логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Божествена Литургија во Ново Село (15.12.2019 21:59)

Денес, на празникот на светиот пророк Авакум и светата маченичка Миропија, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 7.Vselenski.sobor

Средба со бесмртниот Бог

 7.Vselenski.sobor

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Камо да немаше потреба да зборуваме, денес, за ова безумство човечко, за коешто зборува Христос во денешното евангелско четиво (види: Лука 12, 16–21). Но, за жал, постојат такви моменти и такви луѓе, кои Бог Го препознаваат како Оној Кој ги расипува нивните планови, Кој го „упропастува“ нивниот живот, и не Го гледаат како добар и благ, како љубовен и сострадален Бог. И во денешното евангелско четиво гледаме човек чии планови, желби и волја се апсолутно спротивни на Божјата волја и промисла за него самиот. А сето тоа е затоа што живеел како Бог да не постои. И денес, при очигледното доаѓање на својата смрт, во агонијата на неизлечивите болести, многумина Бог Го доживуваат како неправеден, брутален и суров. Зошто!? Затоа што сè уште не сме се одрекле од својата огревовена волја и поради тоа што не ја бараме и не живееме во добрата волја Божја, во благоволението Божјо, и за овој свет, и за нас самите.

Вчера, на Вечерната богослужба во Струмица, зборував за тоа како Воскресната вечерна, а потоа Воскресната утрена и неделата како ден, се оска околу кои се движи целокупниот наш живот во текот на целата седмица. И содржината на стихирите, песните што ги пееме, нè повикува надвор од темнината на овој свет, кон светлината на Христовото Воскресение, велејќи ни: „Излезете, верни, во воскресение“. Нашиот живот станува движење и стремеж кон „Единствениот Кој објави во светот Воскресение“ од мртвите, и победа над смртта.

Не е Бог Тој што ги расипува нашите планови, но едноставно, таква е природата на нештата во овој паднат свет. Сè што сме засакале, сè што љубиме во овој свет, сè за што сме се врзале во овој свет нема перспектива во вечноста и осудено е на пропаст. Единствено нашата душа е бесмртна, доколку пребива во љубовна заедница со Бог. Таа нема да умре дури и да не Го љуби Бог, но таквиот „живот“ Светите отци го нарекуваат вечна смрт. Животот поминува, а ние, наместо да се богатиме во Бог, стекнувајќи ги даровите на Светиот Дух, предмет на нашата љубов стануваат трулежните нешта од овој свет наспроти бесмртниот Бог. Смртта е нашиот најголем непријател и непремостлива трагедија, која не можеме да ја надминеме надвор од Христос и без Христос. Така и ние, кои Бог нè повикал и нè осветлил со светлината на славното Воскресение на Неговиот Син, во многу нешта наликуваме на овој кутар човек од евангелското четиво.

Ве молам, да не се залажуваме дека ако веќе не сме се острастиле за некои земни нешта и неразумно не собираме материјално богатство, дека тоа и само тоа нè прави помалку безумни од овој несреќник. Не сме различни, затоа што сите ние градиме планови и илузии за тоа во која насока треба да се движи нашиот живот, а згора на тоа, ги планираме и туѓите животи. Можеби некој нема никакво материјално богатство, а некои и од тоа што го имале некогаш доброволно се одрекле, но ако својот паднат ум, својот егоизам, суетата, гордоста, високото мислење за себе, славата, власта и честа од овој свет ги прегрнал како свое најголемо богатство, тој не е ништо подобар од овој човек. И неговата душа во часот на смртта ќе го доживее истиот смут, бидејќи ништо од ова нема да ѝ користи во вечноста. Луѓето понекогаш можеме, но Бог не можеме да Го измамиме. Таман кога човек ќе помисли дека сè добро испланирал и сосема „заслужено“ му останува уште да ужива во плодот на својот труд, велејќи си: „јади, пиј и весели се“, најчесто тогаш доаѓа смртта.

Колку е безумно и неразумно да си го каже ова на самиот себе еден смртен човек, над чија глава непрестајно виси мечот на смртта, а не го знае ни мигот, ни часот во кој не само сè што стекнал и сè што имал во овој свет ќе мора да го остави, туку, сакал или не, ќе мора да го напушти и своето сопствено тело, за кое неуморно се грижи дење и ноќе да му угоди.

Слушајте што вели Бог: „Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја, тоа што си го приготвил, кому ќе му остане?“ Затоа и спомнав на почетокот: ако така неразумно се држиме, Бог, во часот на нашата смрт ќе Го доживееме како уривач и расипувач на нашите планови, па дури и како непријател на нашиот живот. Сум го видел тоа со свои очи, и сум го слушнал со свои уши многупати кога сум бил повикан да причестам и исповедам луѓе на смртна постела, а кои целиот свој живот го поминале далеку од Црквата и Светите Тајни, далеку од Бог. Верувајте ми, никој не би посакал таква смрт за себе. Тоа е краен очај и крајна агонија, пекол пред пеколот. Сè што имало вредност и смисла за нив е во овој живот, кој сега исчезнува и неповратно го губат. Не велам дека тоа се атеисти, односно луѓе што го негирале Божјото постоење. Не, често тоа се луѓе што велат дека веруваат во Бог, кои одат на Божик и Велигден во црква да запалат свеќа. Но ете, сепак, Бог за нив е апстрактен поим. Тие луѓе најчесто никогаш не погледнале искрено во себе, никогаш не воздивнале нивните души и не рекле: „Господи помилуј!“ Во ниту еден миг не помислиле на сиромашните и на оние што страдаат во овој свет, да дадат барем нешто од своето богатство, во ниту еден миг не помислиле дека сè што имаат е Божји дар, туку самоуверено тврдат дека тоа е плод на нивниот труд, на нивната неуморна работа, за разлика од другите, кои се неснаодливи, мрзливи итн., а тие целиот живот го поминале работејќи.

И, како сакате таа душа, која е во таква состојба, да гледа на Бог!? Во тие мигови разбира дека најдлабоко и највистински е измамена. Нема ништо пострашно од тоа да сфатиш, и тоа на крајот, дека целиот твој живот е измама и илузија. Си се стремел кон нешто што нема смисла, а најстрашно од сè е што добар дел од тие луѓе Го гледаат Бог како непријател.

А, зошто е тоа така!? Бог не ги расипува нашите планови. Бог ги исполнува и ги услишува нашите молитви, желби и намери само ако се добри, и ако се во слава Божја и за доброто на луѓето. А, сè што е добро, од Него произлегува, и ние без Него не можеме да направиме ништо добро. Ако сакаме да изговориме дефиниција за тоа што е добро, тогаш таа би гласела дека добро е сето она што е во согласност со Божјата волја. Затоа, Светите отци ништо друго не барале, ништо не им било толку важно колку тоа да ја познаат волјата Божја, односно дали тоа што го прават е според Божјата волја.

Ако внимателно слушавте кога се читаше Апостолот, свети Павле вели: „Живејте како деца на Светлината... и испитувајте сѐ што Му е на Бог угодно“ (види: Ефес. 5, 8–10). Оној човек што живее така и постапува така како што Му е на Бог угодно, тогаш волјата Божја и Божјите планови стануваат негови лични планови, а тој, на крајот од својот живот не е губитник, туку победник. Бог не му е непријател, туку најголем пријател. Божјата волја е и негова сопствена волја. Гледате зошто во молитвата „Оче наш“ велиме: „Да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата“.

Така, нашиот живот, нашата огревовена волја треба да се покори на Божествената волја и промисла. Нашите прародители само во еден миг излегоа од послушание и ја пројавија својата волја спротивна на Божјата, и ете каде нѐ однесе тоа. Не мора да значи дека Божјата волја е секогаш тоа што нам ни изгледа фино и убаво, па макар и навистина да наликува на добро. Затоа ни е неопходен духовниот отец во нашиот живот, оти ние не знаеме каква е Божјата волја, туку ние само треба да бидеме послушни, и со нашето послушание покажуваме пред Бог дека сме подготвени да се одречеме од својата огревовена волја и да ги прифатиме Божествената волја и промисла во нашиот живот. Тогаш, поради нашето послушание, во сето она што духовниот отец нѐ советува и упатува ќе ни се открие Божјата волја. Светото Писмо вели: „Бог им се противи на гордите, а на смирените им дава благодат“ (Јаков 4, 6). А ние не можеме да покажеме смирение со ништо друго подобро отколку со послушание.

Светите угодници Божји и од најдобрите дела и од најдобрите намери знаеле да се одречат, ако увиделе дека не е Божја волја. Спомнете си за свети Никола, кој сакал да замине во пустина, но Бог му рекол: „Никола, оди си одовде и врати се во светот меѓу луѓето, пустината не е нивата каде што сакам да ми принесеш плодови“. Подвигот во пустина заради Бог, кој на многумина им донел бестрастие и совршенство, за некој друг се покажува дека не Му е угоден на Бог, и дека Божјата волја е поинаква. Но, ретки се луѓето и христијаните како свети Никола, кои отворено и сигурно знаат што е Божја волја, и кои како Мојсеј на Синај, лице во лице, зборуваат со Бог. Сите ние, кои сме далеку од таква просветленост на умот, треба да го слушаме својот духовен отец.

Затоа, многу е важно за сите вас што живеете во брак да се одрекувате од својата сопствена волја и да ја претпочитате волјата на другиот кога ќе има препирка, а препирките најчесто се за безначајни работи, знаете и самите. Откажи се од својата волја, нека биде волјата на другиот, сеедно дали на жената или на мажот (секогаш се смирува подуховниот и оној што љуби повеќе). Кажи: „Нека биде ти како што сакаш“, и тогаш ќе добиеш благодат, и тогаш, иако можеби греши другиот, Бог ќе направи, поради твоето смирение и послушание, таа одлука да се одрази добро за целото семејство. А, човек што се препира и расправа и инсистира на својата волја и на своите желби, тој не е ништо друго туку горд. Затоа, никогаш не губиме ако сме послушни, туку секогаш сме победници, бидејќи оставаме простор за Божјата волја. Таква е чудотворната сила на послушанието.

Истото се однесува и на односот на децата со родителите, особено во тинејџерските денови. Повеќето родители живеат во таа сигурност, да не речам прелест, дека секогаш знаат што е најдобро за децата. За жал, многу често грешат, но тоа не им дава право на децата да бидат непослушни. Оти, зад бунтовноста и непослушноста секогаш се крие гордоста, која може да расте до демонски размери ако ѝ се остави простор. А ете, зад таа сигурност на родителите дека секогаш знаат што е најдобро за детето, иако често грешат, сепак, се крие родителската љубов и загриженост. Затоа, ако децата барем аскетски се трудат да не го повишуваат тонот пред родителите и барем надворешно да задржат пристојност во однесувањето, Бог ќе ги благослови и ќе им даде благодат, оти заповедта Божја останува да важи, без оглед колку сме пораснале и колку сме созреале: почитувај ги татко ти и мајка ти, за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. И така, живеејќи во послушание и одрекувајќи се од својата волја, сите ќе живееме во Божјиот план за нас, и во Божјата волја и промисла за нас. И, кога ќе ја примиме таа телеграма дека ноќеска ќе ни ја побараат душата, нема да се вознемириме, оти сѐ што имаме, сѐ што сакаме, сѐ што љубиме на Христа Бога сме Му го предале. Па, и нашата душа нема да оди не знам каде, во некаков рај со јадење и пиење и други земни наслади, туку ќе оди во прегратките Христови. Проклет да е таквиот „рај“ кaде што има сѐ, а Го нема Христос.  

Тогаш, и само со таков живот, смртта за нас не станува нешто страшно и трагично како на овој кутар човек. Веста за смртта станува најрадосната вест што сме ја слушнале во животот, а моментот на смртта – средба со бесмртниот Бог. Смртта за нас е живот. Животот спротивен на Божјата волја за нас е смрт, бидејќи нѐ одвојува од Бог. Оној што пребива во Божјата волја може слободно со светиот апостол Павле да рече: „Живееме ли, умираме ли – Господови сме“ (Рим. 14, 8).

Бог да ве благослови сите!

Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7186

 15ти декември 2019 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная