Постот, всушност, не е ништо друго, освен крстоносење. Ете, 40 дена треба да го носиме Крстот Господов. Кога постиш, речи си себеси: „Господ на Крстот умре, а мене ми е тешко денес да постам без леб!“ Кога човек ќе тргне во борба против гревот, тогаш гледа дека за време на постот, секој христијанин е крстоносец.
Смирен Божји човеку,
дар од Господа добивајќи,
ти го дарува народот свој велики Исаио –
извор силоамски за очистување,
Ангел Господов за посрамување на непријателот,
Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника. Празникот на 21/8 мај, е востановен во чест на чудата што се случувале над неговиот гроб. Имено, покрај многуте чуда што ги направил за време на животот (воскреснал мртви, исцелил болни, ја скротил бурата на морето, а кога патниците на бродот немале вода за пиење солената вода ја претворил во
На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ.
Сликата на Јоеан Богослов е орел кој се издигнува до небото. Често ни се чини дека главната работа е овде на земјата, но треба да се потсетиме на големата мистерија на Јован Богослов - празната гробница од која исчезна. Овој гроб не потсетуеа на небесната Татковина, каде треба да ги насочиме нашите срца, каде треба да го пренесеме својот капитал, каде треба: да си изградиме куќа и каде треба да се трудиме дење и ноќе.
Благочестива усто на откровението,
на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,
да знаеме и да веруваме, да поимаме и да љубиме
по твоето сведоштво смрт да не видиме
и Него да Го дочекаме со мир во душите.
Незлобливоста твоја свети Акакие,
ја привлече Љубовта да загосподари со тебе,
исповедувањето на вистината
венец маченички ти донесе,
моли се за нас храбри војниче Христов
И многу други, како што соопштува божествениот Лука, и говори, Му служеа на Христа и на Неговите ученици, со својот имот. Тие го проповедаа воскресението и ни кажаа многу догмати, за уверување и известување на вистинитоста на Христовото воскресение. Црквата Христова прими по Тома да се празнуваат и тие, кои први го видоа Христа воскреснат од мртвите,
Овие жени се првите вистински сведоци на Воскресението, а Јосиф и Никодим беа сведоци на погребението. Сето ова е мошне значајно и совршено ја резимира христијанската догма. Никодим беше веднаш избркан од синагогата, бидејќи не го делеше мислењето на Јудеите. Јосиф, пак,
„Благословено да е Името Господово“ –
восклик на победа во маките твои
о Јове свети, кои во радости се претворија,
бидејќи душата твоја знаеше, Кој е Творецот нејзин,
Твоето срце миомирисно семе Христово постана,
О, Ирино света девственичке,
од него Господ за себе мноштво народ подигна,
душата ти, палмина гранка на мирот се покажа,
О, Ирино света великомаченичке,
до која непријателот не можеше да се допре,
Девице света, Пелагио Христова,
вистината го озари умот твој и исполни срцето,
со неа се излечи душата твоја,
радувај се сега во небесните дворови и погледни на нас,
кои денес го празнуваме чесниот ти спомен,
Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,
о, свети маченици Тимотее и Мавро,
за да по вашите молитви измолиме
милост голема, од Оној Кој во маките
Ова е доказ дека молитвата навистина влијае на организмот на клетките и субцелуларниото ниво.
Молитвата не е само заборови. Таа произведува осцилации на одредена фреквенција. Одамна е докажано дека молитвата ја менува структурата на водата. На крај, осветената богојавленска вода не е мит туку научен факт.
Треба да се плашиме од верувањето во соништата. Свети Јован Лествичник вака пишува: „ Постои таков демон кој, штом ќе легнеме да спиеме, доаѓа и пушта врз нас стрели од лукави и нечисти помисли, за да не се наоружаме поради мрзливоста молитвено против него, и да заспиеме со валканите помисли, за потоа да имаме валкани сновиденија“.
Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,
исповедниче на православието,
учителу на верата која спасува,
преку тебе Духот Свети вселената ја поучи,
преку тебе учиме да разликуваме духови.