Свети Порфириј Кавсокаливиски: Сѐ ни дава причина за благодарење и за молитва кон Господ на сѐ
Обрнете внимание на сѐ што изградил човекот – на куќите, на големите и малите згради, на градовите и селата... Обрнете внимание на луѓето и на нивната култура и цивилизација. Прашувајте, надградувајте го своето знаење за сѐ и сешто, не бидете рамнодушни. Тоа ви помага подлабоко да ги согледувате чудесата Божји.


Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека не се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!
“Ние Ја молиме Себлагата и Пренепорочна Мајка Божја, а Таа се моли за нас. Ние ја прославуваме Неа - Повозвишена од секоја слава, а Таа за нас самите подготвува вечна слава.
Кај подножјето на крстот обновете ја вашата вера во чудесниот и пречудесниот домострој на нашето спасение, оживејте ја надежта во вашето сопствено спасение, со силата на домостројот кој сте го примиле и кој се одвива преку она што од вас се бара; утврдете се во одлуката да одите во ...

Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..
Кога човек ја има Љубовта – Христос, дури и да е нем, ќе најде заеднички јазик со милијарди различни луѓе, од секоја возраст, макар и секоја од нив да си има свој засебен јазик на комуницирање. Стави еден до друг двајца луѓе кои не се сакаат и кажи им да седат молчејќи, и стави и други двајца кои имаат меѓусебна љубов и кажи им да седат и молчат. Како ќе се чувствуваат едните, а како другите? И првите молчат и вторите исто така.

Има ли подобро осигурување од надежта во Бога? Кога човек се надева во Бога постојано добива најдобро гориво и неговото духовно возило никогаш не застанува, постојано се движи. Биди внимателен колку што можеш, моли се и надевај се во Бога, и Он ќе ви помогне во секоја прилика. Поедностави го својот живот со целосна надеж во Бога, и ќе се ослободиш од теснотијата и несигурноста.
Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир.
И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.
Бог вели: Ти понудив оган и вода, живот и смрт, пружи ја твојата рака на тоа што сакаш (Кн. Мудрост Сир. 15:16-17). Демонот вели дека пружањето на рацете не е во твоја власт, туку дека зависи од некоја потреба и сила. Тебе ти се чини дека тоа што тој го кажува заслужува повеќе доверба, но не размислуваш за растојанието кое ги дели советниците, за тоа дека еден е Бог, а другиот е демон.
Освен кај кружната умна молитва, кај сите други молитви постои можност да се престорат во прелест (со текот на времето). Тогаш ќе ја загубиш едноставноста и ќе почнеш да мислиш дека си многу значаен и незаменлив. При умната молитва, пак, не предизвикува несигурност, ниту е придружена од прелест, бидејќи внатре во срцето, нерасеано Го повикуваш Името Христово чистејќи нè од темнината и водејќи нè кон светлината.
Потребно е ние секогаш да мислиме добро и да не се соблазнуваме лесно со недостатоците на другите луѓе, туку да гледаме на постапките на другите со снисходливост и љубов. Кога се умножуваат добрите помисли, тогаш душата на човекот се очистува и тој се однесува со почит и се смирува. Животот на таквиот човек станува рај. Во спротивен случај, човекот во сè се сомнева и неговиот живот се претвора во адско мачење. Тој самиот својот живот си го прави ад.























