логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Постои ли во Црквата дискриминација помеѓу половите?

✤✣✤

Рамноправноста на жените е современа тема која со особен замав започнува да се дискутира во пресрет на Меѓународниот ден на солидарност кон трудољубивите жени – во пракса познат како празник на жените што се одбележува на 8 – ми март. „Нарушување на правата на жените“ некои гледаат и во Православната Црква. Како што знаете, православната христијанка не може да биде свештеник, односно свештеничка, таа нема пристап во олтарот, во бракот е потчинета на мажот... да, тоа е навидум дискриминација. Но дали е така? Постои ли во Православната Црква дискриминација помеѓу половите? Каква е улогата на жената во Црквата? И што да им одговориме на неправославните и на оние коишто не веруваат во врска со прашањето за женско свештенство“.

Игумен Нектариј (Морозов)

„Кај мажот и жената се разликуваат улогите во животот“

-Поаѓајќи од тоа која е христијанката и што е Црквата, сметам дека дискриминацијата во Црквата во однос на полот како таква не постои. Да прашам: не се среќаваме ли ние понекогаш со луѓе коишто сметаат дека жената е битие, ако не од втор, тогаш не сосема од прв ред? Такви луѓе денес сѐ уште постојат. Безусловно, таквите ставови во поглед на полот никако не можат да се наречат христијански.

Кај мажот и жената делумно се разликуваат улогите во животот. Така, мажот не може да биде мајка. Мајка може да биде само жената. Но жената не може да биде свештеник – тоа може да биде само мажот. Зборува ли ова за дискриминација? Не. Тоа само ни зборува за различните замисли на Творецот во однос на мажот и жената. Но секој човек, и мажот и жената, се повикани кон достигнување на највозвишеното совршенство кое му е достапно на човекот. И во Царството Небесно, не само меѓу Светиите, туку и меѓу Небесните чинови, пребива Божјата Мајка – жена по раѓање и по природа, и Таа е највозвишена од сите.

Протоереј Сергиј Правдољубов

Во Црквата нема полова дискриминација. Жената има едно совршено восхитувачко и различно од мажот својство – мајчинство! Тоа е особено тешко за мажот да го достигне. Тоа е таква возвишеност каква што гледаме дека е невозможно до крај да се постигне. Св. Атанасиј Ковровски, свештеноисповедник, еднаш рекол: „Кога гледам млада мајка со детенце на рацете, во неа го гледам образот на Пресвета Богородица“. Друг свештеномаченик им напишал на своите деца од Соловки: „Бидете задоволни со тоа што го имате“. Мајка, сестра, жена – каква длабочина и благодат во овие зборови. И може ли општествено-административното учество во организацијата на црковниот живот да ги замени овие три богодадени служења? Зошто да бараме друго и да го занемаруваме она што веќе ни е дадено?

Во монаштвото нема голема разлика меѓу подвигот на мажот и на жената, особено ако се има на ум дека поголемиот дел од монасите во древноста немале свештенички чин, дури ни игумените на манастирите. И кога игумен Сава бил произведен во јерејски чин – тоа било толку необично, што тој засекогаш останал запаметен како „Сава Освештен“, за да се разликува од многу други игумени кои немале свештенички чин.

А печењето просфори, способноста вешто да шијат одежди, да пеат на певница и управуваат со хорот, да читаат на служба и мноштво други активности во устројувањето на црковното богослужение, вклучително дури и можноста со благослов на архиерејот да се влегува во олтар и подава кадилница на свештеникот – сето тоа ѝ е дадено на жената.

Затоа улогата на жената во црквата е многуобразна и многу полезна. Но само доколку безусловно се запазува душевна скрушеност, послушноста кон свештеникот и решителното отфрлање на природната желба за власт и раководење со сѐ и во сѐ.

Протоереј Максим Козлов

-Јас мислам дека во современиот црковен живот постои дискриминација во однос на мажите. Се шегувам. Кај нас, жените се занимаваат со клучни места во служењето, почнувајќи од централниот црковен апарат па сѐ до црковните медиуми. А да не зборувам за иконописците, регентите. Тука се уште и наставничките во Духовните школи, во Семинариите, и на нашите Универзитети.

Кога се зборува за дискриминација, прашањето се сведува главно на тоа дека кај нас нема женско свештенство. Да, женско свештенство нема и нема да има, затоа што за Православието, свештенството не е вид на административно служење и личен животен призив, туку тоа служење се поврзува со првосвештенството на Господ Исус Христос. А Второто Лице на Света Троица – Бог Словото – се воплотил, на начин непознат за нас, но познат на Советот на Света Троица, како Бог Син. Тоа е податок со кој Православната Црква секогаш се раководела, се раководи и ќе се раководи.

Протоереј Олег Стенјаев

„И мажот и жената се Божји созданија“

Дискриминација во однос на полот постои во самата човечката заедница. Има најразлични луѓе. Меѓу нив и делумно оцрковени, и оцрковени. Но да тврдиме дека во црковната идеологија има основи за дискриминација на жената не можеме, затоа што според новозаветното толкување, во Христа, мажите и жените имаат еднаков статус на Божји созданија. И во самото Библиско откровение се зборува за тоа дека Бог ги создаде мажот и жената според Својот образ и подобие. А една од претставничките на женскиот пол дури и се издигнала на неискажлива висина. Повисока од Ангелите, Архангелите, Херувимите, Серафимите! Тоа е Пресвета Дева Марија. И заедно со светите мажи ги почитуваме и светите жени. Ако отвориме православен календар, меѓу Светиите ќе најдеме и машки и женски имиња. Така што самата наша традиција не дава основа за дискриминација на жената на полова основа.

Протоереј Александар Кузин

-Жените мироносици се апостоли на апостолите, според изразот на Евангелистот Јован Богослов - што повеќе од тоа?!

Апостол Павле вели: „Жената да не поучува“, но тој исто така рекол дека со својот животен пример, со образот на благочестие, со благородниот изглед, таа го прави она што не може да го постигне силата на зборот.

И кој е поголем? – Оној кој ја достигнува целта. Каде е тука дискриминацијата?

Протоереј Павел Гумеров

Секако, во Црквата нема никаква дискриминација, затоа што самиот збор дискриминација е понижување на едните и возвишување на другите. Постојат само извесни улоги и особености на секој пол, којшто во нас ги засадил самиот Господ. Тие улоги и особености постојат во нас независно од тоа каде живееме и во која култура сме воспитани. Токму затоа, во принцип никакво едначење меѓу мажите и жените нема и не може да има.

А сега за улогата на жената во Црквата. Нејзината улога е совршено прекрасна уште од првите векови на Христијанството. Тоа е Ѓаконијата, односно социјалното служење, помагање на оние во неволја и беда; тоа е и оној не толку видлив удел, кога жените им служеле на Апостолите, на христијанските заедници со својата умешност и искуство. Во црковната уметност жените многу повеќе преуспеваат, и во пеењето, и во ракоделијата, и во сѐ друго угодно на Бога.

Затоа треба да напомнеме дека токму Христијанството ја ослободило жената и ја издигнало на дотогаш невидено достоинство. Кога Адам и Ева биле протерани од Рајот, Господ му рекол на Адам: „Проклета да е земјата од твојот труд“, а на Ева: „Мажот ќе ти биде господар“, затоа што жената ја злоупотребила својата слобода. Но тоа било до доаѓањето Христово. А со Христовото доаѓање започнала новата ера. Претходно, во историјата на целиот дохристијански свет, особено на Истокот, постоело понижување и ропска положба на жените. Тогаш кон жените се однесувале каде-каде полошо отколку кон домашните животни. Христијанството поинаку се однесува кон жените. Апостолот Петар вели: „И почитувајте ги како сонаследнички на благодатниот живот за да не се појави препрека во молитвите ваши“ (1. Птр. 3, 7).

Христијанството ја ослободило жената и денешната положба на жената слободно можеме да кажеме дека е резултат на тој уважувачки однос, којшто произлегол од христијанството.

Секој пол има свои права и обврски, тоа е совршено нормално и дури и самата светска власт не може жената во потполност да ја изедначи во улогите со мажот. Тоа е просто невозможно.

Протоереј Алексеј Умински

„Светоста подеднакво му е дарувана и на мажот, и на жената“

-Секако, жената не е рамноправна во Црквата во однос на мажот. Но може ли тоа да се нарече дискриминација? Можеби. Зборот „дискриминација“ претпоставува некакво понижување и искористување, манипулација на полова основа. Еве, како на пример, кога мажот и жената за една и иста работа добиваат различна плата – тоа е очигледна дискриминација. Или кога дисциплинскиот однос кон мажот и жената е различен – односно кога мажот може да има олеснување во постот, а додека од жената се бара поголем пост, посурови кон неа се барањата за исполнувањето на заповедите – ете, тогаш тоа би било дискриминација. Напротив, за жените постојат поголеми олеснувања за време на бременоста, доењето, и други околности. Така што од оваа гледна точка во Црквата не постои дискриминација. Но постојат различни права.

Забележително е што во мирјанските служби, во добротворната служба, во мајчинското служење, на жените им се даваат каде-каде поголеми права отколку на мажот. Исто и во служењето на мироносците. Тоа е еден од најомилените пасхални празници - Денот на жените мироносици. И во тоа се гледа огромниот залог и огромниот потенцијал на женското служење на Бога.

Дискриминација може да се нарече отсуството на женското свештенство во Православната Црква. Но тоа не треба да се сфаќа како дискриминација, бидејќи во тој случај како дискриминација би требало да се сфаќа и тоа што мажот не може да раѓа, а жената може. Затоа што свештеничката служба е служба на татковството. Жената има своја можност да Му служи на Бога и на луѓето. А на мажот, пак, му се дава поинаква можност на служење, од којашто се лишени жените. Овие различни служби се надополнуваат една со друга во заедничкиот стремеж кон спасение.

Ние можеме да зборуваме за различноста, за тоа што, општо земено, нас Бог нѐ создал различни во поглед на природата - мажи и жени, за едни на други да си служиме и едни со други да се надополнуваме. Но не може да стане збор за дискриминација.

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная