логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

20 мај/2 јуни 2018 лето Господово    

Архимандрид Софрониј


Адам, таткото на вселената, во рајот ја спознавал сладоста на љубовта Божја. Поради тоа, кога бил изгонет од рајот, силно страдал и многу плачел, бидејќи бил лишен од љубовта Божја. Во неговата душа одекнувала мислата: „Го нажалив Бога, Кого толку многу Го сакам”. Не тагувал Адам толку многу за рајот и неговата убавина, колку што за загубената љубов Божја, која ненаситно, секој момент ја привлекувала душата кон Бога.


Адамовите маки ги преживува и секоја душа која Го спознала Светиот Дух, а потоа ја изгубила благодатта. Кога душата ќе Го нажали љубениот Господ, чувствува болка и силна тага.

Тагувал Адам на земјата и горко плачел и земјата не му омилела. Тој жалел за Бога и говорел:

„Тагува мојата душа за Господа и со солзи Го барам. Како да не Го барам? Додека бев со Него, душата ми беше весела и спокојна и ѓаволот не можеше да ми пристапи, а сега злиот дух завладеа со мене, ја влече ваму – таму и ја мачи, и затоа до смрт тагувам за Господа и копнее мојот дух кон Бога. Ништо на земјата не ме привлекува. Душата не сака со ништо да се утеши, туку сака повторно да Го види Него и со Него да се насити. Не можам да Го заборавам ниту за момент. Душата моја копнее за Него и од преголема тага воздивнувајќи ридам: ‘Боже, помилуј ме, мене, паднатото Твое создание’“.

Така плачел Адам и солзи му течеле низ лицето на градите и паѓале долу на земјата. Сета природа го слушнала неговото липање. Дивите животни и птиците замолкнале од тага, а Адам плачел, зашто поради неговиот грев сите го изгубиле мирот и љубовта.


Голема била болката на Адам по изгонувањето од рајот. Кога го здогледал својот мртов син Авел, а кој бил убиен од својот брат Каин, неговата тага постанала уште поголема, и тој се мачел со душата, плачел и мислел: „Од мене ќе се изродат народи и сите така ќе страдаат и ќе живеат во непријателство и ќе се убиваат едни со други“. Неговата болка била голема колку морето и може да ја сфати само оној чија што душа Го спознала Господа и увидела колку многу Он нас нè љуби.

И јас ја изгубив благодатта, па заедно со Адам повикувам:

„Помилуј ме, Господи! Дарувај ми дух на смирение и љубов!

О, љубов Божја! Кој те спознал, не престанува деноноќно да те бара, извикувајќи:

Тагувам за Тебе, Господи, и плачејќи, Те барам. Како да не Те барам? Си ми дал да Те спознаам преку Светиот Дух. Тоа спознавање на Бога ја поттикнува мојата душа со солзи да Те барам“.

Адам плаче:

„Не ми е мил овој свет. Не ми се мили високите гори, ниту шумите, ниту песната на птиците. Веќе ништо не ми е мило. Мојата душа е во голема тага: Го нажалив Бога. Кога Бог повторно би ме зел во рајот и таму би плачел и би тагувал: Зошто Го натажив Бога, Кого Го љубам?“

По изгонувањето од рајот, Адам силно страдал и многу солзи изронил од тага. Исто се случува и со секоја душа, која Го спознала Господа. Таа тагува за Него и вели:

„Каде си Господи? Каде си моја Светлост? Зошто го сокри Своето лице од мене? Мојата душа долго време не Те видела и затоа тагува за Тебе и плачејќи, Те бара“.

„Каде е мојот Господ? Зошто не Го гледам во својата душа? Што Му смета да живее во мене? Значи дека во мене го нема Христовото смирение и љубовта кон непријателите“.

Бог е Љубов, Која не може да се опише.

Одел Адам по светот, плачел од голема тага на срцето, со умот помислувајќи на Бога. Дури и кога телото изнемоштувало, не можејќи веќе да пролева солзи, неговиот дух горел кон Бога, зашто не можел да го заборави рајот и неговата убавина. Душата на Адам, повеќе од сè, Го љубела Бога и се прилепувала кон Него со силата на љубовта.

О, Адаме, ги пишувам овие редови, но ти гледаш дека мојот ум е слаб и не може да разбере како тагувала твојата душа за Бога и како си се каел.

О, Адаме, ти гледаш дека, јас, твоето дете, страдам на земјата. Мал е огнот во мене, само што не згаснала љубовта во мене.

О, Адаме, запеј ни ја нам Господовата песна за да се зарадува мојата душа во Господа и да започне да Го фали и да Го слави Него, како што Го фалат херувимите и серафимите, и како што сите небесни ангелски чинови ја пеат трисветата песна.

О, Адаме, татко наш, запеј ни ја нам Господовата песна, за да ја слушне сета земја и сите твои синови да го воздигнат својот ум кон Бога, насладувајќи се со звуците на таа небесна песна и заборавајќи ги своите неволји на земјата.



Светиот Дух е љубов и сладост на душата, умот и телото. Кој Го спознал Бог преку Светиот Дух, деноноќно се прилепува кон живиот Бог, зашто љубовта Божја е многу слатка. Ако ја изгуби благодатта, душата не престанува со солзи да Го бара Светиот Дух.

Кој не Го спознал Бога преку Светиот Дух, не може со солзи да Го бара и неговата душа постојано се бори со страстите. Неговиот ум мисли на световното и не може да Го согледа и да Го спознае Исус Христос. Он се спознава преку Светиот Дух.

 
Адам Го спознал Бога во рајот. По својот пад, Он со солзи Го барал

„О, Адаме, татко наш, зборувај ни нам, твоите деца, за Господа. Твојата душа Го спознала Бога на земјата, го спознала и рајот и сладоста и веселието. Сега си на небото и ја гледаш славата Господова. Зборувај ни нам, како се слави Господ поради Своите страдања, како се пеат песните на небото, и колку се убави, бидејќи се пеат со Светиот Дух.

Зборувај ни за славата Господова. Колку е Он милостив и ги сака Своите созданија.

Зборувај ни и за Пресвета Богородица. Колку е Таа прославувана на небесата и со какви песни е пофалувана.

Зборувај ни како таму се радуваат светителите и како блескаат од благодат. Колку тие Го љубат Господа и колку смирено стојат пред Него.

О, Адаме, утеши ја и зарадувај ја нашата нажалена душа. Зборувај ни за сè што гледаш на небото.

Зошто молчиш?… Погледни, сета земја тагува…

Или, пак, можеби од Божјата љубов не можеш ниту да се сетиш на нас?



Или ја гледаш Богородица во слава и не можеш да се оттргнеш од тоа видение, и не сакаш на нас нажалените, да ни кажеш утешен збор, за да ги заборавиме своите маки на земјата?

О, Адаме, татко наш, ти ја гледаш тагата на твоите синови на земјата. Зошто молчиш?

Адам вели:

„Деца мои, пуштете ме. Не можам да се оттргнам од љубовта Божја и да зборувам со вас. Мојата душа е ранета од љубовта Божја и се радува на Неговата убавина. Како тогаш, можам да мислам на земјата? Кој живее пред лицето Господово, не може да мисли на земни работи“.

„О, Адаме, татко наш, ти нè остави нас, твоите сирачиња? А ете, ние сме тажни на земјата. Кажи ни што треба да направиме за да Му угодиме на Бога? Погледни кон своите деца кои се расеани по светот, расеани со умот свој. Многумина Го забораваат Бога, живеат во темнина и одат во пропаст“.

„Немојте да ме вознемирувате. Ја гледам Мајката Божја во слава и како да се одвојам од тоа и да зборувам со вас? Ги гледам светите пророци и апостоли и сите тие се слични на нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји. Одам по рајските градини и секаде ја гледам славата Господова, зашто Господ е во мене, и ме направи сличен на Себе. Господ го прославува човекот со тоа што го прави сличен на Себе“.

„О, Адаме, ние сме твои деца. Кажи ни нам кои се мачиме на земјата, како се стекнува рајот, за да ја видиме и ние, како и ти, славата Господова. Нашата душа тагува за Господа, а ти живееш на небото и се радуваш на славата Божја. Те молиме – дај ни утеха“.

„Зошто повикувате кон мене, деца мои? Господ вас ве сака и ви ги даде заповедите. Исполнувајте ги, сакајте се едни со други и ќе најдете мир во Бога. Покајувајте се, секој миг за своите гревови за да Го пресретнете Господа. Господ рече: Оние кои Ме љубат, ги љубам, и оние кои Ме слават – ги прославувам“.

„О, Адаме, моли се за нас, твоите деца. Од многуте неволји, тажни се нашите души“.

„О, Адаме, татко наш, ти живееш на небесата и Го гледаш Господ, Кој седи во слава од десната страна на Бог Отецот. Ти ги гледаш херувимите и серафимите и сите светии и ги слушаш небесните песни, поради чија сладост, твојата душа ја заборавила земјата. Ние, пак, кои сме на земјата, тажни сме и многу копнееме за Бога. Ние имаме мал оган, за пламено да Го љубиме Господа. Соопшти ни нам што треба да правиме за да го здобиеме рајот“.

Адам одговара:

„Не ме задевајте, деца мои, зашто од сладоста на Божјата љубов не можам да се сетам на земјата“.

„О, Адаме, натажени се нашите души и неволјите нè измачија. Кажи ни нам слово утешно. Запеј ни нам песна која ја слушаш на небесата за да ја слушне сета земја и луѓето да заборават на своите неволји… О, Адаме, многу сме натажени“.

„Не ме гибајте. Времето на моето ридање заврши. Од убавината на рајот и сладоста на Светиот Дух, не можам да се сетам на земјата. Но, ви велам: Господ вас ве љуби. И вие живејте во љубов, бидете им послушни на старешините, смирувајте ги своите срца и Божјиот Дух ќе живее во вас. Он доаѓа тивко во душата, давајќи и мир и без зборови сведочи за спасението. Пејте Му на Бога со љубов и со смирен дух, зашто Он на тоа се радува“.

О, Адаме, татко наш, што треба да правиме? Ние пееме, но во нас нема љубов и смирение.

„Покајте се пред Господа и барајте. Он го сака човекот и сè ќе му даде. И јас многу се каев и тагував што Го нажалив Бога, зашто поради мојот грев изгубени се мирот и љубовта на земјата. Солзите ми течеа низ лицето и ми ги наквасуваа градите и земјата. Пустината го слушаше моето ридање. Вие не можете да ја сфатите мојата тага, ниту, пак, како плачев за Бога и рајот. Во рајот бев радосен и безгрижен. Светиот Дух ме веселеше и не знаев за никакви страдања. Но кога бев изгонет од рајот, студенилото и голотијата почнаа да ме мачат. Ѕверовите и птиците, кои беа кротки во рајот и ме сакаа, станаа диви, почнав да се плашам и да бегам од нив. Ме мачеа лоши мисли. Ме печеше сонцето и ме удираше ветрот. Ме врнеше дождот и ме мачеа болести и сите земни неволји, но сето тоа го трпев и цврсто се надевав во Бога.

Така и вие, принесете труд на покајание. Засакајте ги неволјите, исушете го телото. Смирете се и љубете ги непријателите за да се всели во вас Светиот Дух. Така ќе го спознаете и ќе го стекнете Царството Небесно.

А, мене не ме вознемирувајте. Сега, од љубовта Божја ја заборавив земјата и сè што е на неа. Го заборавив дури и рајот кој некогаш го загубив, зашто ја гледам славата Господова и славата на Неговите светители, кои од светлоста на лицето Божјо и самите блескаат, слично на Него“.

„О, Адаме, пеј ни нам небесна песна за да ја слушне сета земја, насладувајќи се со мирот на љубовта кон Бога. Сакаме да ја слушнеме таа песна: таа е полна со милина, зашто се пее со Светиот Дух“.

Кога го изгуби земниот рај, Адам плачел, барајќи Го: „Рају мој, прекрасен мој рају“. Но, Господ поради Својата љубов, преку крстот му дарува друг рај, подобар од првиот, рај на небото, каде е Светлоста на Света Троица.

Со што ќе Му возвратиме на Господа за Неговата љубов кон нас?


Извадок од книгата: Архимандрид Софрониј, Старец Силуан, Велес 2014, 469-475

 

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/adamoviot-plach/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная