Излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“ (08.10.2018 )
Старецот: Љубовта ги содржи милоста и чинењето добро на ближниот, долготрпението и поднесувањето на сè што од него доаѓа. Имајќи ги овие својства, љубовта го скротува гневот кај оној што ја стекнал.
Братот: Навистина, не се мали нејзините дела. Блажен е оној што е во состојба да ја стекне. Јас, пак, навистина сум далеку од неа. Сепак, те молам, отец, кажи ми што е долготрпение.






Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста. Со Господа ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат. Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово. Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави. Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема
Песимистичките расположенија, така распространети во последните десетлетија и меѓу нашето жителство, не биле популарни иако и условите на живот биле многу потешки од сегашните, а и поразите, како што знаеме од историјата, исто така се случувале.
Затоа, второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје ја разгледува вечната борба за превласт меѓу вистината и лагата, која кулминира во дигиталниот 21 век. Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи и партнерите ФЕС - Скопје.
Да ја излеваме нашата љубов несебично кон сите, не водејќи сметка за нивниот став. Кога ќе нè посети Божјата благодат, ние нема да се интересираме дали нè љубат или не и дали ни зборуваат со добрина, туку ќе чувствуваме потреба ние да ги љубиме сите. Егоистично би било од нас доколку сакаме другите да ни зборуваат со добрина.
„Токму и овој, како и сите Собори, ја има таа цел, да го покаже и потврди нашето единство. Таму каде што го нема, ако го нема, да го врати мирот и да ја посведочи на дело љубовта што треба да ги краси сите вистински Христови последователи и чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“
За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд Oтeцoт, значи дeка e eднo битиe сo Oтeцoт; штoм сe испраќа сo Синoт да ја прoдoлжи службата на Синoт, значи дeка e рамeн на Синoт. Oтeцoт свeдoчи за Мeнe, рeкoл првo Гoспoд Исус; а сeга за Духoт на вистината вeли: Oн ќe свeдoчи за Мeнe.
„Јас видов, раскажува таа, прекрасни населби и многубројни населби, подготвени за оние кои Го љубат Бога, преполни со слава и благодат. Ангелите ми ги покажаа посебните населби на апостолите, посебни на пророците, посебни на мачениците, посебни населби за секој светителски чин. Секоја населба имаше неискажлива убавина, широка и долга, би рекла, како Цариград, но неспоредливо поубава, со многу чудесни и пресветли палати.
Фанатизмот нема врска со Христос. Биди вистински христијанин и тогаш никого нема погрешно да го сфаќаш, туку „твојата љубов сè ќе покрива”. И кон иноверниот однесувај се како христијанин. Почитувај го на благороден начин независно од неговата вероисповед. Можеш да му се најдеш на некој муслиман кога има потреба, да зборуваш со него и да се дружиш со него.
Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на Гoлгoта и да ја разглeда крвавата жртва на Крстoт, штo e принeсeна за нашитe грeвoви, за нашe спасeниe oд смрдливата чeлуст на змијата oд адoт.
Конечена и истовремено бесконечна цел на човекот е – обожување, кое се остварува само преку благодатта, односно преку силата и делувањето на Божеството. Благодатта е дадена на Црквата. Црквата е поле на вечна, божествена светлост, која взаемно дејствува со човечката душа, која е послушна на благодатта и која невидливо ја просветлува (во некои случаеви тоа просветлување и преобразување на душата се случува и на материјален план ...
Некогаш свети Силуан разговарал со еден пустиник што велел: „Бог ќе ги казни сите атеисти, тие ќе горат во вечниот оган.“ Очигледно, помислата дека безбожниците ќе бидат казнети во вечниот оган му причинувала некакво задоволство…
„Ние, неговите колеги на колеџот, во него видовме умствена моќ, голем капацитет и оригиналност, сплотени со длабока понизност што тој ја искажуваше пред Бога, почитта спрема Божјата волја и верата во љубовта и искупувањето преку божествениот Спасител, Кој му беше утеха во тешкотиите и болестите.“
Кој се плаши од гревот, го љуби Бога. Кој има умиление, има уште поголема љубов. Кој во душата има светлост и радост, има уште поголема љубов. Кој, пак, има благодат и во душата и во телото, има совршена љубов. Таа мерка на благодат Светиот Дух ја дарувал на мачениците, а таа им помага храбро да ги поднесат сите страдања.

























