логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 efrem

Блажен е оној кој копнее за Рајот, бидејќи и Рајот копнее за него, со радост му ја отвора својата врата, го прима во својата прегратка, го радува со песни во своите раце, широко му ги отвара своите пазуви и го сместува во нив. Но, се отклонува и бега од оној кој и самиот се отклонува од Рајот, бидејќи рајската врата, е врата на искушение, иако ги љуби луѓето. Затоа овде обезбеди се со клучот од Рајот и понеси го со себе. Духовна е таа врата која што толку копнее по тебе, која толку ти се радува и весели, бидејќи се знае, таа премудро ги мери оние кои што влегуваат низ неа – дали е некој мал или голем, по сечиј раст и заслуги сама се отвара и со својата мера покажува кој е совршен, а кој има недостатоци. Луѓето гледаат дека се пропаднало, богатството исчезна, телесните задоволства повеќе ги нема, убавината и власта исчезнаа и поминаа, и таму тие се потсетуваат на тоа и тагуваат поради тоа што се мачат, свесни се дека тоа што го стекнале е само сон, а нивното богатство – сенка. Го изгубија она што го имаа, а го најдоа она што го немаа, а несреќата која што толку ја мразеа ги снајде.


Тоа во што се надеваа повеќе го нема, тоа од што се плашеа, тоа и го најдоа. И тагуваат бидејќи се понижени и покрадени, бидејќи нивното некогашно пребивалиште било лажно, а сегашното мачење вистинско, што нивниот спокој исчезна, а казната е бескрајна. Ги гледаат праведниците и гледаат дека нивните страдања поминаа, дека нивните маки биле привремени, бремето краткотрајно, како никогаш и да не чувствувале тага, како нивниот пост да бил еден сон после кој тие стануваат како од сон и го наоѓаат Рајот и за нив припремената трпеза во Царството. За туѓинците рајската вистина е недостапна, но самиот тој ја нуди својата прегратка на оние кои што влегуваат во него. Радосниот поглед ги упатува праведниците, во себе го сместува целиот свет, опфаќа големо море. За туѓинците рајската вистина е недостапна, но самиот тој им ги нуди своите прегратки на оние кои што влегуваат во него. Радосен поглед им упатува на праведниците, во себе го сместува целиот свет, опфаќа големо море, тој на горните им е близок, на своите – пријател, а на туѓинците – непријател. Во неговата градина видов плодоносни смокви. Осудените со радост би си исплетиле венец од нивните листови и голите би сакале да се покријат со нивните лисја, но таа го посрамува голиот, и иако му ја покрива неговата голотија, му предизвикува тага, бидејќи во земјата на славата самата облека за голиот е срам.Кој е во состојба да ги изброи убавините на Рајот? Прекрасно е неговото устројство, блескав е секој негов дел, простран е рајот за оние кои обитаваат во него, светли се неговите одаи, неговите извори пружаат наслада со нивното благоухание, но кога тие се излеваат кон нас, го губат своето благоухание на нашата земја, бидејќи го добиваат вкусот на земјата и така стануваат питки за луѓето. Онаа волја, на Кого се се покорува, водите кои што го натопуваат Рајот ги собрала во вид на река, ги сместила на земјата и им заповедала да излегуваат на ист начин како што се создава и водата во внатрешноста на облакот, и оваа се разлева во воздухот, според заповедта на оваа волја.Ги украсил и ги збогатил со разноликост убавините на Рајот Уметникот кој и ги исткајал. Секој степен во Рајот е поукрасен од претходниот и во иста онаа мера во која еден друг се надвисуваат, толку и со убавината еден со друг се надминуваат. За најниските Бог го одредил најнискиот дел на Рајот, за средните – средниот, а за највисоките – највисокиот дел.


Кога праведниците се качуваат на степените кои им се одредени во наследство, тогаш секој во склад со својот труд праведно ќе биде издигнат на оној степен кој што го заслужил и на кого мора да пребива.Како што е голем и бројот и разликите во степените, така голем е и бројот и разликите во чинот на оние кои ги населуваат: првиот степен е одреден за покајниците, средината за праведниците, највисокиот – за победниците, а дворецот на Божеството е возвишен над се. И Ное на самото дно на ковчегот ги сместил животните, во средината птиците, а самиот, слично на Бога, обитавал во горниот дел на ковчегот. И на Синај јудејскиот народ стоел во подножјето на планината, свештениците на падините, Арон на средината, Мојсеј на висината, а славата Господова го покривала врвот на планината.Преку ковчегот и гората Синај ни е покажана тајната, каков е распоредот во градината на Животот. Во нив  Творецот ни ја прикажал сликата на добро уреденото, во се прекрасното и во се посакуваниот Рај. И висината и убавината своја, благоуханијата и растенијата свои, Рајот е ризница на сите богатства, тој е слика на Црквата.

Превод: А.Т.

Преземено: svetarevnost.mk

Извор:http://www.pppe.mk/2016/%d1%81%d0%b2-%d0%b5%d1%84%d1%80%d0%b5%d0%bc-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b8%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d1%98%d0%be%d1%82/#more-9407

efrem
05/08/2016 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная