Свети Серафим Саровски: Вера во Единородниот Син
Што се однесува, пак, до тоа што јас сум монах, а вие човек во светот, тоа не менува ништо. Господ бара срце исполнето со љубов кон Бога и ближниот бидејќи нашето срце е место во кое Тој сака да живее и каде Тој се јавува во полнотата на Својата небесна слава.
„Сине, дај ми го своето срце“, вели Господ, а сѐ останато Јас ќе наравам, затоа што во твоето срце може да се смести Божјото Царство.