логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Nikola.Monashtvo.jpg

Лука 24: 36-53        Зачало 114
 
,,И ќе ве земам при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас<
(Јован 14: 3)
 
ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!
 
Возљубени христијани,
Никој од живите во тело не го видел Христовото Воскресение во таа темна ноќ или раното утро, кога тоа се случило. Така се случило, можеби, според самото својство на ова дејство, во кое и видливото Христово тело, преобразувајќи се во духовно и прославено, се издигнало над пределите од видливиот свет. Најверојатно, така било устроено, зашто сеуште не била созреана верата за едно вакво високо созерцание, зашто небесните јавувања, за оние, кои се подготвени со вера, чистота, Богољубие и смирение, претставуваат животворна светлина, а за неподготвените и неочистените, тие јавувања се молња, која поразува. Така било устроено, најверојатно, и заради тоа, да се даде место на возвишениот подвиг на верата, според судот Христов: ,,Блажени се оние, кои не виделе, а поверувале< (Јован 20: 29).
За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради немоќните во верата, каков што бил апостол Тома на денот на Воскресението, за да им се даде и ним поткрепа со очигледно сведоштво. Свети Лука сведочи дека, воскреснатиот и вознесениот Господ не го виделе само единаесетмината апостоли, туку и другите ,,што беа со нив< (Лука 24: 33).
Бидејќи Самиот Бог благоизволил, да биде достапна Неговата божествена светлина, да ја насочиме и ние нашата мисла, како очевидците, та поблиску и појасно да го видиме она, кое небесата го гледала со големо задоволство, како и земјата. Патеводител нека ни биде евангелското сведоштво на свети Лука.
Свети Лука пишува: ,,И ги изведе надвор од Витанија< (24: 50). Во четириесеттиот ден од Воскресението, Христос им се јавил на учениците во Ерусалим, па откако ги повел по градските улици, излегол од градот низ вратите, низ кои водел патот до Елеонската Гора.
А што се случува со славниот град Ерусалим? Па зарем не го виде ли овој град Распнатиот и Воскреснатиот Христос, но во својата жестокост не сакал да им поверува на своите очи? Или Го видел, но заради своето неверие, не бил удостоен да разбере Кој е Он, како што некогаш се случило со верните, но колебливи патници за Емаус? Или, пак, во своето заслепено неверие, сосема не го видел Оној, Кого верните во исто време Го гледале, слушале и допирале! Било што да е во прашање, станува збор за страшна слепотија. Колку жална судбина за славниот град! Христос се јавува среде христоубиствениот град, и тоа сеуште не како Судија, туку како Спасител. Он е подготвен да му даде покајание и да го помилува, но самоосудениот град не ја разбира времената посета, па Спасителот минува низ неговите улици и излегува низ вратите, не за друго, туку за да ги исполни Своите пророчки зборови: ,,Ете, ви се остава вашиот дом пуст< (Матеј 23: 38).
Да се плашиме од неверието! Да се пазиме од невнимателноста кон благодатните Божји посети, кои, на крајот, можат да се претворат во страшна слепотија. Можеби некој ќе приговори: зошто се сега овие сомнежи и стравови? Па зарем ние сме Јудејци? Кон која благодатна посета ние сме невнимателни? Навистина, ние не сме старозаветните Јудејци, но според Божјата благодат, ние сме новиот Израил. А ние знаеме дека древниот Израил, кој според верата и благодатта беше избран, а за неверието после верата, за гревовите после законот, што лични, што заеднички, честопати беше поправително казнуван, а на крајот, како непоправлив, беше и отфрлен. Според тоа, и ние, како нов Израил, зарем не можеме да бидеме загрозени од нешто слично?
Воскреснатиот Господ на Своите ученици им се јавувал не само во Ерусалим, туку и по патот за Емаус, и во Галилејската Гора, и на бреговите на Тивериадското Езеро. Се поставува прашањето: зошто Христос не им се јавил директно на местото, кое го избрал за Свое вознесение, туку во Ерусалим и ги извел надвор од градот? Без сомневање, како и секое дејство на Божјата мудрост, така и ова, исполнето е со длабоко предзначење. Тоа значи дека отстапува благодатта од древниот Ерусалим, кому му беше ветен Христос, но градот не го прими. Христовата крв, која во Ерусалим се пролеа за спасение на светот, за овој град се претвори во осуда, а со своето неверство и христоубиство, самиот се подготви за опустушување и разурнување. А за да не ги погуби човечките души, туку да ги спаси од средината на загинатите, Христос почнал да ги избира за Себе спасените. Он ги зел од древниот град најдобрите камења, па со уметност на небесната архитектура – со словото на вистината и спасението, ги очистил и подготвил за ново здание. Со ова, Христос покажал дека повеќе не му служи на старото и изживеаното, дека на стара кошула не се пришива ново платно, дека во стари мевови не се тура ново вино, па ја крои новата кошула на спасението, поставува нови садови на благодатта и гради нов и жив град на небесното царство на земјата. Он ги изнесува од древниот град, од Него избраните живи камења, на слободно, чисто и високо место, за тука да ја благослови новосоѕиданата Своја Црква, подобно на тоа, како што некогаш ја благословил Својата нова рајска творба. ,,И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови< (Лука 24: 50). Издигнувајќи ги Своите раце и пружајќи ги за благослов, Христос го дал небесниот и пренебесниот благослов до бескрај, до каде што достигаат Неговите раце, во кои се ,,сите краишта на земјата< (Псал. 94: 4). А со кои зборови ги благословил? Тоа свети Лука не го запишал, но веруваме дека тоа било поток од Божјата благодат, живот и сила, со кој ги исполнил не само избраните садови, кои стоеле пред Него, туку ја исполнил и сета Своја Црква, до последниот вистински христијанин, кој ќе живее пред Неговото второ и славно доаѓање. Најверојатно, кон овој Христов благослов, можеме да ги додадеме Неговите зборови, кои ги запишал апостол Матеј: ,,И ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот< (Матеј. 28: 20).
Свети Лука понатака ни сведочи: ,,И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небо< (24: 51). Забележете: евангелистот не говори ,,откако благослови<, туку ,,кога ги благословуваше<. Колку чуден начин на дејствување! Господ благословува, и сеуште не престанува да благословува, и продолжува да благословува, и во исто време се вознесува на небо. Што значи тоа? Тоа значи дека Он не сака да го прекрати Своето благословување, но продолжува бескрајно да ја благословува Својата Црква и сите кои веруваат во Него. Замислете, браќа и сестри, дека и сега, и денес, доколку веруваме, над нас се раширени Неговите раце, и Неговиот поглед, и Неговиот благослов. Каква е и колкава е таа радост за оние, кои Го љубат својот Спасител! Каков е тоа срам и страв за оние, кои во светската суета, забораваат на Него!
Местото, од кое започнува Вознесението, е Елеонската Гора. Зошто, за овој свет настан, е избранаа токму таа, а не некое друго место? Можеме да претпоставиме дека, таа и претходно била Негово избрано место, кое Он го осветил со Своето повеќекратно престојување и молење таму, а особено затоа што тука започнале Неговите спасителни страдања за нас, Неговите душевни таги и Неговото пролевање на крвава пот од многутрудната молитва. Ете, токму тоа место, каде што почнале страдањата, со Вознесението е претворено во место на прославување. Преку Вознесението на Елеонската Гора, Христос ни покажал дека Неговото страдање и прославувањето составуваат една логична целина во спасителното Божјо домостроителство за нас, една златна алка, изработена во работилницата на Божјата премудрост, за издигнување до небото на отпаднатото од рајот човештво.
А каде е местото, до каде што се простира Христовто Вознесение? Доколку постојат човечки зборови, со кои би се дал одговор на ова прашање, тогаш тие можеме да ги најдеме кај апостол Павле: ,,Слегнатиот е Истиот, кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни с#< (Ефес. 4: 10). Кон овие зборови, ќе ги додадеме и зборовите на евангелистот Марко, кој запишал дека вознесениот Господ ,,седна од десната страна на Бога< (16: 19), при што слушателот е должен да не си претставува во умот ништо телесно и сетилно. Многупати слушаме дека, некој човек за својот пријател знае да каже: тој е моја десна рака, но никогаш не го замислуваме човекот како вистинска десна рака, туку тоа е еден начин на изразување за блиското пријателство. Дотолку повеќе, ние не смееме да имаме телесни сфаќања за Бестелесниот и да го ограничуваме местото на Несместливиот и Секадеприсутниот. Слушајќи дека Христос седи од десната страна на Бог Отец, треба да сфатиме дека Он има една седржителна власт со Отецот, една слава со Него, една царска промисла за целиот свет, а особено за Црквата. Да не си дозволуваме брзоплето излетување на искушувачките помисли за оваа безмерна височина, зашто таму е ,,непристапна светлина< (1. Тим. 6: 16). Ако под создаденото сонце нашите очи изнемоштуваат од создадената светлина, тогаш, колку повеќе ќе изнемоштат очите на нашиот неочистен ум пред светлината на вечното Сонце на правдата, пред Кое и највисокте ангелски чинови ги покриваат своите лица. И погледите на апостолите не можеле далеку да го следат вознесениот Господ, зашто облак се испречил пред нивните погледи. И како што тие Му се поклониле во тој миг, така и ние, по скромниот поглед со вера кон небото, треба да паднеме на колена, па така да го почитуваме со молчешко благоговение ова неизречено величие.
Можеби за нас е неочекувано сведочењето на Евангелието за реакцијата на апостолите по Христовото Вознесение, зашто тие ,,се вратија во Ерусалим со голема радост< (24: 52). Можеби ние очекувавме дека тие ќе бидат премногу очајни и тажни од разделбата со својот божествен Учител и Спасител, но, ете, тие се радуваат. Зошто и од каде потекнува таа радост? Апостолите се радуваат зашто, дури сега постанува совршена нивната вера и им се отвора умот за разбирање на Христовите тајни. Тие веруваат и знаат дека Христос, како што со Своето воскресение ги разурнал вратите од пеколот и им го покажал излезот оттаму, така со Своето Вознесение ги отвора вратите од небото и им го покажува на верните влезот во него. Се радуваат, зашто нивната љубов постанува совршена; тие чувствуваат сладост, зашто нивниот возљубен Спасител се вознесува на небо во блаженство и слава, иако тие самите остануваат на земјата, заради подвизи и страдања. Се радуваат, зашто и нивната надеж постанува совршена; тие чекаат и претчувствуваат, дека вознесениот Господ, според Своето ветување, наскоро ќе им го испрати Утешителот, Светиот Дух, и дека, на крајот, според ангелското предвестување, ,,Овој Исус... ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото< (Дела 1: 11), и ќе дојде за да го исполни Своето второ ветување: ,,И ќе ве земам при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас< (Јован 14: 3). Амин!
  
  
протоереј Златко Ангелески
парохиски свештеник при црквата
Свето Благовештение - Прилеп



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная