Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (Ι дел)

Се молам Бог да те ослободи од депресијата која ти се прикрадува во душата, те тера да се чувствуваш чудно и да паѓаш со духот. Тоа се твои зборови, ти ми ги кажа, затоа и те разбирам. Го прочитав твоето писмо и ти го видов срцето, такво какво што ми го опиша и откри.










Не можам да го имитирам. Долго одекнуваше тој глас, беше еден крик: „Не сакам! Не сакам!“ Ѓаволот не сака да се покае. Секогаш кога ти велиш: „Не сакам да се променам, не сакам да си ја признам грешката, не сакам, бре, жити детето, остави ме на мира! Сакам да пијам, сакам да пушам, сакам да грешам, да развратувам, сакам, ми се допаѓа, убаво ми е, остави ме!“ – тоа е веќе алармантно.






























