
Господ сака меѓусебно да се љубиме; слободата е во љубовта кон Бога и кон ближните. Во тоа е нашата вистинска слобода и еднаквост. Во општествените положби не може да има еднаквост, но тоа не е важно за душата. Не може секој да биде цар или кнез; не може секој да биде патријарх, игумен или старешина — но на секоја положба може да се љуби Бог и да Му се угодува, а тоа е единственото важно.
А оној што повеќе ќе Го возљуби Бога на земјата, ќе биде во толку поголема слава во Неговото Царство. Оној кој повеќе љуби, повеќе и копнее по Бога, и ќе биде поблизу до Него.
Секој ќе биде прославен според мерката на својата љубов.
Сфатив дека љубовта се разликува по својата сила.
Свети Силуан Атонски
2025


























