О. Спиридон Василакос: УКРАДЕНАТА НЕЖНОСТ
Ќе говориме за љубовта која е скриенa во приказните. Таа секогаш е предводена од вистината. Никогаш нема да ја видимe љубовта самичка, туку за другар ја има вистината. Секогаш одат заедно и како што приказните имаат многу вистина, имаат и многу љубов. Нека не заборавиме, дека за приказните научивме во еден амфитеатер, кој не беше некој амфитеатар на нeкој факултет, туку прегратката на баба, на дедо, на мајка и на татко. Така што она што го научуваш во тој амфитеатар, не го забораваш. Оти амфитеатарот на прегратката има многу топлина, многу љубов.