логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

Скопје, 16ти февруари 2020 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 3.angeli.so.truba

 (Недела на блудниот син)

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 15:11-32

 На 16ти февруари  2020 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

sv.Simeon.Sretenie.jpg

Свети Симеон Богопримец

 3.angeli.so.truba

  3.angeli.so.truba

 Отец Методиј Митановски:

За блудниот син


Во името на отецот и синот и светиот дух


Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.
Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал и потрошил се на пиење и забави цел живот. Едоставно тој мислел дека ужива а не дека страда со неговиот начин на живот.
Но оваа приказна е наменета за сите нас не само за луѓе кои прават ненамерни или намерни животни промашувана.
Ние не го разбираме ова евангелско четиво затоа што гледаме само со телесен поглед а не со духовни очи.
Тоа е прицчна да ги послушаме светителите на црквата кои имаат развиени духовни очи и можат нас да ни ги откријат тајните на Светото писмо и да не научат на неговата длабочина.

Св. Григориј Палама ни ја открива длабочината на оваа приказна. Тој зборува за човековиот ум кој е посветен на Бога и има перфектно духовно совршенсто а доколку умот на човекот почне да се грижи за световното тогаш го остава Бога и заборава на Бога и молитвата, ужива некое време. Меѓутоа повторно се враќа ама целиот ќе биде посрамен нажален и неспремен за покајание.

А таквиот ум е лесен плен за  замката на лукавиот. И тој мисли дека живее исполнет живот меѓутоа таа романса трае многу кратко и потоа следува големо разочарување, паѓање и многу неволји.
Неѓутоа  човекот во таа ситуација бира помеѓ два пата, едниот е очајанието и води во пропаст, а другиот е покајание и доаѓане при себе и да се врати при Бога.Ако човекот се сврти кон Бога на пола пат неочекувано Благодата Божја ќе му помогне на тој човек а кога ќе дојде во закрилата на Светиот Дух тогаш не сама што ќе исчезнат искушенијата и тешкотиите туку и ќе добие благодатни дарови.Кога ги споменав светите отци и отворањето на духовните очи го издвоив св. Григориј  Палама.

Да се вратиме повторно на св. Григориј Палама кој ни го толкува Евангелието и ни објаснува што значат даровите што таткото му ги дал на покајаниот син.Прстенот на рака значи печатот на СОЗЕРЦАНИЕТО, а покајниот син го добива заради вечното наследство и вистински и искрено тој син ќе ја добие Божјата благодат и Божјото царство само заради покајаниието исто како разбојникот на крстот.А Обувките се симбол  дека на апостолите и учениците на Христос може да стапнуваат на шкорпиони  и змии и ништо не може да им биде.
А облеката која му ја дале слугите на синот да ја носи е симбол на она Божјо достоинство кое го добиваме на крштението а таа облека ние често ја валкаме за време на нашиот живот ама нејзиниот сјај и достоинство можеме да го повратиме само ако искрено се покаеме и се исповедаме кај свестениците. И на крај нашиот Отец небесен ќе заколе угоено теле односно ке го примиме телото Христово и ќе се причестиме.

А проблем со нашиот расеан ума ние имаме. Еве самите пробајте дојдете дома после Литургија и пробајте да се молите и ќе видите колку време ќе помине а вашиот ума ќе почне да скита и се ќе му биде поважно освен молитвата.Тоа е затоа што како што велат некои теолози жевееме во време на антихрист.


А нашата денешница и нашето време е крајно непријателски настроено према тишината, молитвата, вниманието и собирањето на умот.
А наклонета е на телефоните, телевизијата, интернетот, и се ова допринесува нашиот ум да изгуби сила за Бога.
Затоа благочестиви христијани за нашиот ум да биде чист и бистар и наклонет према Бога се надевам ќе ни помогне постот кои следи да се подготвиме и да се стремиме кон Бога. Амин

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (16.02.2020)

 3.angeli.so.truba

На 16ти февруари 2020 година,во Неделата на блудниот син, на  празникот на Свети Симеон Богопримец, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје,ереј Методиј Митановски  во сослужение на ереј Игор Димитриевски   и ѓаконот Благоја Ристевски отслужи   Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургија отец Меродиј ,во беседата: За блудниот син го протолкува  денешното Евангелие.

 7.Vselenski.sobor

Отец Методиј Митановски:Вистински богати луѓе се во суштина „Светителите“ ...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА ...

7.Vselenski.sobor

Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (15.12.2019)

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2747
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1925
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…