„Да се богатиме во Господа на Неговата царска вечера“
Да го чуеме Неговиот благ глас кој нè кани на Неговата прекрасна трпеза. Да се храниме со Неговите пресвети зборови и живоносни поуки, и најважно - со Неговите пречисти Тело и Крв. Соединувајќи се со Бога, ние ќе станеме светлина што ќе испраќа зраци на љубов во овој свет, а љубовта во Бога е единственото нешто што му е потребно на човекот. Таа е и неопходната пропусница за влез на Царската вечера.