Црква Света Петка-Црниче,Скопје, Македонија
Известување,
Редослед на службите за првата недела од постот:
-Понеделник, вторник и четврток, утрена, часови,изобразителна и вечерна со почеток од 07.30ч.
-Среда и петок, утрена, часови, изобразителна, вечерна со Литургија на Претходно осветените Дарови, почеток во 07.30ч.
-Сабота - Тодорова сабота.
Златоустова литургија, со почеток во 08.00ч.
-Недела на Православието.
Василиева литургија со почеток во 08.30ч.
Вечерните почнуваат во 17.00ч.
-Од,Понеделник до четврток читање по еден дел од Великиот Канон на св. Андреј Критски и се продолжува со Големо повечерие.
-Петок со почеток во 17.00ч. мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица.
Посен Триод
Посниот Триод го содржи редот на богослуженијата од Неделата на митарот и фарисејот до Велика сабота-последниот ден од велигденскиот пост. Песните имаат покајничка содржина, која соодветствува на пред велигденскиот период, за разлика од песните во Цветниот Триод кој имаат торжествено емоционална.
Одите (песните) од Посниот Триод, доколку се слушаат и пеат со особено внимание во храмот, предизвикуваат длабок порив во душите и срцата на верниците и свештенослужителите, кој резултира со вистинско покајание и преобразба на животот, за да постанат ,,нова твар'' според образот Христов, и да го здобијат царството небесно.
За да го здобиеме,царството небесно,потребно ни е познавање на Христовото учење но и живот според него, како што вели св. Климент Охридски:,,Човек што не ја познава верата (православна) е како човек слеп,кој има нозе но нема очи за да стигне до целта,додека пак оној што ја знае, а не живее според неа, е како човек кој има очи, ја гледа целта, но нема нозе и не може да стигне до неа''.