Скопје, 16ти јуни 2020 год.- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец
Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј;
Светиот маченик Философ
(7 недела на Воскресение)
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 17:1-3
На 16ти јуни 2021година, во седмата недела на Воскресение(Недела на св.Отци), кога МПЦ-ОА го прослави споменот на Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ, во храмот на св. Јован Крстител,во скопската населба Капиштец, старешината на храмот, отец Жарко Пејковски во сослужение на ѓагонот Игор Трпкоски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата отец произнесе празнична беседа .
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Никој не може да и наштети на човековата душа, освен самиот тој. Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден. Но, и тоа да ни го прогледаше низ прсти, дури и такви какви што сме да нe примеше во Рајот, и таму ќе создававме проблеми. Затоа допушта овде да нe стресат искушенијата, за да се очисти нашата душа со жалости и плач, та да бидеме принудени да го најдеменашиот Спасител, т.е. да прибегнеме кон Бог.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец (26.02.2017)
- Воскресение Христово – Пасхална Литургија,храм на св.Јован Крстител, Скопје (19.04.2020)
- Архиерејска Божествена Литургија (07. 04. 2008 )