О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)
Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува како дома. Но, душата е таа која е странец во овој свет, таа во овој свет се чувствува како патник во туѓина и знае дека нема со што да се нахрани и напои.


Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт прeмнoгу гo стoплил.Искуснитe духoвници ни oставилe свeдoштвo дeка самo имeтo Исус, кoe на вeрнитe им дoнeсува сила, радoст и oсвeжувањe, ги гoри лoшитe духoви какo жив oган. Така e сo сeкoe Бoжјo слoвo.
Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг кога Бог и Отецот од преголема љубов кон нас го испрати Својот Единороден Син, Кој заради нас стана Човек, и затоа никој веќе неможе да ги изговори овие зборови на раслабениот: „Немам човек".
Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го слушаат својот духовен отец; а оние кои се во подвиг на просветлување на својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва, се во соодветно прилагодено послушание кон Црквата, кон Епископот на локалната Црква, односно кон јасно познатата Божја Волја.
Стравот Божји ни дава сила и смелост пред Бога и во Бога. Со истата таа сила апостолите, бестрашно и со цврста вера чекореа по разбрануваното море на овој свет и го пороповедаа Евангелието по сите краишта и мередијани. Со истата сила и ние им преодолеваме на стихиите и бедоносните бранови на животот, трудејќи се да Му бидеме верни на Христа и носејќи го својот крст да не потонеме во погубните длабочини на гревот и злобата.
Апoстoлoт кoј гo пишува oва имал свeтска учeнoст, имал бoгатствo и пријатeли, имал
„Градењето на храмови во коишто ќе се слави верата во Триединиот Бог, е богоугодно дело што заслужува пофалба во овој, но и во векот што доаѓа. Но, вистински светото градење на храмови започнува внатре во нас, во соградувањето на свештениот олтар на нашето срце.
И да запаметиме: Бог е толку добар, што сите ние, и свештеници и лаици, и верници и неверници, имаме многу повеќе дарови Божји одошто „заслужуваме“, и во „квантитет“ и во „квалитет“; за да може овој свет, колку-толку, нормално да живее. Тешко нам, ако Бог ни судеше според нашите дела. И жално, што ова не можеме да го видиме, а истовремено и не веруваме.
Секој еден христијанин кој ќе ја дознае и разбере класификацијата на душевните разболувања според нивните степени, како и класификацијата на степените на духовниот развој; и кој ќе ги разликува, барем теоретски, одредниците на границите меѓу степените на душевното разболување, како и меѓу степените на духовниот развој; таквиот, не може а да не сфати, колку е битно да си ја знае состојбата и колку е битен подвигот на восогласување
Многубројните деструктивни поделби меѓу православните, во рамките на една и иста Православна Црква, се индикатор на различни психопатолошки состојби. Поделбите се, самите по себе, дијагноза. Исто така, и социјалните мрежи се идеална платформа за експлицитно
Ако е разврската лесно предвидлива, тогаш зошто така лесно се прифаќаат и се преценуваат повеќето од овие несуштински поделби, што е во корист само на ѓаволот, и зошто се заборава дека тие што ги потхрануваат (на штета на единството на Црквата) се профилираат во негови слуги?
Што беше, беше, и што се кажа се кажа, или се направи, сега останува смирено и со трпение да земеме учество во крстот Христов Кој претрпи за нас страдања и крсна смрт, за да земеме учество во радоста на Неговото Воскресение што ни отвори пат и за наше воскресение. Ако не покажеме смиреност и трпение, и воскресенска радост ништо од нашиот подвиг. Да не заборавиме дека христијаните ја преобразија Римската империја не со сила и бунт,
Избирајќи Го и посветувајќи Му се со љубов на Господ Христос, ние влегуваме во судир меѓу безверието и верата, меѓу стравот и храброста, меѓу схоластицизмот и духовноста, меѓу учењето за создадените и несоздадените Божествени енергии, меѓу рационализмот и опитот, меѓу Варлаам и Григориј Палама, меѓу царството земно и Царството Небесно, меѓу предавството и лојалноста.
3. И му рече Господ на Јакова: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!”
Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански идентитет – го зајакнува својот национален идентитет.
Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така некаде е напишано, или пропишано; дека ова е забрането, а она дозволено; дека едно смее, а друго несмее; или дека ова е според едно правило, а она според друго, - туку едноставно заради нашата љубов кон Бога.
Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас, со љубов го промислува процесот на нашето очистување. Затоа, главниот фокус не треба да ни биде на страдањето како такво, туку на нашиот личносен однос со Богочовекот Христос.























