Ирмосː Крепкиот Господ во борбите, го откри дното на бездната и Својот народ го преведе по суво, а во неа ги потопи непријателите, зашто се прослави.
Господ – Царот на вековиите, во Јорданските води го обновува Адама изгниениот, и ги смачкува главите на земните што се вгнездиле во него, зашто се прослави.
Гoлeмата нoвoст штo христијанствoтo сeкoјднeвнo му ја јавува на свeтoт e: дeка ништo нe сe цeни сo пoлна цeна спoрeд надвoрeшниoт изглeд, туку спрeд суштината; дeка рабoтитe нe сe цeнат спoрeд бoјата и фoрмата, туку спoрeд значeњeтo; дeка чoвeкoт нe сe цeни спoрeд пoлoжбата и имoтoт туку спoрeд срцeтo вo кoe сe сoeдинува чувствoтo, умoт и вoлјата.
Проподобниот отец Прохор Пчински, подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, се родил за време на царувањето на цар Диоген. Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца.
Христос не сака да не исцели без да не научи како да бидеме здрави. А за тоа е потребен труд, трпение и пред се време. Поентата не е да се исцелиме во одреден случај или да се надмине одредена препрека во нашиот живот, туку да научиме да живееме прекрасно и целосно. Да живееме, а не да преживуваме.
***
Човекот, како разумно и слободно суштество, својствено и потребно е секогаш да дејствува расудително, разумно, секое свое дело да го насочува кон добра и богоугодна цел, да користи разумни средства за достигнување на своите цели, особено, ако тие цели се за спасение на својата душа и достигнување на вечен живот.
Златoуст пишува: “И акo првитe дoгми ги чувамe, а за владeниeтo нe сe грижимe, нeма да имамe никаква пoлза; истo така, акo сe грижимe за владeниeтo а вистинскитe дoгми ги запoставувамe, нeма да дoбиeмe ништo кoриснo за нашeтo спасeниe. Акo сакамe да сe избавимe oд грeвoт и да дoбиeмe царствo, трeба да смe украсeни oд
Некои од нечистите духови секогаш седат покрај оние што читаат и на сите можни начини се трудат да им го отстранат нивниот ум на друга страна. Честопати, откако за тоа земаат некој повод и од самото Свето и божествено писмо, ги наведуваат на лоши помисли. Ги тераат да се прозеваат, ги исполнуваат со поспаност која е многу поинаква од обичната.
Ќе одговориме на некои прашања, кои се поврзани со семејството, децата и различните проблеми, кои се појавуваат во тие односи. Прашањата кои се поставуваат, ги покажуваат видливите проблеми, кои понекогаш се тешки. Во првото прашање, една госпоѓа вели, дека нејзиниот сопруг е поблизок со мајка му, и ако таа се скара со него, тој веднаш се потпира на мајка си .
.На тој начин се здобиваат со бесценетиот Бисер, и не се занимаваат со суетноста на лажниот живот, бидејќи порано или подоцна сè ќе стане прав и ќе остане несреќна душата на оние што според световните мерила се успешни. Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно. Амин.
Непријателот, пак, гледајќи дека душата не е во Бога, ја колеба и слободно става во умот што сака. И ја гони душата од едни помисли кон други, и така душата целиот ден го поминува во неред, и не може чисто да Го созерцува Господа.
Некои луѓе стварно имаат проблем со својот разум. Нивниот разум не е духовен. И, тоа е очигледно. Патем, едно е духовен, а сосем друго интелектуален разум; самите ќе разберете понатаму. Како настанува проблемот со разумот?
Во денешното евангелие читаме: „Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: ’Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!‘“ (Матеј 4, 12–17).
Од 1980 година е професор на Универзитетот во Дебрецин цели 33 години. Во 1991 година ја брани докторската титула посветена на православните иконостаси во Унгарија на Унгарската академија на науките. Со децении држи курсеви за православната религиозна уметност и православните иконостаси во Унгарија. Основа библиотека за историја на уметноста која се
Програмите на Арс Сакра негува локални поврзувања меѓу изведувачите и локалните заедници. Нашите програми помагаат да се зголеми пристапот до културата и привлекуваат различни публики, вклучувајќи различни социо-економски заднини, возрасни групи и полови.
Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (Матеј 3, 14). Зборови што значат токму ова: „И удостој ме, преку мене – недостојниот и грешен Твој слуга, да Ти бидат принесени овие Дарови, [внимавајте!] зашто Ти си Тој Кој принесува и се принесува, Кој прима и Кој се раздава, Христе Боже наш...“
На 19.01.2022 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.