логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

 г. Јосиф, митрополит Тетовско - гостиварски

Темели за нов почеток

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„ Боже, дојди ми на помош, побрзај, Господи, да ми помогнеш“

(Псалм 69,1)

 

Ваше блаженство, Ваши високипреосвештенства, почитуван премиер, почитуван градоначалник на општина Теарце, почитуван директор на Комисијата за верски односи, почитуван директор на Управата за заштита на културното наследство, благоговејни отци, драги браќа и сестри,

 

Неискажлива и чудна е Промислата на нашиот Троичен Бог, Создателот и Строителот на сè, Кој ја „создал земјата на цврсти основи“ (Псалм 103, 5), Кој и нас од небитие во битие нè привел. Ете, таа Божја промисла, по застапништвото на Пресвета Богородица и на светиот Атанасиј – заштитниците на оваа света обител, како и по молитвите на сеуште неканонизираниот некогашен игумен на овој  манастир, на игуменот Кирил (Пејчиновиќ) денес нè собра во Лешок, тука во Лешочкиот манастир да учествуваме и да ја споделиме големата радост предизвикана во нашите срца од денешниот светол чин – на полагање на камен-темелник за изградба на нов манастирски конак.

Радоста на овој ден е навистина голема, а голема е бидејќи овој несекојдневен настан го чекавме подолго време и секојдневно се надевавме и се молевме на Бога истиот што поскоро да се случи. Денес сме среќни дека дочекавме на дело да се исполнат зборовите на еден отец дека „кај Бога секогаш се случува сè на време, за оние кои умеат да чекаат“. Среќни сме затоа што Семилостивиот Бог допушти,  во светлината на овој 1 февруари, во ова богомдаровано 2020 лето Господово, ден по празникот на манастирскиот патрон свети Атанасиј, да бидеме сведоци на предвестувањето на новата етапа на развој на ова наше светилиште, да бидеме дел од настанот, кој ете денес станува реалност за сите нас, за моите лешочани и теарчани, за тетовчани и гостиварчани и за сите оние, кои ќе ја посетуваат убавината на овој дом. Сега конечно се исполни времето во својата полнота и дојде Божјиот благословот на овој наш заеднички дом. Затоа овој ден и овој датум несомнено со светли букви ќе бидат испишани и врежани во поновата манастирска историја и ќе отворат ново и светло поглавје на развој, кое ќе сведочи за едно преображение и обнова кон идно воскресение на манастирскиот комплекс.

Драги христијани,

Подготвувајќи го моето денешно пригодно слово и размислувајќи за ова наше светилиште, за овој наш „светилник на врв планина“ (сп. Матеј 5,14)  пред моите мислени очи се појавија многу настани од богатата историја на манастирот, кои не можам да ги испуштам од моето слово. Во една реченица, од сегашна преспектива само ќе кажам дека таа е историја на падови и подигања, на страдања и радости, на тага и среќа, таа е историја на едно светилиште од Бога благословено и од нашите претходници, чувано и сочувано и во аманет оставено на нас и на сите идни генерации, кои ќе го имаат благословот Божји, на Неговата Пречиста мајка, на светиот Атанасиј, на основоположниците на ова свето место, на сите незнајни и знајни ктитори, на Антониј, епископот долно-полошки, на Никанор митрополит скопски, на игуменот наш Кирил и сите други игумени и градители, пазители на ова парче земја, која ги чува спомените и трагите на вековниот опстој, кое сведочи за нас и нашата вера и преку кое ние од времето се стремиме да преминеме кон вечноста.

Како што спомнав овој миг и овој настан се особено значајни и тоа не само затоа што по скоро 200 години се случува осветување на темели за изградба на нов конак, кој е неопходно потребен за понатамошно нормално функционирање на оваа обител, туку затоа што конечно и во овој манастир страдалник ќе се залечат старите рани, раните предизвикани од тежината на времето и од раката на несовесните луѓе и што и овој манастир како феникс ќе воскресне од пепел и ќе продолжи да биде, по зборовите на блаженоупокоениот старец Ефрем Аризонски „тврдина Божја и појава светоотечка, која го благословува целиот крај кај што е подигнат“. Овој манастир несомнено уште од дамнина е  голем благослов за Полог. Тој и во денешно време е центар на духовниот развој на нашата епархија и како таков под грижата на Митрополијата, на надлежните државни институции за овој споменик на културата и пред сè под грижата на верниот народ ќе продолжи да постои и во иднина, бидејќи е изграден „од камен“ (сп. Матеј 7,25) и „утврден на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како аголен камен на темелот Самиот Господ Исус Христос“ (Ефес 2,20).

Токму на Тој аголен камен, на Господа Исуса Христа во Кого ја полагаме сета наша вера и надеж, денес се молиме неизмерно да ја излее својата благодат, да го благослови камен-темелникот за изградба на конак и да ни биде Помошник ова дело започнато од нашите раце во Негова слава што побргу да се изгради и освети.

Почитувани,

Сигурен сум дека со полагањето на камен-темелникот за изградба на овој конак на местото на стариот руиниран објект, како и  со веќе започнати проекти за обнова на стариот конак и за конзервација и реставрација на фреските во манастирската црква ,Пресвета Богородица, постепено ќе се овозможат услови за непречено функционирање на манастирот, за развој на духовниот и монашкиот живот. За оваа голема обнова започната во овој манастир, најнапред Му благодарам на Бога за сите Негови благослови и дарови подарени на Лешок, а потоа и на сите Божји луѓе, кои на каков и да било начин помогнале со своите дела. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам и на Неговото блаженство, кој оддели од неговото скапоцено време за да ја сподели оваа наша радост, благодарност и до браќата архиереи, кои исто така денес се заедно со нас. Голема благодарност до архитектите Искра и Владо Лековски за изработениот проект за изградба на овој конак. Искажуваме благодарност и до Комисијата за верски прашања, до Управата за заштита на културното наследство и до Националниот конзерваторски центар за нивната институционална поддршка, како и до Градоначалникот и Советот на општина Теарце за разбирањето и одобрението за градба. Секако благодарност и на моите соработници, на манастирското братство и до сите Вас браќа и сестри, кои одвоивте од Вашето време и дојдовте овде во Лешок да бидете учесници и сведоци на овој свештен чин.

На крај, би ве замолил сите заедно да ги упатиме нашите молитви кон Севишниот Бог и да се помолиме ова започнато дело, набргу да го завршиме и осветиме за Божја слава.

Нека е благословено осветувањето и за многу години!

image

 

 

http://tge.mk/tekstovi/temeli-za-nov-pochetok

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная