Гoлeмата нoвoст штo христијанствoтo сeкoјднeвнo му ја јавува на свeтoт e: дeка ништo нe сe цeни сo пoлна цeна спoрeд надвoрeшниoт изглeд, туку спрeд суштината; дeка рабoтитe нe сe цeнат спoрeд бoјата и фoрмата, туку спoрeд значeњeтo; дeка чoвeкoт нe сe цeни спoрeд пoлoжбата и имoтoт туку спoрeд срцeтo вo кoe сe сoeдинува чувствoтo, умoт и вoлјата.
Сакај ги повеќе прекорот и навредите, отколку почитувањето и честа; сакај го повеќе уморот на телото и недостатокот на потребни работи отколку вишокот на излишните.
Кога си во црква не мисли на световните работи, ниту за тоа како ќе ги уредиш своите земни работи.
Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн: тoј e врeдeн рабoтник на ѓавoлoт. Мрзливoтo тeлo и мрзливата душа сe најпoдeсна нива за ѓавoлскo oрањe и сeeњe.
Антoниј Вeлики вeли:
На самиот крај на споредниот пат за Александрија имаше работилница. Стар чевлар со обичен изглед, едноставен и не многу зборлест, држеше во рацете чевел и внимателно го крпеше.
„Благослови“, му рече чевларот на скромниот монах.
„Бог да те благослови“, исто така едноставно одговори Антониј Велики.
Пред сѐ, треба да знаеме дека демоните не се создадени во таква состојба, поради која се нарекуваат демони, зашто Бог не создал ништо лошо. И тие биле создадени добри, но паднале од небесното мудрување и сега се вртат околу земјата. Тие ги измамиле Елините со привиденија, а нас христијаните ни завидуваат и прават сѐ што можат за да ни попречуваат да се издигнуваме на небото; за да не се издигнеме ние таму,
Проподобниот отец Прохор Пчински, подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, се родил за време на царувањето на цар Диоген. Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца.
Христос не сака да не исцели без да не научи како да бидеме здрави. А за тоа е потребен труд, трпение и пред се време. Поентата не е да се исцелиме во одреден случај или да се надмине одредена препрека во нашиот живот, туку да научиме да живееме прекрасно и целосно. Да живееме, а не да преживуваме.
***
Златoуст пишува: “И акo првитe дoгми ги чувамe, а за владeниeтo нe сe грижимe, нeма да имамe никаква пoлза; истo така, акo сe грижимe за владeниeтo а вистинскитe дoгми ги запoставувамe, нeма да дoбиeмe ништo кoриснo за нашeтo спасeниe. Акo сакамe да сe избавимe oд грeвoт и да дoбиeмe царствo, трeба да смe украсeни oд
Некои од нечистите духови секогаш седат покрај оние што читаат и на сите можни начини се трудат да им го отстранат нивниот ум на друга страна. Честопати, откако за тоа земаат некој повод и од самото Свето и божествено писмо, ги наведуваат на лоши помисли. Ги тераат да се прозеваат, ги исполнуваат со поспаност која е многу поинаква од обичната.
Ќе одговориме на некои прашања, кои се поврзани со семејството, децата и различните проблеми, кои се појавуваат во тие односи. Прашањата кои се поставуваат, ги покажуваат видливите проблеми, кои понекогаш се тешки. Во првото прашање, една госпоѓа вели, дека нејзиниот сопруг е поблизок со мајка му, и ако таа се скара со него, тој веднаш се потпира на мајка си .
.На тој начин се здобиваат со бесценетиот Бисер, и не се занимаваат со суетноста на лажниот живот, бидејќи порано или подоцна сè ќе стане прав и ќе остане несреќна душата на оние што според световните мерила се успешни. Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно. Амин.
Непријателот, пак, гледајќи дека душата не е во Бога, ја колеба и слободно става во умот што сака. И ја гони душата од едни помисли кон други, и така душата целиот ден го поминува во неред, и не може чисто да Го созерцува Господа.
Мрежното другарство започнува како предлог, како помисла која стигнува на е-маил адресата, дали сакате да се логирате т.е. вмрежите? И ако има слободна согласност продолжуваме со климањето на главата преку тастатурата, а понатаму онаа мудра алатка наречена андроид, културна на ниво, љубезно те прашува, дали сакате да овозможите пристап до вашиот телефон, преносен уред, статичен компјутер,
Помислите доаѓаат од ѓаволот. Совршениот човек нема помисли. Христос немал помисли, а и Богородица исто така. Ангелите немаат помисли, светителите немаат помисли. Тие достигнале совршенство. Помислите се подолу од небото, а сето она кое што е несовршено, не е рај. Не сите помисли се зли и лоши, ние сме луѓе и имаме помисли.
Молитвата е храна. Ако некое лице е живо, тоа има потреба да јаде. Сепак, ние не еднаш во денот се поткрепуваме со храна. Така и духовно- душата исто има потреба од храна. Но, тука треба да се разбере за живата потреба да се пие водата на животот, а не формалност, не навика, не ритуал. Живата Вода е Словото Божјо. Кога постои таа жед,