логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Викторијанска естетика

Викторијанска естетика
 Клајв Стејплс Луис Извадок од книгата „Едноставно Христијанство“

Нам ни е особено тешко да посакуваме целомудрие од три причини; не зборувам веќе за негово достигнување.

 Како прво, нашата повредена природа, демоните што нè искушуваат и целата пропаганда на похотта, обединувајќи се, ни внушуваат дека желбите на кои се противиме се толку природни, разумни, полезни, дека спротивставувањето ним е еден вид ненормалност, речиси извратување. Реклами по реклами, филмови по филмови, романи по романи склоноста кон сексуалните прекумерности ја поврзуваат со физичкото здравје, природноста, младоста, со отворениот и весел дух.

Таа паралела е лажлива. Како секоја силно активна лага, таа е смешана со вистина, за којашто говоревме: сексуалниот порив сам по себе (без прекумерности и извратувања) е нормален и здрав инстинкт. Лагата е во претпоставката, дека секој сексуален акт што го посакувате во секој момент е здрав и нормален. Дури и да го ставиме Христијанството на страна, од аспект на елементарната логика тоа нема смисла. Зашто допуштањето на сите желби води кон импотенција, болести, љубомори, лаги и сè она што воопшто е несогласно со здравјето, веселиот дух и отвореноста.

За да се достигне среќа дури и во овој свет, неопходно е колку што е можно повеќе воздржание. Затоа нема основа да се мисли дека секоја силна желба е природна и разумна. Секој цивилизиран човек кој здраво размислува треба да има некакви принципи, со чие раководство едни желби ќе остварува, а други ќе отфрла. Некој човек се раководи од христијански принципи, друг – од хигиенски, трет – од социјални. Сегашниов конфликт се случува не меѓу Христијанството и „природата“, туку меѓу христијанските принципи и принципите за контрола на „природата“. Зашто „природата“ (т.е. природните желби) на еден или друг начин ќе треба да се контролираат, доколку не сакаме да си го уништиме животот. Да, христијанските принципи се построги од другите. Но, самото Христијанство на верникот му помага да ги запазува нив, додека пазејќи ги другите принципи, вие нема да добиете никаква помош однадвор.

Кукла, напуштена фабрика за кукли

 Кукла, напуштена фабрика за кукли

Како второ, многумина ги плаши самата мисла за тоа, сериозно да го прифатат христијанското целомудрие, бидејќи мислат (уште пред да се обидат) дека тоа е невозможно. Но, што и да практикуваш не треба да размислуваш, дали тоа е возможно. Човекот не размислува над испитната задача, туку се обидува да стори сè што може (за да ја реши). Дури и најнесовршениот одговор некако ќе го оценат; но ако не се одговори на прашањето, нема да има ниту оцена. Не само на испити, но и во војна, на лизгалиште, на планина; кога учиме да пливаме или да возиме велосипед, дури и кога закопчуваме тесна јака со замрзнати прсти честопати го правиме она што изгледало невозможно, пред да се обидеме. Чудесно е на што сè сме способни, кога неопходноста ќе нè натера.

Можеме да бидеме уверени во тоа, дека совршеното целомудрие, како и совршеното милосрдие, не може да се достигне само со човечки усилби. Ќе треба да се побара Божјата помош. Дури потоа, откако ќе ја побараме, долго време можеби ќе ви изгледа дека не ја добивате таа помош или ја добивате многу малку. Не паѓајте со духот; секој пат кога ќе паднете, барајте прошка, соземете се и направете нов обид. Многу често Бог на почетокот не ја дава самата добродетел, туку сили за нови обиди. Колку и да е важна добродетелта на целомудрието (или храброста, или праведливоста, или кое било друго достоинство), самиот процес во нас развива такви душевни навики, коишто се уште поважни. Тој процес нè ослободува од илузиите и нè учи во сè да се потпираме на Бога. Се учиме на тоа, дека не можеме да се потпираме на самите себеси дури и во нашите најдобри моменти, дека при најужасните неуспеси не треба да очајуваме, бидејќи се простени. Единствена фатална грешка ќе биде да се помириме со тоа какви сме и да не се стремиме кон совршенство.

Како трето, луѓето често погрешно го разбираат она што во психологијата се нарекува „потиснување“. Психологијата учи дека „потиснатите сексуални инстинкти“ претставуваат сериозна опасност. Но, зборот „потиснат“ е технички термин. Тоа не значи „пренебрегнат“ или „отфрлен“. Потиснатата желба или мисла се отфрла во потсвеста (обично многу рано) и може да возникне во сознанието (свеста) само видоизменета што нема ни да се препознае. Потиснатите сексуални инстинкти можат да се пројават така, да немаат никаков однос со сексот. Кога момчето или возрасниот човек се спротивставува на некоја осознаена желба, тој во никаква мера не ја „потиснува“ неа. Напротив, оние што сериозно се обидуваат да го запазат целомудрието, подобро ја осознаваат сексуалната страна на својата природа и знаат за неа многу повеќе од другите. Тие ги знаат своите желби, како што Велингтон го познавал Наполеон или како што Шерлок Холмс го познавал Моријарти; тие се разбираат во нив, како ловџијата во ловот, водоводџијата во цевките. Добродетелта – макар и да не е достигната, туку само посакувана – донесува светлина; прекумерностите само го замаглуваат сознанието.

Толку многу говорев за сексот, но сакам јасно да разберете: центарот на христијанскиот морал не е овде. Ако некој мисли дека недостатокот на целомудрие христијаните го сметаат за најголемо зло, тој е заблуден. Телесните гревови се многу скверно нешто, но тие се најмалку сериозни од сите гревови. Најужасните и штетни задоволства се чисто духовни: тоа е задоволството да ги наведуваш другите на зло, да ја наметнуваш својата волја на други, да клеветиш, да мразиш, да се стремиш кон власт. Во мене живеат два принципа, кои соперничат со оној „внатрешен човек“, којшто сакам да бидам – животинскиот принцип и демонскиот. Вториот е многу полош. Еве зошто ладниот, самодоволен педант, кој редовно оди во црква е многу поблиску до адот, отколку проститутката. Но, секако, најдобро е да не се биде ниту едниот, ниту другиот.

Приредил: м-р Геогиј Глигоров



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная