логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 IV

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ


Свети Јован во едно од неговите посланија вели: „Совршената љубов го изгонува стравот“.  Што сака со ова да ни каже светителот? За каква љубов и за каков страв ни говори? Псалмопејачот (Давид) вели: „Имајте стравопочит кон Господа сите праведници Негови“.  Вакви изреки наоѓаме на многу места во Светото Писмо. Според тоа, ако светителите кои Го љубеле Бога и имале стравопочит кон Него, како можеме да кажеме: „Љубовта го изгонува стравот“? Св. Јован сака да ни каже дека постојат два вида на страв: еден е уводен, а другиот е совршен; едниот, својствен за почетници – во побожноста, додека другиот е за совршените во нивната светост, кои стекнале вистинска љубов.

Првите се оние кои ја исполнуваат Божјата волја преку страв од осуда; односно, тоа се почетниците. Она што го прават, не заради самото добро, туку заради страв од маки. Други пак ја исполнуваат Божја волјата заради љубов кон Самиот Бог, Го љубат Него и знаат што е прифатливо за Бога. Таквиот човек пребива во добродетел и знае што значи да се биде со Бога. Гледаш! Тоа е човек што има вистинска љубов, а св. Јован ја нарекува совршена љубов, и таа љубов човекот го води кон совршен страв. Тој се плаши од Бога и ја исполнува волјата Божја не поради страв од казнување, ниту за да избегне осудување, туку затоа што, како што рековме, вкусил од благоста на пребивањето со Бога; се плаши дека ќе отпадне од таа состојба; се плаши дека ќе се одврати од неа. Тоа е совршен страв кој се раѓа од совршената љубов и го отфрла уводниот страв. И ете затоа тој (апостолот) вели дека совршената љубов го исфрла стравот надвор. Но, невозможно е да се дојде до совршена љубов, освен преку тој уводен страв.


Постојат, како што вели св. Василиј, три состојби преку кои Му угодуваме на Бога.  Првата состојба е стравот од казна; тоа е кога се наоѓаме во состојба на роб. Втората состојба е кога робовите работат за надница, исполнувајќи ги должностите. Третата состојба е онаа на синовите, кога се стремиме за „високо“ добро. Така на пример, кога синот станува возрасен, ја исполнува волјата на својот татко не бидејќи се плаши да не биде казнет, ниту дека ќе добие награда од него, туку дека тој знае дека е сакан од својот татко. Тој го сака и го почитува својот татко и уверен е дека целиот имот од татко му е негов. Таквиот човек е достоен да слушне: „Затоа не си веќе роб, туку син... наследник Божји преку Христос“.  Како што рековме, тој повеќе не се плаши од Бога со тој уводен страв, туку навистина Го сака, како што вели св. Антониј: „Не се плашам повеќе од Бога, туку Го сакам“. 

А Господ го забележал стравот кога му рекол на Авраам да го жртвува синот: „Еве, сега знам дека се плашиш од Бога“,  На што се однесува тоа: „Сега знам“? Авраам бил милосрден и направил многу нешта од послушност кон Бога и не го поштедил својот единствен син, патувал од место на место во непозната земја меѓу идолопоклоничкиот народ, каде воопшто не постоел никаков страв од Бога, и како врв на сè претрпел стравотен тест на жртвување на својот единствен син. На крајот, Бог му вели: „Сега знам дека имаш страв Божји“, укажувајќи дека совршената љубов им припаѓа на светителите. Тие не ја исполнуваат волјата Божја од страв заради казна или заради добивање на награда, туку од љубов, се плашат да направат нешто што е против волјата Божја. Заради тоа апостолот вели: „Љубовта го отстранува стравот“. Тие не работат со страв, туку се плашат затоа што љубат.


Тоа е совршен страв, но совршениот страв не може да се појави ако човекот нема уводен страв. А во Светото Писмо е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господ“,  и уште: „Стравот Божји е почеток и страв“.  На почеток тој го именува како уводен страв, а подоцна следи совршен страв на светителите. Уводниот страв припаѓа на нашата состојба, тој ја чува душата, како калај. Напишано е: „Со стравот Господов секој ќе се отклони од злото“.  И така, оној кој бега од злото заради страв од маки, или како роб кој се плаши од својот господар, тој постепено доаѓа до тоа да прави добро и започнува да се надева на награда заради неговите добри дела, како што е случајот со наемникот. Ако постојано го избегнува злото, како што рековме, слично на роб, и правејќи добро заради надеж, слично на наемникот, пребивајќи во добро со Божја помош, и сразмерно на тоа соединувајќи се со Бога, конечно тој ќе вкуси и ќе дојде до некое искуство на Бога и никако нема да посака да се одвои од него. Затоа што, како што вели апостолот, кој може таквиот да го издвои од љубовта кон Бога?  Тогаш тој достигнува мерка на син и го сака заради самото добро, и се плаши бидејќи сака. Тој е оној голем и страшен страв.

Учејќи нè за разликата на еден страв од друг, пророкот (Давид) вели: „Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате стравопочит кон Господ“.  Обрнете внимание на секој збор на пророкот, бидејќи секој негов збор има сила. Прво вели: „дојдете кај мене“, повикувајќи нè на добродетел. Потоа додава: „чеда“. Светителите ги именуваат чеда оние кои се преобраќаат од нивните зборови од зло кон добро, како што и апостолот вели: „Чеда мои, за кои сум пак во родилни маки, додека не се обликува во вас Исус Христос“.  Потоа повикувајќи нè кон Него и подготвувајќи нè за ова преобратување пророкот ни вели: „Ќе ве научам на страв Господов“. Видете ја смелоста на светителот. Кога сакаме да кажеме нешто за духовниот живот, секогаш велиме: „Сакате ли да поразговараме малку и да се пробаме во стравот Божји или во каква било добродетел“? Но, светиот пророк не говори така, но со смелост вели: „Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате стравопочит кон Господ“; кој е човекот што посака живот и сака да види добри денови? А потоа, како некој да одговорил: „Јас сакам. Научи ме како да живеам и да видам добри денови“, а тој поучува говорејќи: „Воздржи го јазикот од зло и устата своја од лаги“. 

И така, тој најпрво го отсекува злото преку стравот Божји. Воздржи го својот јазик од зло: тоа значи не ја повредувај совеста на ближниот со ништо, односно не зборувај лаги и не биди избувлив. А устата твоја нека не говори лукавство: односно не го лажи својот ближен. Потоа пророкот додава: „бегај од злото“. Прво зборува за одредени гревови, озборување и лажење, а потоа зборува генерално за сите зла. „Бегај од злото“, значи бегање од сите зла и бегање од сè што води кон злото. Со тоа не запира, бидејќи додава: „и прави добро“; затоа што се случува некој да не прави зло, но да не прави ни добро. Некој не врши неправда, но не врши ни милост; друг не мрази, но и не љуби. И затоа добро рекол пророкот: „Бегај од злото и прави добро“. Така тој ни ги покажува резултатите од трите состојби за кои зборувавме: со стравот Божји се раководиме во отстранување на злото, а потоа нè повикува да се соединиме со доброто. Кој ќе се удостои да го отфрли злото и да побегне од него, воден од светителите, сосема природно ќе прави добро. Откако доследно го кажавме ова, тој нè води кон резултатите додавајќи: „барај мир и стреми се кон него“.  Не рекол само „барај“, туку упорно стреми се кон него, за да го достигнеш. 

3.angeli.so.truba

 

Продолжува

 

 

 Преподобен авва Доротеј
(кратки податоци за неговиот живот)

Авва Доротеј живеел кон крајот на шестиот и во почетокот на седмиот век. Својата рана младост ја поминал во изучување на светските науки и бил многу работлив. По завршувањето на своето образование извесно време живеел во својата татковина, недалеку од манастирот на авва Серида, можеби во Аскалон и во Газа. Бил во добра имотна состојба. Набргу потоа им се доближил на двајцата големи старци Варсануфиј и Јован, чии поучувања го расположиле да остави сè, да биде замонашен во манастирот на авва Серида, каде живееле и тие двајцата. Под нивно раковотство го поминал своето монашко воспитување. Впрочем, тоа било главно под духовно водство на старецот Јован, извршувајќи ги истовремено и послушанијата, кои му биле возложувани од самиот игумен на манастирот, кој во почетокот му дал задолжение да се грижи за странците и гостите, односно, за одделението, каде привремено престојувале многубројни посетители на манастирот; по ова послушание, бил задолжен со тоа да ја води манастирската болница и да се грижи за лекувањето на болните монаси.

По смртта на авва Серида и на духовниот старец Јован, нивниот заеднички учител, великиот Варсануфиј, потполно се затворил во својата келија. Тогаш и преподобниот Доротеј се оддалечил од општежитието на авва Серида и станал игумен на еден друг манастир. Веројатно од тоа време потекнуваат неговите поученија, кои ги изговарал пред своите ученици. Од него се запазиле до денес дваесет и едно поучение и неколку посланија. Тоа е сè што ни останало во наследство од списите на овој духовен отец, светлината на чие учење се раширила не само во манастирите и меѓу монасите, туку и меѓу христијаните насекаде во светот. Се претпоставува дека се упокоил во Господа околу 620 година. Неговиот спомен се празнува на петти јуни.

(Продолжува)

АВВА  ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА

ИЗРЕКИ И ПОУКИ

Скопска православна епархија


СОДРЖИНА:


Прв дел: Поуки

I. За одрекувањето
II. За смирението
III. За совеста
IV. За Божјиот страв
V. За потребата од советување
VI. За неосудување на ближниот
VII. За самоукорувањето
VIII. За злопамтењето
IX. За лажењето
X. На патување по Божјиот пат со будност и трезвеност
XI. За брзото отсекување на страстите пред да постанат лоша навика
XII. За стравот од идните маки и за тоа дека оној кој сака да се спаси не треба никогаш да биде немарен
XIII. За спокојното и благодарствено поднесување на искушенијата
XIV. За структурата и складноста на добродетелите на душата

Втор дел: Пасхалната тајна
XV. За Светиот пост
XVI. Толкување на Пасхалната химна на св. Григориј Низијанзин
XVII. Толкување на химните на св. Григориј во чест на мачениците

Трет дел: Прашања, одговори и поговорки
XVIII. За односите на настојателот и неговите ученици во манастирите
XIX. Разговор со економот
XX. Одговор до некои испосници кои го прашале аввата што мисли за посетите
XXI. За бесчувствителноста на душата и за недостигот од љубов
XXII. Поговорки за духовниот живот

5ти јануари 2020 лето Господово

АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (1)

АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (2)  ...

 Друго:

 

Друго:

 

 15ти јули 2020 лето Господово

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная