логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



✤✣✤

Бог нема да нѐ остави

(I дел)

✤✣✤

Живеј го твојот копнеж, не се помирувај, не отстапувај, не се откажувај од своите мечти. Сакаме да постигнеме убави нешта, но доаѓа животот, нѐ разочарува и ни вели „заборави на тоа!“ Во нашата вера, пак, Бог ти вели: „Не се разочарувај, не потклекнувај, не губи храброст и не паѓај  во депресија!“

Проблемите во животот ни даваат особено поволни можности да си ги разбереме нашите сопствени сили и таланти. Кога учителот му дава на детето тешка задача, ти не одиш да се буниш, ниту да спориш со него и да му велиш: „Зошто, учителе, му даде на моето дете толку тешка задача?“ Напротив му велиш: „Ти благодарам!“, бидејќи сметаш дека детето е способно и надарено со таланти кои треба да ги развие. За да напредуваш, треба да минеш низ тешкотии. Поинаку не може. Сите ние криеме во себе душа која има големи Божји дарбини, криеме во себе многу голема убавина. Кога се крстивме, Бог го втисна во нашите души својот печат, ние сме многу вредни за Него, многу убави, сите души се прекрасни пред Бога. Длабоко во нашите души има големо спокојство, мир, тишина. Длабоко во душата, таму каде што е срцевината, каде што Бог влезе кога се крстивме. А знаете ли каде сите чувствуваме немир? Во умот. Сѐ е во нашите помисли. Тие се способни да нè излудат, да нè остават без сон, дури и да нè натераат да одиме од еден пластичен хирург на друг, само за да бидеме поубави, зашто сме си намислиле дека не сме убави. Помислата е во умот, душата нема проблем, таа го има на себе Божјиот печат и е спокојна. Она што го бараме во Црквата е да ја почувствуваме убавината на нашата душа и да го живееме нашиот копнеж, да не го примаме тоа што нашиот ум ни го кажува за разочарувањето, за неуспехот, за тоа дека нема да успеам во животот и нема да напредувам. Сето тоа го прават нашите помисли. Во животот многу пати сум се измачувал од стравови, мисли, несигурност за иднината, за сегашноста, за сѐ сум се плашел, и речиси ништо од тоа од кое сум се плашел во реалност не се оствари. Сѐ ми беше само во умот.

Она што најмногу те мачи е твојот ум, а не твојата реалност. Реалноста можеби и не е пријатна, но нашиот ум ја прави уште понепријатна. Навистина тоа што немаш работа е проблем. Некој ми рече: „Оче, па зарем си замислувам? Немам пари! Тоа не е фантазија. Немам пари, џебот ми е празен. Немам лоши помисли, но немам пари! Немам работа, ме отпуштија!“ Јас му одговорив дека проблемот се зголемува поради начинот на којшто ги гледаш твоите помисли.

Мачениците умирале и се соочувале со смртта, но не се плашеле од неа, туку гледале на неа со надеж. Не велам дека нема проблеми, дека не постојат тешкотии, но огромно значење тука има твојата душевност, твојата желба, духовност, како гледаш на проблемите со кои се соочуваш, со каква сила и храброст ги примаш – дали ги гледаш како прилика да се осветиш, да ги разбереш твоите дарови, добродетели, да се бориш или напротив, ќе се свиткаш, ќе пропаднеш, ќе појдеш на лекар и ќе му речеш: „Докторе, ми требаат лекарства за да заспијам, не можам да издржам, очајувам, сакам да се самоубијам!“ А зошто да го кажеш тоа? Христос ти вели вака: „Гледај го животот на друг начин.“ Бог нема да те остави, живеј го својот копнеж, не очајувај! Сѐ е можно. Сѐ е можно за оној кој верува. Ако имаш вера, ќе доживееш многу вредни нешта во себе. Светот околу тебе може пропаѓа, проблеми секогаш постојат и ќе постојат, но надворешна сигурност не постои, сигурноста е единствено внатре во нас. Ништо надвор не е сигурно. Ќе нѐ удри автомобил и сѐ ќе заврши. Важно е како внатрешно ги сфаќаме проблемите. Сум видел  парализирани луѓе кои се среќни, и сум гледал луѓе кои имаат сѐ, но се несреќни и депресивни. Каде твојата душа ја бара среќата? Во предметите, во луѓето, во облеката, во надворешниот изглед? Тие работи се менуваат, не се сигурни за да можеш да се потпреш на нив. Барај ја сигурноста во убавината на твојата душа и во љубовта на Бога Кој многу те сака. Тоа е нашата потпора, ако не се потпреш на неа, секогаш кога во животот ќе минуваш низ потреси ќе чувствуваш несигурност. „Ме напушти човекот што го сакав и сега сум спремна дури и да се самоубијам. Без него за мене нема живот!„ Ја прашав зошто? „Ама не можам да живеам без него?“ Јас ја прашав: „А како останатите 6 милијарди луѓе на планетата земја можат да живеат без него?“ „Но тој за мене е мојот живот! Јас за него живеев, на него мислев, тој ми беше сѐ во животот“. „Е затоа ти се случи ова“, ѝ реков. „Значи, не треба да сакам? Да не се вљубувам, да не создавам семејство?“ Прави го сето тоа, но не и да си ја оддаваш душата до толкав степен што дури и да се разболиш, односно, твојата среќа не треба да се потпира само на таа состојба, само на еден човек кој денес е тука, а утре го нема. Твојот живот не завршува со него, туку продолжува, и Бог дава нови можности и понатаму те очекува нешто подобро. Ете тука е величината, да не го оставаш умот да ги прими црнилата, разочарувањата, туку секогаш да живееш со надеж. Ќе дојде нешто подобро во твојот живот, и тоа е сигурно, оти Сам Христос ни го вети тоа. Колку пари треба да имаш во банка за да бидеш среќен? Колку? Познавам луѓе кои немаат пари во банка, но се радосни. Познавам и луѓе кои имаат многу пари, а постојано чувствуваат несигурност, страв. Што ќе се случи со берзата, со цените, со сите проблеми во економијата - и постојано ги мачи немир. Парите нема да те направат среќен. Парите се потребни, и добро е да ги имаме, да ги имаме сите Божји богатства, но не и да се потпираме на нив. Кога немаш, велиш: „Ех да имав!“ И им завидуваш на оние што имаат, и чувствуваш горчина и немир во душата, сакајќи да ги достигнеш. И кога ќе го придобиеш тоа на кое што си завидувал, тогаш се вознемируваш и мачиш, плашејќи се да не ти избега, да не случајно го изгубиш неповратно или пак може и да имаш грижа на совест, затоа што не си го стекнал тоа на добар начин и со добра цел. Сето ова има врска со квалитетот на нашите побуди. Старец Пајсиј вели дека колку повеќе нешта имаш, толку потешко ти е да бидеш среќен, бидејќи ако имаш еден автомобил, имаш и стрес, имаш ли две коли, имаш двојно поголем стрес, а ако имаш и уште две куќи и една вила, тогаш цело време ќе си под стрес. Колку повеќе имаш, толку повеќе ќе те мачи немир, доколку се потпираш само на тие нешта. На учи се да се потпираш не на она што го имаш, туку на тоа што си.

Парите минуваат и си одат и не му даваат вистинска среќа и радост на човекот. Има луѓе кои постигнале големи нешта во животот, иако поминале низ многу неискажливи пречки. Појдете на интернет и ќе видете такви случаи, на пр. луѓе без раце, на youtube можеш да видиш како мајка си го храни детето со нозе, друг некој пак црта слика со уста, бидејќи немаат раце. Пред некој ден ми испратија таков сличен клип од човек кој нема ниту раце,ниту нозе (Ник Вуичиќ). Тој оди по училиштата и им зборува на децата, тие му се восхитуваат, а тој им дарува надеж и копнеж – замислете, тоа е некој кој не може сам ни да се сврти на другата страна кога спие, ниту да се преоблече, ни да оди. И ете тие луѓе можеле да стигнат високо, а ти не можеш? Кој од вас се нашол во таква состојба? Иако кога ќе не обзеде горчина, роптање и самосожалување, сите доаѓаме до состојба на очај, со чувство на мала вредност – но да видиш млад човек, силен, надарен, способен, а  да ти вели: „Нема да успеам во животот!“  Ќе успееш! Зошто толку силно веруваш дека нема да успееш? Зошто го велиш тоа секој ден? Ги отвораш очите, и наместо да кажеш: „ Слава на Бога! Денес ќе се борам за со Божја помош да постигнам нешто!“, ти велиш: „Каков ден, денес, што ќе правам денес? Како ли ќе ми помине денот, пак нешто лошо ќе ми се случи!“ И бидејќи го велиш ова, и бидејќи си поверувал во тоа, и бидејќи не се надеваш и не го живееш твојот копнеж што Христос го внел во твојата душа, секако дека ќе поминеш лошо. Ти сам си ја предизвикуваш неволјата.

Голема среќа е во животот да го имаш тоа што го сакаш. Убаво е. Има некои, кои, што и да посакаат можат да го добијат. Дури и меѓу нас. Прават добри работи. Бог им дал дарбини, им дал богатство, имот, без разлика дали со нивен сопствен труд или од наследство, од нивните роднини. И сакаш ли да патуваш - можеш, сакаш ли утре да си купиш нова кола - нема проблем, сакаш некаде да појдеш - и одиш. Среќа е, велат, да го имаш тоа што го сакаш. Блажени се тие што се такви, но има и една друга среќа - да си среќен со тоа што го имаш. Колку имаш - имаш малку? Среќен сум. Имаш многу? Пак сум среќен. Но сум спокоен. Кога ќе поздравам и ќе прашам некој друг човек: „Како си?“, а тој вели: „Слава на Бога! Многу добро!“, јас многу се радувам што го слушам, бидејќи тој не ја излева од себе горчината, туку надежта. „Како што знаете, одам со жена ми на лекар, се враќам, ја водам нашата борба!“ Жената е болна, но мажот го живее својот копнеж и не очајува. На неговото лице не се гледа меланхолија, туку надеж – што значи среќа.

Ако нештата не се такви какви што сакаш, обиди се да ги промениш, не плачи, туку промени го тоа што не ти се допаѓа. Не ти се допаѓа работата? Направи ја поубава, ако може. Не ти се допаѓа колегата? Наведи го преку твојот карактер и разговор да го промени своето однесување, разговарајте, расчистете си ги односите! „Не може, оче, тој не се менува!“ Ако не се менува, тогаш ќе се научиш да се помириш со тоа. Еден светија така почнал да се моли на Господа, многумина започнуваат од голем стрес, од уморот на душата, од очајанието. Една жена живее со мажот, но е многу повлечена, не разговара со него за да промени нешто, ниту тој со неа, и таа, трпејќи го тоа, се разболува. Таа готви, чисти, пегла, но не вели ништо за да се промени нејзиниот живот. Уште колку ќе може така? Поминале години. Од која возраст се во брак? „Од 18 години“ – ми вели една жена – „но чувствувам дека сѐ уште не сме соединети“. „И како издржуваш?“ „Не издржувам, се повлекувам“. Ако се повлекуваш тоа не е живот“. Ние не живееме за да се повлекуваме, не живееме за да кажуваме едноставно: „Што да правам, животот така ми врви... Како ќе издржам?“ И најпосле еден ден да умреме без да се порадуваме за нешто. Направи нешто за да се зарадуваш во животот.

Извор: Бигорски манастир

Продолжува



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная