логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 p.andreas-konanos

Архимандрит Андреј Конанос

✤✣✤

Покајанието – слатка тага на душата

(IVдел)

✤✣✤

Ќе дојде часот кога ќе се каеме за изгубеното време

✤✣✤

Колку неродени деца очекуваат насолзени очи од родителите, а солзите уште ги нема? Колку абортуси има, извршени само со еден потпис – докторите, договорите, документите, сѐ е само формалност. Си велиш, така прават многу луѓе, многу жени прават абортуси. Тие вршат убиство, а ти уште не си заплакал. Многупати кај мене доаѓаат жени и се исповедаат, а и мажи исто така, зашто и тие имаат одговорност за она што им се случило на жените, и не ни спомнуваат абортус. Прашуваш кротко:

-Да не сте направиле абортус некогаш? 

-Да, два пати.

-И тоа го кажувате туку така?

Ти, татко, спремен ли си да плачеш за двете деца кои не се веќе меѓу живите, но и да плачеш уште повеќе за живите мртви родители? Тука дури и не станува збор за тоа дека згрешиле, затоа што се луѓе, и јас би можел да го направам истото, и секој би можел да го направи во својата немоќ, од невнимание или од други причини. Но ниту една солза! Не тагуваш ли за тоа што си го направил? Не го осознаваш ли? Не разбираш ли дека за тоа треба да дадеш нешто? На кого? Не на мене, не на Бога, туку на тие души, на тие деца кои никогаш не се порадувале на овој свет, не поживеале. И пари да немаше, барем ќе просеа во метрото. Но ти никого не праша за судбината на тоа дете. Ти не ги уби за да не врват лошо во животот, туку, просто, сам си ја донесе одлуката. Просто, уште веднаш се претвори во бог и рече: „Јас ќе решам што ќе биде, јас ќе си го определам животот, јас ќе кажам дали ќе живеат или не!“

Уште не си сфатил дека твоето его те уништило и не си заплакал поради тоа. Си направил абортус или сакаш да направиш, а не си ја разбрал грешката и не си пролеал ниту една покајна солза од твоите очи. Зарем не е страшно тоа? Каде е покајанието? Нема покајание. Колку илјади абортуси се вршат во нашата земја? Приближно 350 – 400 илјади годишно, според официјалната статистика, бројка којашто се регистрира во документите и во болниците, а уште колку други што се прават скришно, што не се објавуваат од разни причини – семејни, или поради авторитетот, поради имиџот во семејството, во светот, во општеството. Дали било кое од тие семејства пролеало барем една солза? Не сум срцезналец, ниту ги судам, ниту ги обвинувам, туку едноставно објаснувам дека земјата на срцето ни жеднее по солзи, затоа што е многу сува, земјата на нашата планета бара солзи, бидејќи пресушила. Ние сме грешни, но немаме покајание и тоа е нашата трагедија, а имено живееме во една гревовна епоха. Сите епохи биле гревовни, но денешната епоха во голема мера е без покајание, жестока, непријателска, надмена пред Бога. Тоа е една револуција, бунт против Бога и дрскост, што е најтрагичното. Трагичното е не тоа што правиме гревови, туку тоа што сме дрски и го претвораме гревот во начин на живот. Наместо да признаеме и да кажеме: „Господи, прости ми, Те молиме за Твојата помош, за да излеземе од калта!“, ние велиме: „Добро правам, така прават сите, така си сакам. Така ќе си правам!“

Тоа веќе не е човечко. Тоа е сатанско. Така сакам, така ми се допаѓа, нема да се сменам – тоа мислење е сатанско. Ова го слушнав не од Старци, ниту од книги, да ви кажам ли? Од самиот ѓавол го слушнав ова – не сум го видел ѓаволот во животот лично но сетете се кога ви раскажував како еднаш случајно присуствував на едно истерување на нечист дух. Тогаш сето тоа траеше 30 минути, слушнав толку многу работи, и особено многу се замислив. Во еден момент свештеникот го праша нечистиот дух:

-Кој е посилен? Ти знаеш зошто те прашувам, затоа што посилниот е Христос, а не ти. Прифати! Така ли е?

-Не ти кажувам!

-Кој е посилен, ти или Господ?

-Не ти кажувам!

И најпосле свештеникот му рече:

-Те заколнувам во името на Господа да ми кажеш!

И искушувачот му одговори:

-Па кога знаеш дека Назареецот е посилен од мене, зошто ме прашуваш?

Свештеникот одговори:

За ти да го кажеш тоа!

Тоа го слушнав со сопствените уши, не само јас туку многу луѓе, и тоа образовани. Со други зборови, не е ова некаков фолклор, па да речеш „во ова само бабите можат да веруваат“. Имаше дури и еден новинар, видов дека држеше диктафон и запишуваше, не знам што сакаше, ќе правеше ли репортажа, не знам. Свештеникот продолжи:

-Знаеш ли дека доколку се покаеш Бог ќе те прими одново? Пак ќе те прими, како светол ангел, пак ќе те прими во Својата близина, го знаеш ли тоа? Како Свое возљубено блудно чедо кое се враќа. Знаеш ли дека ќе те прими во Своите прегратки ако се покаеш?

Искушувачот одговори:

-Знам. Го знам и тоа.

Свештеникот му рече:

-Па тогаш, безумнику, зошто не се покаеш? Глупав си што не се покајуваш.

Низ целиот храм се слушна еден крик од којшто сите луѓе се скаменија, зашто беше еден див глас, силен, но и многу сигурен и уверен, којшто рече: 

-Затоа што НЕ САКАМ!

Не можам да го имитирам. Долго одекнуваше тој глас, беше еден крик: „Не сакам! Не сакам!“ Ѓаволот не сака да се покае. Секогаш кога ти велиш: „Не сакам да се променам, не сакам да си ја признам грешката, не сакам, бре, жити детето, остави ме на мира! Сакам да пијам, сакам да пушам, сакам да грешам, да развратувам, сакам, ми се допаѓа, убаво ми е, остави ме!“ – тоа е веќе алармантно.

Да кажеше дека грешиш, бидејќи си човек, бидејќи и јас грешам, бидејќи сите прават гревови, само Господ е безгрешен, оти нели „никој не е без грев“. Сите сме грешни, но барем пред Тебе Единиот згрешивме, но и Тебе Единиот Ти припаѓаме. Не престанувам да грешам, но пак доаѓам кај Тебе, паѓам пред Твоите нозе, ја просам Твојата милост, Ти велам дека згрешив и Ти пак ме примаш. Тоа е разликата меѓу оној што се кае и непокајаниот. Оној што се кае греши, но се покајува. Но непокајаниот којшто греши, тврдоглав е, прави грев и задоволен е од тоа. Прави грев и се радува, го негува, го развива, го утврдува во себеси и во своето срце го доживува адот  и сатанската атмосфера уште сега во овој живот. Нема потреба да прашаш каде ќе одиш, нема потреба да прашаш дали ќе одиш во рајот или во адот. Уште сега го чувствуваш рајот или адот. Покајаниот уште сега го чувствува рајот, плаче, се согласува дека е виновен, но се радува, зашто ја гледа Христовата прегратка, го гледа прстенот што му го дава Небесниот Отец, царскиот прстен, прстенот на посиновувањето, новата облека и Он му вели:

-Чедо, те сакам!

-Грешен сум.

-Те сакам!

И велиш:

-Христе мој, каква е таа радост што ми ја даваш! Грешен сум и ме љубиш? Како ме љубиш со тој грев којшто одвраќа?

А Господ ти вели:

-Не те сакам заради тоа што си го направил, те сакам поради тоа што сега ми го даваш. Поради твоето срце што ми го даваш одново, што повторно се враќаш при Мене, што ми подаваш рака, што ме љубиш одново – тоа го сакам! Твоето враќање!

(Продолжува)

 Извор: Бигорски манастир

 

Друго: 

 

27-м декември, лето Господово 2015

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2683
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная