логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(Обновено)

  vozdvizenie.jpg

ДАЈТЕ ИМ ВИЕ ДА ЈАДАТ!
(Мт. 14, 14-22)
Чудото со петте леба и двете риби што го изврши Господ, восхитува не само заради тоа што Tој ја покажа својата божествена грижа за луѓето што беа дошле да ја слушнат Неговата проповед, а примат од Него духовно и телесно исцеление и а се утешат, туку уште повеќе затоа што овој натприроден гест на Спасителот изобилува со поука и за самите апостоли, на кои Тој им дава активна улога во спасителната мисија. Тие не се само неми сведоци на Неговиот земен живот, туку соработници и ученици на божествената наука.Христовото слово секако дека беше поучно и за насобраниот народ, пред чии очи Господ ја откриваше својата педагогија на милосрдието, а поучно е и за нас денес, кога читаме за ова собитие о Евангелието и благодатно, со својата вера чествуваме во него. Зашто денес тешко е и да замислиме што значи тоа, кога ќе застане пастир на проповед, да се собере толкаво мноштво народ околу него, - дури и организирано, а не спонтано,- и потоа цел ден да бидат заедно со него, како тоа е напишано на самиот крај од ова евангелско четиво: пет илјади души, посебно од жените и децата.

Ако знаеме какви биле семејствата во тоа време, тогаш најмалку петнаесет илјади луѓе биле собрани околу Христа тој ден. Веројатно и многу повеќе. Неговите зборови ги восхитувале слушателите со мудроста и силата.  На стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: Овде е местово пусто,  и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна. Апостолите не се грижеа само за себе и за Учителот. Тие беа свесни а потребите на луѓето и за простосрдечноста и ентузијазмот со кои тие притекнаа да го слушнат гласот Господов, не подготвувајќи ништо за ремето што ќе го поминат со Него. Но, она што апостолите не го знаеја е тоа, дека Господ уште пред тие да помислат на народот и да се сожалат а нивните потреби, Тој, во Својата премудрост, го подготви чудото на божественото изобилие.Господ Исус Христос само сакаше да ја слушне нивната грижа и на неа да ја накалеми секогаш спремната помош од висините, врз оние коишто со чисто срце ќе ја побараат. Апостолите бараа чителот само да го распушти народот, да им даде можност да се снајдат. Но, Божјото милосрдие се покажува во совршеното самораздавање. Господ не ни дава само леб и риба, Тој и Своето свето Тело и Крв ни ги даде како надсуштествена храна, за која ние секојдневно се молиме. Зарем, ако дојде нашиот ближен и ни ги каже своите маки и потреби, ќе биде доволно да го сослушаме и да го оставиме да се снајде самиот. Христовата наука нé учи, во духот на соборноста, во сé да му послужиме на нашиот ближен: Има ли меѓу вас човек, - вели Господ, - кој, ако му посака неговиот син леб, да му даде камен, и кога ќе посака риба, да му даде змија? И така, ако вие, бидејќи лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат (Мт. 7, 9-11)?

Затоа Тој и им кажа: дајте им вие да јадат. Не очекувајте некој друг да го реши тој проблем, не земајте пасивна улога во решавањето на било кој проблем во животот. Не одложувајте ја помошта што можете да им ја дадете на луѓето. Не бидете скржави во милосрдието. Вие самите помагајте, најпрвин, на тој начин, што ќе имате огромна доверба во Божјата помош и надеж, дека Бог ќе го исполни Неговиот дел од помошта. Ние, пак, да се грижиме да го исполниме нашиот дел. Зашто Бог сака секогаш да бидеме отворени за Неговата помош, но и спремни да се вложиме себеси во подвигот на љубовта. Тој благодатен дар, потоа, ќе ги преобразува ситните парчиња од нашиот самопрегор, нашите пет леба и две риби, во чудесни и спасоносни дела. Дела што ќе им го приближат на луѓето Царството Небесно. Дури и ако само еден човек се поправи од својот грешен пат, ако се преобрази, дури и за малку, и тоа е подеднакво величенствено и богоугодно како и чудото пред петте илјади луѓе.

Да не бидеме малодушни, цинични или колебливи, да не бидеме на погрешна мисла дека ете Христос го правел тоа бидејќи е Бог, и апостолите Негови, бидејќи Му беа блиски и одеа со Него, затоа тие можеа да покажат таква жртва, а ние христијаните, не сме такви, ниту можеме да бидеме такви. Ниту овој, ниту било кој друг пасивизам не ни прилега нам христијаните. Истата сила, истите чудеса, истата енергија, истата љубов, истата грижа, којашто ја имаа и апостолите кога дојдоа кај Христа загрижени за потребите на народот, треба да ја имаме и ние, и ја имаме, и ќе ја имаме ако ја негуваме во себе цврстата вера, дека Бог тие пет леба и две риби, коишто се во нашите раце, ќе ги умножи за спасение на сиот свет. Треба да ја поткрепуваме благочестивата надеж и да се научим даи  се предаваме на волјата Божја. Без сомнеж и без илузии. Втората важна поента, за која зборува свети Јован Златоуст, толкувајќи го ова место од Евангелието, се однесува на премудрото испреплетување на натприродното и очевидното со кои Господ ги поучува учесниците во собитието: И како му заповеда на народот да поседне по тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, а учениците - на народот. И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата.

Во почетокот беа пет леба и две парчиња риба. Господ можеше на чудесен начин секому во рацете да му даде храна, и тоа онаква каква што секој милуваше. Тој можеше и без подигање на рацете и било каков гест да го изврши чудото на умножувањето. Но, сето она што всушност се случи, беше дел од Неговата совршена наука. Тој Му се помоли на Небесниот Отец за да покаже, како и на многу други места, чија волја исполнува Тој. Ги подигна рацете свои за да покаже дека храната што ќе ја јадат луѓето е дар Божји. Потоа, самиот начин на раздавање исто така не е случаен. Како и во Домостројот на спасението е од Отецот, преку Синот, во Светиот Дух. Во литургиската жртва, Господ ги раздава даровите, т.е. се раздава Себеси (своето Тело и Крв) низ ерархискиот принцип на соборноста. Господ Исус Христос на апостолите, т.е. епископите, епископите на свештениците, а свештениците на верниот народ. Господ преку ова раздавање ги подготвуваш е апостолите за нивната идна евангелска мисија. Тие мораа да го допрат лебот што им се даваше на луѓето. Тие се грижеа за сите да има  колку што е потребно. Тие беа задолжени да ја соберат преостанатата храна. Сигурно сведоштво и утеха, дека Господ нема да ги остави на страдалниот пат на апостолството. Во почетокот беа пет леба и две парчиња риба, а на крајот се собраа дванаесет кошови храна. Откако јадеа сите, повеќе од петнаесет илјади души. Токму дванаесет коша. За да може секој од апостолите да понесе по еден кош. Со своите очи и со своите раце да осетат, дека тие  неколку парчиња леб и риба, што Бог ги прими од нив, се умножиле и се преумножиле во изобилна трпеза и уште дванаесет големи кошеви полни со останати парчиња. Преостанато изобилство на милосрдие, што подоцна ќе се исползува за некои други дела на спасението човечко. Зашто ако сме во љубовта Божја, ако во милоста Му се уподобуваме на Бога, тогаш и нашата љубов и нашата милост нема да бидат само доволни за она што денес ни е потребно, туку тие изобилно ќе раѓаат и нова милост и нова љубов со која ќе можеме и понатаму да живееме раздавајќи, т.е. раздавајќи се, во името на живиот Бог.

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2951
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2777
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…