логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Нека биде благословено името Господово од сега и до века! Господ како Своја заповед рече: „Сакајте Ме и во таа љубов чувајте ги заповедите Мои“ (сп. Јован 14, 23). Преку чувањето на заповедите ние добиваме навика, односно сѐ навикнуваме да живееме во непрестајно сеќавање на Христа: на Неговиот живот, на Неговиот пример и на Неговите заповеди. Ве замолувам драги, браќа и сестри, примете ги лесно и со мир овие зборови, не како мои зборови, туку како одговор на повикот со кој Господ нѐ повикува… Не мислам дека телесната смрт може за нас да биде разделба. Не! Мојата смрт, според мислењето на докторите, и така веќе е готова работа. Ми даваат само уште неколку денови… Грешеа до сега, можеби грешат и сега. Нашето дело и нашиот подвиг, се состои во тоа да ги надминеме границите на времето и материјата, односно вештините на нашето тело, за да останеме заедно и после моето заминување. И тоа не е затоа што јас сум нешто „посебно“, туку затоа што Духот така ми зборува во моето срце. Ја сум грешен човек. Не ја исполнив заповедта на Бога Живиот, затоа што таа заповед го опфаќа целиот свет, и сѐ што постои надвор од времето и надвор од просторот. Господ на Тајната Вечера рече: Јас живеам и вие ќе живеете (Јован 14, 19)… На нашиот сакан духовен отец Силуан, Бог без зборови му сѐ откри во видение на почетокот од монашкиот подвиг.

Продолжете да го трпите нашиот голем труд, кој за нас без Христа е невозможен. Нашиот пат е да го предадеме својот живот заради животот на другите. И нема поголема љубов од таа кога човечката душа е подготвена да умре за доброто на ближниот. Господ рече дека „нема поголема љубов од таквата љубов“ (Јован 15, 13). Си допуштам на себе си така да зборувам, бидејќи покажавте подготвеност да пребивате во зборовите и во единство со нашиот ум и нашето срце… Бидете спокојни во своето срце: и кога сум со вас, и кога ќе заминам од вас, бидејќи нема да се разделиме… Истрпете го овој живот! Тој е создаден на чуден начин – како во него да Нема ништо посебно и специјално. Но навистина, во него има нешто највозвишено и најголемо, а тоа е Љубовта на Отецот, Љубовта на Синот, и Љубовта на Светиот Дух со нас. Молејќи се за секого од вас по име, јас сум, природно, врзан со секого од вас со оние узди, за кои може да се зборува како за узди на Царството Божјо – узди на љубовта вечна и непоколеблива во вечни векови. И тоа ни е тешко да го прифатиме. Апостолите за тоа зборуваа со многу поголема смелост отколку што ние можеме да си дозволиме себе си. Но и тоа малку што го постигнавме, сепак, е дејство на Самиот Бог, како  што возгласуваат Архиереите на службата: „И утврди го ова лозје, кое го насади Твојата десница!“ Јас сум во безизлезна ситуација – и ХРИСТА НЕ ГО ДАВАЈТЕ ЗА НИШТО!


Самиот сум нестрплив, иако својот живот го посветив во служење на другите. Колку само денови и ноќи поминав со Бога на молитва! Но, може ли таа молитва воопшто да се нарече молитва, кога таа не е ништо друго освен „крцкање со заби“? Затоа вас, драгоцени мои, браќа и сестри, на крајот од својот пат ви зборувам: во љубовта своја кон Христа бидете непоколебливи! Секое двоумење и секое свое страдање поднесувајте го живеејќи во Христа. Многубројни се патиштата кон „апсолутното“ во животот на човечкиот род, но нема ништо што може да се спореди со Христа. Затоа, не отстапувајте од Христа без оглед на сите тешкотии. Ако Господ ни даде да умреме, ќе умреме со свеќа од Неговата љубов која Го издигна на крст.

Сѐ надевам дека во нас вистински ќе дејствуваат зборовите Христови: Бидејќи јас живеам и вие ќе живеете (Јован 14,19). Секој збор Христов е самата Божествена Вечност. Христа не го давајте за ништо! Он нека биде единствениот Цар на нашето срце, со Отецот и Духот Свет. Да веруваш во Христа тоа е реален живот, живот на Самиот Христос. Како што Христос страдаше за секое создание и целиот свет, така и ние да се молиме на Бога. И во тешките моменти да се нажалуваме во плачот гетсимански. И во нас после плачот, кој е сличен на гетсиманскиот, кога ќе ни се доближи Духот Вечен, тогаш ние ќе живееме во вистината. Тогаш ќе започне нашиот бесмртен живот, и тогаш Бог апсолутно ќе ни се јави во сосема поинакво светло. Нашата христијанска вера е крајно совршенство и никој да не нѐ одвои од Љубовта Христова, како што зборува Павле (Рим. 8,39).

Сега ги кажав овие зборови независно до апостол Павле. Но, видете, ние зборуваме со ист јазик и за ист живот како Апостолите и сите Светии, сведоците на Божеството Христово… Го молам Бога да ми даде збор, и зборовите доаѓаат до мене, и сакам да го изберам она што е, по својата природа, Вечен Живот: кога ќе почнеме, како Христа, да страдаме за целото создание, ние тогаш во Христа и со Христа го живееме Вечниот Живот. Ви благодарам што ги сослушавте моите зборови. Заминувам уверен во тоа, дека Господ секој од вас го донесе (овде) со Својата рака. И не е лесен нашиот живот. Кој не го знае животот, тој не ја знае болката Христова. Денес ќе го завршам разговорот со вас, со три зборови: предајте го својот живот за да го живвете другиот; утешувајте ги сите кои доаѓаат, сиромашните, кои немаат утешители во овој свет; и така, служејќи на Бога во (служење) на Неговите страдалници, браќа и сестри наши, ќе се соединиме во таа љубов со Самиот Христос засекогаш… Благословот Господов на вас, браќа мои и сестри.

Извор: https://otacmilic.com

Превод од српски: Младен Јовчески, дипломиран теолог

 

Преземено од: http://www.pppe.mk/2018/hrista-ne-go-davajte-za-nishto-sofronij-saharov/

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 506
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная