Средба на Архиепископот со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго
На 4.7.2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан оствари средба со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго. Г-ѓа Славица е долгогодишен хорист во САД која покрај руското, го користи и македонскиот напев на црковните песнопенија. Таа е автор и на неколку црковни композиции.
Извор:http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/slavica-melenichuk-2022/
Друго:
Нешто што ми остави преголем впечаток и морам посебно да го потенцирам е неизмерната кротост и љубезност на монасите. За нив воопшто не беше важно дали е некој Грк или Русин или Романец или Македонец! Таму сите бевме ЕДНО. Сите не спојуваше љубовта кон Бога и НАШЕТО СВЕТО ПРАВОСЛАВИЕ. Не можам да опишам колку Му благодарев на нашиот Бог што ме удостои да ја почувствувам таа света соборност, тоа свето братољубие! „Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно! ...Зашто таму Господ дал благослов и живот вечен.“ (псалм 132: 1, 3) Да, на ова свето место навистина силно се чувствуваше Господовиот благослов!
...Овие размислувања ме потсетија на премудрите зборови на
Свети Јован Златоуст: „Често се молев да згасне потребата од Манастирите,
па и во градовите да настане таков добар поредок
што никогаш никому не би му било потребно да бега во пустина...“
пп