логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Уште необјавено

СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА (05.06.2022 20:33)



Денес, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј и Нивните Преосвештенства Епископите Зворничко-Тузлански г. Фотиј, Крушевачки г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избраниот шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избраниот западноевропски г. Јустин, избраниот епископ Јегарски арх. Нектариј, во молитвено присуство на Високопреосветениот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосветените епископи  Хераклејски г. Климент, Бачки г. Иринеј, Маркански г. Сава и пензионираниот канадски г. Георгиј.

На крајот од Светата Литургија, Неговата Светост Патријарх Српски г.г. Порфириј на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан му врачи Томос, со кој се потврдува автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

 

 

 

 

 

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7636

 "...древната Пеќска патријаршија соборно ја благословува, ја одобрува и ја признава црквата Божја во Македонија која денес се нарекува Македонска православна црква, и која е наследничка на древната и славна Охридска Архиепископија заради што во нејзиното именување го вклучува нејзиното чесно име...полна автокефалија, тоа значи дека (СПЦ) не ја условува со било какви одредби и ограничувања во пастирската грижа за нејзиниот православен народ во матичната земја и дијаспората...
...на неговото блаженство архиепископот, Охридски и Македонски господин Стефан возљубениот наш брат во Христа Господа и сослужител на нашата смиреност заедно со сите високопреосвештенства, преосвештенства, архиереи околу него собрани, наши возљубени сослужители во Светиот Дух го издаваме овој соборски и патријаршиски Томос..."

 


 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »