Свети Макариј Оптински: За смртта
Твоето дете Господ го зема крај Себе... затоа што Негова волја било да ја пресели во вечното блаженство во татква невина возраст. Ние не знаеме, а на Бога е познато она што уште не сме го направиле. Он знае каква ќе била таа кога ќе пораснела – или несреќна или било што друго. Затоа ја зел крај Себе. Затоа твојата молитва не била примена и исполнета, затоа што на премудрата Промисла Божја нејзе ѝ било заповедано сега да оди одовде. Зборовите од Светото Писмо кои ги наведе: колку повеќе вашиот Отец небесен



Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
„На 15 јануари 2006 година неочекувано силно ме заболе десното уво. Еден од моите познаници, кој многу го почитува Свети Лука, ми подари книга со неговото житие. Прво, што ми дојде во глава, е да се помолам на Светителот за да ми помогне, бидејќи во душата верував, дека тој е голем Светител. Јас ставив во увото малку памук, го помазав со масло од кандилото, и одозгора ја ставив иконата на Свети Лука и ја заврзав со шамија.
Некогаш, ако некој бил пореметен или пијан, се срамел да излезе на улица, затоа што ќе го презреле. Или, пак, некоја жена кoja скршнала од правиот пат, не смеела да излезе надвор. И тоа, на некој начин, била кочница.
Голема е тајната на Света Троица и неа не може да ја сфати човекот со својот мал и ограничен разум. За блажениот Августин се зборува дека за оваа христијанска тајна многу размислувал и се обидувал да ја сфати, ама попусто. Еден ден, шетајќи се по морското крајбрежје и размислувајќи, тој забележал едно дете кое си играло, така што собирало вода во школка и ја истурало во мала дупка ископана во песокот. Тој застанал и го прашал што работи.
Целиот живот на Црквата е чудо. Наоѓајќи се во лоното на Црквата, верните христијани, стануваат учесници во големите чуда. Тие живеат, постојано чувствувајќи го присувството Божјо. Тие се крштеваат во името на Света Троица и стануваат членови на Телото Христово. Тие се соединуваат со Телото и Крвта Христови во Светата Тајна Евхаристија и стануваат едно Тело и една Крв со Христа. Многу често во својот живот христијаните се сведоци на чудесното јавување на Божјата благодат.

А кога се оддалечени од Божјата благодат, до нив се доближуваат нечестивите сили и децата стануваат неподносливи, прават неугледни дела. А оние деца кои имаат почит и ги слушаат родителите, наставниците и возрасните, тие постојано ја примаат Божјата благодат и го имаат Божјиот благослов. Благодатта ги закрилува и ги заштитува. Големата љубов кон Бога заедно со големата почит кон повозрасните, привлекува голема Божја благодат во нивните души и ги облагодетува до таков степен, што тие стануваат забележливи за другите, поради божествениот блесок на благодатта.
Обрнете внимание на сѐ што изградил човекот – на куќите, на големите и малите згради, на градовите и селата... Обрнете внимание на луѓето и на нивната култура и цивилизација. Прашувајте, надградувајте го своето знаење за сѐ и сешто, не бидете рамнодушни. Тоа ви помага подлабоко да ги согледувате чудесата Божји.
Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека не се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!
“Ние Ја молиме Себлагата и Пренепорочна Мајка Божја, а Таа се моли за нас. Ние ја прославуваме Неа - Повозвишена од секоја слава, а Таа за нас самите подготвува вечна слава.
Кај подножјето на крстот обновете ја вашата вера во чудесниот и пречудесниот домострој на нашето спасение, оживејте ја надежта во вашето сопствено спасение, со силата на домостројот кој сте го примиле и кој се одвива преку она што од вас се бара; утврдете се во одлуката да одите во ...

Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..
Кога човек ја има Љубовта – Христос, дури и да е нем, ќе најде заеднички јазик со милијарди различни луѓе, од секоја возраст, макар и секоја од нив да си има свој засебен јазик на комуницирање. Стави еден до друг двајца луѓе кои не се сакаат и кажи им да седат молчејќи, и стави и други двајца кои имаат меѓусебна љубов и кажи им да седат и молчат. Како ќе се чувствуваат едните, а како другите? И првите молчат и вторите исто така.






















