логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Усекновението на главата на Чесниот Претеча, изговорено на вечерната богослужба, во соборниот бигорски храм, на 10 септември 2019 лето Спасителово

Дозволите, мили мои, да ви се обратам со едно кратко слово, заради славата и честа на овој ден. Денес светата Црква Божја го слави сечесниот спомен на корифејот помеѓу пророците, Патронот на оваа света и славна Обител, великиот Јован Претеча и Крстител.

Во мојот монашки живот ова ми е дваесет и петта по ред манастирска слава. И за прв пат откако недостојно го возглавувам ова братство како игумен, нашиот многупочитуван надлежен Митрополит, г. Тимотеј, е физички отсутен на овој ден, иако духовно, се разбира, е присутен преку неговиот архипастирски благослов. Пред почетокот на богослужението си мислев дали да ја отворам својата уста и да проговорам нешто за богопрославениот Крстител Господов. Верувајте ми, воопшто не е лесно да се најдат достојни зборови за оној кој од устата Христова ги понесе најголемите пофалби. И навистина, каква пофалба би можел да искаже човек за оној за кого Самиот наш Господ Исус Христос, Синот Божји, рекол: Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител (Матеј 11,11)?!

Затоа, монаси мои, ви се обраќам особено вам: радувајте се и благодарете што сте населници на овој преславен дом на големиот Претеча, на ова негово чудесно Светилиште, кое веќе илјада години е светилник на вистината за овој страдален народ! Илјада години! И гледајте, накрај, тој, Крстителот свет, нѐ повикал и нас, последните и недостојните, да бидеме жители на ова свето место, каде што пред нас, низ вековите, стотици и стотици монаси се подвизувале слично како него. Да знаете, ние не сме достојни дури ни да газиме по оваа земја, на ова обожено место, на овој Ерусалим за нашиот народ, а камоли, пак, да живееме во него. Затоа, мили браќа монаси, денес, на денот кога си спомнуваме за незаконитото отсекување на неговата сечесна глава, да му побараме прошка на оној, кој после Богородица, е прв и неуморен во молитвите кон нашиот Господ Исус Христос и да му заблагодариме со солзи за сето она што преку нас, најмалите, го направил овде во последниве дваесет и пет години.

Веќе четврт век сме сведоци како тој, гласот на оној, што вика во пустината (Матеј 3,3), и во нашево време повикува со истата моќ и со истата привлечност, како што повикувал и пред две илјади години во пустината крај Јордан. А неговата порака тогаш била сосема јасна и останува таква и до денес. Неговата света и од пост истоштена рака, и сега како и во тоа време, покажува кон Христа, а неговиот трепетен глас на сиот свет триумфално му возвестува: Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! (Јован 1,29)

Истиот тој глас, пред илјада години го повикал овде првиот монах, преподобниот Јован, кој потекнувал од дебарскиов крај и го благословил да му подигне Светилиште, свештен амвон, налик на јорданската пустина, од каде самиот Претеча, преку монашките усни, ќе ја проповеда благата вест за спасението. Како што знаеме од историјата, овој бастион на Вистината, бил неколкупати срамнуван со земја, спалуван од непријателите на светлината, на мирот и на љубовта. Но великиот Војвода Христов, врвот на пророците, никогаш не го напуштал ова свето место. И тоа што некогаш допуштил Манастирот да биде привремено разрушен, го направил со повозвишена цел – имено, покајанието. Исто како што некогаш крај Јордан, со своите праведнички зборови го разобличувал и подготвувал јудејскиот народ да Го пречека и прифати Словото Божјо: Пригответе го патот на Господа и исправете ги патеките Негови; секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат (Лука 3,4-5). Што значи ова? Да го избереме патот на Христовата самопожртвувана љубов, да ги исполниме празнините на нашата душа со добри дела и да го снизиме нашиот егоизам; да ги исправиме кривините на гревовниот начин на живот, којшто нѐ спречува да дојдеме до Христа и да Го примиме во своите срца.

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на мајка си Елисавета. Според евангелското известие, кога се сретнале двете најславни мајки, Пресветата Богородица и праведната Елисавета, младенецот Јован заиграл во утробата на својата мајка и Го проповедал Господа преку мајчината уста, која вдахновено извикала: Од каде на мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? (Лука 1,43) Мили мои, се прашувам и јас, од каде на нас ова, да ја имаме ние ова голема Светиња при нас, во нашите раце?! Во една прилика Свети Јован на Евреите им рекол: Направете плод достоен за покајание и немојте да говорите во себе: „Наш татко е Авраам“, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му подигне чеда на Авраам. Секирата веќе лежи до коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган (Матеј 3,8-10). Погледнете на какво смирение нѐ поучува милиот ни Светец! Ги повикувал Евреите на преумување, бидејќи тие се гордееле што биле семе Авраамово, избран народ, што знаеле за Законот Мојсеев и за верата во единиот вистински Бог и сметале дека тоа е повеќе од доволно. Но, Свети Јован недвосмислено покажува дека не е доволно само да се знае за вистинита, туку дека таа треба и да се исполнува. Истото важи и за денес: не е спасително само да се нарекуваме Христијани, но неопходно е да го исполнуваме и законот Христов, законот на љубовта, земајќи го Неговиот благ јарем – заповедите изложени во Неговото Свето и прекрасно Евангелие. А што има поубаво од Евангелието? Има ли поубава и повозвишена порака испратена до човечкиот род, од таа на Синот Божји, на Второто Лице од Божествената Троица, Кое дојде и стана човек, поживеа со нас и претрпе најголеми страдања – и сето тоа само за да ни ја покаже Својата неизречива љубов кон нас?! Навистина нема и не може ни да има поубава порака од оваа. Затоа и нашата најсвета книга се нарекува Евангелие, т.е. Благовестие, блага, радосна вест.

Понекогаш, кога зборуваме за некои историски собитија, особено од животот на Црквата, ни се чинат некако бледи, далечни, па тешко можат да го смекнат нашето срце. Така на пример, кога читаме, или се раскажува за времето кога Свети Јован проповедал на земјата; потоа за тоа како тој низ вековите правел безброј чудеса, вклучително и во овој Манастир; за тоа како неговата света икона на чудесен начин самата дошла овде, или како чудно се спасувала секогаш кога Манастирот бил разрушуван и пак се враќала кога бил обновуван – сето тоа, макар и да звучи восхитувачко, може да ни изгледа како нешто далечно. Меѓутоа, да ви исповедам искрено: во овие дваесет и четири години недостојно поминати во Манастиров, моите очи видоа многу, навистина многу чудеса на Свети Јован, така што лесно го разбирам неговото чудотворство и добротворство низ историјата. Во повеќе наврати реката Радика сум ја нарекувал нашиот Јордан, бидејќи Свети Јован благодатно присуствува на ова место, како некогаш во јорданската пустина и громогласно повикува на покајание. И стотици, илјадници млади луѓе се одѕвале на неговиот повик и го нашле патот на Евангелието, Го нашле Јагнето Божјо. Не е ли тоа едно најголемо чудо? Не е ли тоа претворање на камените срца во чеда Авраамови?

Затоа, треба бескрајно да му благодариме, особено ние, мои мили браќа монаси, што нѐ избрал нас; нѐ повикал Крстителот да му бидеме слуги негови, на најголемиот меѓу родените од жена. Не се гнаси од нас, од нашата духовна беда, туку нѐ остава да живееме во неговиот свет дом и нѐ снабдува со сѐ што ни е потребно; ни дава да бидеме служители и очевидци на неговите чудеса.

Ви се заблагодарувам и вам, возљубени верници, што во толкаво мноштво дојдовте вечерва да го израдувате Свети Јован со вашето присуство и молитвеното ви учество во богослужбата. Впрочем, со самото ваше доаѓање на овој голем ден на молитва, во ова славно Претечево светилиште, вие го понесувате со себе неговиот голем благослов, бидејќи тој е благодатно присутен тука, преку својата чудотворна икона. Таа сведочи дека Крстителот моќно дејствува на ова место и дека тоа е негово возљубено пребивалиште. И, како што веќе рековме, безбројни се чудата што Свети Јован ги правел во оваа илјадалетна негова Обител. Затоа, доаѓајќи наваму, ние треба да ја целиваме дури и земјата на ова место натопено со светост, доколку сакаме достојно да ја сочуваме оваа вековна светиња и да го имаме благословот на Крстителот. Да го молиме него и понатаму да нѐ заштитува и да ги благослови сите оние кои во текот на овие дваесет и пет години го слушнале неговиот глас, дошле, се покајале и исповедале и тргнале по евангелскиот пат. Ги поздравувам посебно Мијаците – и тие кои се присутни овде, а и оние што се раселени по светот. Нивните предци се радуваат сега во небесните обители, затоа што во толкав број сме собрани во нивниот историски Манастир. Славните и позначајни игумени на Бигорски, почнувајќи од првиот ктитор, Архиепископот Охридски Јован, потоа јеромонахот Иларион, кој го возобновил Манастирот во средината на 18 век, па големиот лазарополец Митрофан, кој го изградил овој прекрасен храм и многу прочуениот галичанец Арсениј Архимандрит, кој ја започнал преродбата во овие краишта и го се погрижил за благолепието на Манастирот – сите тие биле Мијаци по род. И да знаете, духовите нивни и тоа како се присутни во оваа Обител и постојано нѐ поткрепуваат со своите молитви. Но, зошто посебно ги поздравувам Мијаците? Се разбира, не за да се погордеат, туку за да се пробудат и тие и сите ние, та да го следиме примерот на своите силни во верата предци, наследувајќи го така и нивниот благослов. Оти, во спротивно, ако заборавиме на нив и на нивните величествени дела, ако го заборавиме ова наше големо Светилиште, самите ќе си ги пресечеме своите корени и во нас не ќе има повеќе животни сили…

За крај, би ве замолил вас што сте присутни овде, да се помолиме на овој голем ден и на ова свето место, да ги удостои Свети Јован Крстител сите да ја слушнат неговата вечно актуелна порака, која еве веќе две илјади години не изгубила никаква сила: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!

Да сте благословени и молитвите на Свети Јован Претеча и Крстител да бидат со вас и со вашите ближни!

 

Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/arhimandrit-partenij/pretecheviot-glas-i-denes-od-radika-povikuva/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная