СИНАКСАР - Крстопоклона недела
Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да не поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи не на страдањата на нашиот Господ Исус Христос.


...Нашиот небесен Отец го даде Својот Единороден Син да биде распнат на дрвото на омразата и крајната суровост - кое што го измислила човечката злоба. И Синот, висејќи така, колку што било потребно за да ја насити злобата на своите непријатели, умре. После три дена, Отецот го воскресна Синот и го запечати во срцата на луѓето своето ново дело.
Кога ќе погледнеме околу себе, со болка во срцето гледаме: луѓето стануваат сѐ повеќе нестрпливи, несочувствителни. Причините коишто придонеле до таквите појави се различни: економски тешкотии, раскошот на неколкумина и сиромаштијата на мнозинството, ниското ниво на култура и морал, конфликтите на меѓунационална основа,

Боже, помогни ни да имаме Христолик дух и здив на љубов, ширум да се отворат дверите на Твојата Црква. Помогни ни со другите да дејствуваме во Твојата љубов, како едно семејство, едно тело, за како чеда Твои, да растеме во Духот на соборноста. Амин.
Ги приклонувам колената пред Тебе, како блудниот син во древноста, Господи и Владико, поитај ми во пресрет и прими ме, та прегрнувајќи ме, дарувај ми залог за Твоето Спасение. Наместо наемник, син Твој повторно направи ме, Спасителу човекољубив
Светот засегнат од депресијата е лишен од радост и љубов. Тој свет е осамен и отуѓен, озлобен, ги загубил своите ориентири, свет во кој исчезнала вертикалната димензија и човекот се развива само во хоризонтала на постоењето, во бескрајно пусто разнообразие. Тоа е светот на кој нема што да му кажеш. Свет лишен од
Проливајќи срдечни солзи, да запееме со зборовите на Блудницата, Тебе, Отче и Боже на сите, да Ти припаднеме говорејќи: Ти згрешивме, отстапувајќи од Тебе и се направивме робови на похотите, прими го нашето покајание. 
Господи, засили ја нашата надеж да ги положиме сите свои грижи на Тебе, знаејќи дека Ти нè љубиш и за нас се грижиш. Помогни ни да ги исповедаме гревовите во смирение и вера, за обновени да Ти се вратиме. Амин.
Духовните плодови на љубовта се јасни: мир и радост во душата. Тогаш сѐ ќе ви биде блиско и мило, и ќе пролевате многу солзи за ближните и за сите созданија. Често, за еден љубезен поздрав, човекот во душата чувствува некоја радосна промена.
Всушност, ние, клириците, а особено монасите, кои немаме потреба да се грижиме за семејство и деца, ги разбираме тие услови, во кои живеат брачните христијани. Луѓето се принудени многу да работат, долго да патуваат до работното место и до дома, а навечер дома исто така имаат многу обврски…























