логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Aleksandar.Nes.nedela

Иконата треба да биде онаа алка што ќе го спои современиот човек со вечноста. Нејзината основна смисла е духовната суштина и благодатта што излегува преку неа како светлина низ прозорец.

Свесно или несвесно, сите ние сме во постојана потрага по љубовта која е  „милосрдна, не завидува, не се воздигнува, не мисли зло“, љубовта „која никогаш не престанува“. На иконата треба да ѝ пристапиме со мисла за таква љубов. Зашто таа е одраз на љубовта што го чува човечкото во човекот. И без разлика кој светец да е претставен на неа, главната содржина на иконата е секогаш љубовта.

Имавме можност да поразговараме со личност чија професија е секојдневна работа на создавање свет лик – иконописецот Соња Лечковска Мишевски. Како се „пишува“ икона? Зошто е важна технологијата? Можна ли е слобода на креативност на уметникот во изработката на иконата?


Aleksandar.Nes.nedela
Повеќе од две децении Соња и нејзиниот брат Златко Лечковски изработуваат икони. Уметничките гени на братот и сестрата иконописци и фрескоживописци од село Ротино, веќе ги имале во семејството. Уште од најмала возраст, растејќи покрај својот талентиран татко, се предале на поривот за изведба на духовни творби. Подоцна продолжиле со надградба во тогаш познатото иконописно ателје при црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола.

Што се случува со иконографијата денес? Дали строго ги следи каноните или постепено се менува?

– Принципите секогаш се исти, а ракописот секогаш (раз)личен. Секој си има свој печат и индивидуалност во третманот. Така што, во рамките на строго пропишаните канони, ја имаме слободата да ја остваруваме својата креативност.

Дали иконата треба да бара дијалог со современиот човек или за неа е поважен дијалогот со вечноста?

– Иконата баш треба да биде онаа алка што ќе го спои современиот човек со вечноста. Зашто самата таа го најавува идното случување т.е. остварувањето на Царството Божјо и го открива образот Божји во човекот, со што ја покажува таинствената врска со Бога. Нејзината основна смисла е духовната суштина и благодатта која излегува преку неа како светлина низ прозорец. Во неа се крие, поточно се открива неминливата слава и „тајната на Идниот Век“.
Фото – приватна архива

Од памтивек иконописците го користеле златото за украсување на иконите, денес имитациите од злато, зошто токму златото? Има ли симболика во тоа?

– Кај иконата секоја боја има своја симболика. Таму бојата не е проста декорација, туку составен дел на јазикот што го објаснува трансцендентното. Златната боја е израз на светлината и Царството Небесно.

Колку од модерната технологија вметнувате во иконите, или повеќе сакате да ги користите истите материјали и урнеци од античко време?

– Старите иконописци користеле природни материјали од органско и минерално потекло, а фреските ги сликале на пресен малтер со чисти пигменти. Некои сè уште го негуваат тој традиционалниот начин, но повеќето денес ја користат истата постапка со современи пигменти добиени по синтетички пат, и живописуваат на сув малтер, најчесто користејќи ги старите обрасци на икони.

Sonja.Lechkovska.ikonopis2

Колку општеството е подготвено за иновации во црковната уметност? Или луѓето сакаат црквата да остане некаква константа?

– Кога ќе го земеме предвид фактот дека црквата сама по себе е тело, жив организам, а не организација, и нешто што во континуитет се развива, во тој поглед, и самата црковна уметност, како дел од Црквата, неминовно е дел од тој процес. Меѓутоа, сепак во неа има одредени правила што ја опфаќаат целокупната насока на развој на Црквата, а со тоа и на каноничната иконографија. Затоа можеме да кажеме дека црковната уметност сама по себе не е, и не може да биде константа, но исто така во неа има одредена критика и со тоа се отвора простор луѓето сами да избираат што им се допаѓа, а што не, во поглед на иновациите на црковната уметност.
Фото – приватна архива

Се вели дека секое успешно дело треба да биде резултат на сериозна потрага, да носи нешто важно, некакво откритие – за Јован Крстител, за Богородица, за ликот на Христос. По што трагате Вие додека ја изработувате иконата?

– Да. Творечкиот живот не е движење по површина, тоа е вертикално движење, во височина и длабочина. Зашто, како што вели еден драг пријател, „вистината и убавината тржествуваат само во длабочина“. Творештвото е космолошки процес, а иконописот своевиден начин на потрага по Живиот Бог – Исус Христос. Потоа, откривање на аскетски енергизираната претстава на Св. Јован Крстител – неуморниот проповедник од галилејските предели и хералдот на новата христијанска вера во спасението на човештвото, или на нежниот деликатно естетизиран лик на Богомајката чии емоционални сегменти се добиени преку неодоливата девствена аура на нејзиниот фацијален израз.

Како може еден иконописец да ѝ пристапи на слободата на уметноста?


– Живеејќи го она што сака да го изобрази.
Творечкиот живот не е движење по површина, тоа е вертикално движење, во височина и длабочина. Зашто, „вистината и убавината тржествуваат само во длабочина“.

Sonja.Lechkovska.ikonopis3

Фото – приватна архива

 

Извор:

https://espreso.mk/vi-preporachuvame/sredba-so-sona-lechkovska-mishevski-ikonopisecz-i-freskozhivopisecz-princzipite-sekogash-se-isti-a-rakopisot-sekogash-razlichen/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3110
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2948
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…