правиме грешката, да го оправдуваме едниот, а да го обвинуваме другиот. За нас и едниот и другиот е наш родител, тие се нашите мајка и татко. И татко ни, ако има психолошки проблеми, каков и да е, е наш татко. Не можеме да се одречеме од него - едно дете кое го отфрлува својот родител нанесува повреда не само на него, туку и на себе. Детето има потреба да има синовна врска со своите родители. Затоа шrо, душата на детето има хармонија во себе и ако таа се загуби почнуваат други работи: болести, комплекси итн. Затоа е многу важно човек да има баланс и хармонија, токму затоа е голема жртва да си родител. Да си родител значи дека треба да умреш за своето дете. Вистински родител е тој кој секој час и секоја минута умира за своето дете. Тажна е кога родителот не разбрал дека треба да умре за детето, т.е да се одрече од себеси, за да може да живее неговото дете, да започне да си ги бара правата, да бара признание и да се повредува кога детето му рекло некој збор. Колку е трагично да гледаш родители на кои синот или ќерката им рекла некој збор и тие се навредуваат од тоа и почнуваат да се караат со детето. Како може да ми го каже тоа!? И после тоа, родителот го обвинува Бог и сите други.
Еднаш, еден татко дошол кај некој подвижник (најверојатно преп. Паисиј) и започнал да му плаче. Неговата ќерка била во основно училиште. Еден ден некој поголем од неа отишол со цел и умисла да го тормози детето. Не нешто сериозна, но пробал да изврши тормозење врз детето. Таткото бил и малку благочестив, дојде на Света Гора при Старецот, и јас бев таму, и започна да плаче:
- Ама, ме слушаш ли Старче што му направи на моето дете!
- Што му направил на детето ти?
- Тоа и тоа проба!
- Добро, дали му направи нешто?
- Не, но пробал да направи?
- Добро, пробал,  но Бог ја сочувал ќерка ти и тој не ѝ направил ништо!
- Да, но пробал и ѝ нанел траума.
- Добро, чедо, го направил тоа, но што да правиме? Зошто се оптеретуваш дека го направил тоа, а не гледаш дека можел да направи и нешто полошо?
- Ама, нели е жално што детето ...
- Жално е, да. Се разбира. Не реков дека не е жално.
- Но, зошто Бог оставил тоа да се случи, ако е жално?
- А ти зошто се оптеретуваш поради тоа, а не сфаќаш дека не допуштил да се случи нешто полошо?
Како и да е, започна еден дијалог, половина час. После тоа, што направи човекот? Рече:
- Јас секој ден им палев свеќи на светите безсребреници и им велев да ми го сочуват детето! Две години палев свеќи и зошто Бог не го сочува детето, и покрај тоа што палев свеќи?
Старецот му рече:
- Земи си ги свеќите назад и оди си! Оди земи 2 кг свеќи и да завршиме веќе со ова, затоа што палејќи ги свеќите имаш толку многу претензии, наместо да Му благодариш на Бог дека не станало нешто полошо; ти се фати за првото и остана таму. Лека полека човек се навикнува од ништо да не е задоволен, тој не благодари, ниту на Бога, ниту на жена си, ниту на маж си, ниту на родителите, на никого и на крајот започнува само да poптa и неговата состојба се повеќе се влошува.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel


Друго прашање:
- Кога мајка ми и татко ми бараат нешто од мене, а јас не можам да го направам тоа, како да постапам?
Фaкт е дека честопати многу родители, за жал, повеќето во Кипар сакаат многу нешта од децата. Затоа што и тие се биле деца на своите родители, и сега се замајуваат –  чекаат детето да излезе од училиштето, го фаќаат го втурнуваат во автомобилот за да отиде на час по пијано, излегува од часот по пијано, го водат на час по пливање, од пливање на ...   Ги полудеа децата. Стресни родители, а од многу стрес создаваат и стресни деца. Ви реков и друrпат ­ родителите имаат многу претензии кон децата, ги дават, ги задушуваат. Добро, кога детето е мало оди од училиште во училиште.  Кога малку ќе порасне, ако разбере дека е за негово добро, оди накриво -  налево. Но, после тоа што се случува? Потоа, ако детето има добри односи со нив и внатрешен баланс, се има научено да ги сака родителите правилно и знае да ги почитува, тогаш може и да им откаже, на правилен начин. Навистина, некогаш треба да го направи тоа, може да ги огорчи, да не се согласи со нив и со тоа што го кажуваат, но ќе го направи тоа на многу добар начин. Еден прост пример. Девојка сака дечко и сака да се омажи  за него,  но мајка  ѝ, госпоѓата, која очекува некаков принц да ја земе ќерка ѝ, не прифаќа дека тој "тип" ќе го земе нејзиното дете. Започнува да предизвикува илјади проблеми и тие стиrнуваат до нас духовниците.
- Што да правам, оче? Да ја послушам мајка ми, која не го сака тој кого јас го сакам? Или, да се земам со него и мајка ми да влезе во болницата со висок крвен притисок? А знаете, мајките одат во болница кога сакаат и креваат висок крвен притисок кога сакаат.
Каков е одговорот? Одоговорт е, дека ќе ислушаш што ќе ти каже мајка ти, ќе ја оставиш да ти каже се, многу сериозна ќе се сослушаш, ќе размислиш многу добро, еден, два, три, четирипати. Но, ако видиш дека изводите не ѝ се издржани - дали затоа што е дезинформирана или затоа што има високо мислење за тебе, или затоа што ти не можеш да го засакаш оној кого таа го сака, тогаш ќе ѝ објасниш дека таа работа, сакана мајка не ја бидува. Должна си да го направиш тоа кое совеста ти налага, од моментот во кој си на зрела возраст. Затоа што, тие работи имаат граници и почитта кон родителите не значи да се избрише човечката личност. Не може еден родител да ја уништи слободата на детето, слободата на личноста. Од моменrот во кој Бог ни ја дал слободата, ја признава и дури ти дава право да се одречеш од Него, независно од тоа што ќе си платиш за последиците. Но, го имаш тоа право. Така и ние треба да личиме на нашиот Небесен Отец и да оставиме нашето дете можност да не не послуша.
Ако детето е внатрешно избалансирано, тогаш тоа може да пројави трпение. Тоа е прашање на време, да поминат една, две, три години.Ако во се имаш добри односи со твоите родители, тоа може да повлијае правилно врз нив, за по еден долг период, да може тие да те разберат. Знам дека родителите често имаат
болни идеи и многу предрасуди, но што и да се случи, длабоко во нас, секогаш треба да ги оправдуваме, затоа што тие се придвижени од љубов. За жал, има и случаи кога Божјата волја влегува во судир со волјата на родителите. Тогаш не може да отстапиме, таму нема место за компромис. Затоа што, Бог е апсолутниот и најголемиот. Сите други нешта се пониски од Него. Многупати љубовта на децата кон родителите или на родителите кон децата била причина за вечна катастрофа, и на детето, и на родителите. Родителот може да се кара, да реаrира, да заплашува, преколнувајќи го детето да направи нешто спротивно на Божјата волја, но ќе дојде час кога се ќе заврши со победа на Бог во неговата душа.

Превел: Ѓорѓи  Думов

 

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Извор:

ПРЕМИН бр.151/152

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3127
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7600
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная