логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVIT312

Автор: јеромонах Пантелејмон (Шушња)

Тој го напуштил светот и се подвизувал во подножието на планината Шурјан во пост и молитва и пребивање во радост со браќата во Христа. Завршил Ликовна академија, иконопис и фотографија, отец Пантелејмон е прекрасен раскажувач со чие слово, натопено со благодат, од душевна криза излегле илјадници млади луѓе.

*

Никој не може да се реализира надвор од љубовта.


– Денес повеќе од кога било, сме стасани на крајот од улицата. Статистиката ни кажува дека секој десетти жител страда од депресија. Што тоа ни кажува за времето во кое живееме?

– Светот засегнат од депресијата е лишен од радост и љубов. Тој свет е осамен и отуѓен, озлобен, ги загубил своите ориентири, свет во кој исчезнала вертикалната димензија и човекот се развива само во хоризонтала на постоењето, во бескрајно пусто разнообразие. Тоа е светот на кој нема што да му кажеш. Свет лишен од Бог во кој радоста често се заменува со задоволство. Додека вистинската радост е поврзана со многу подлабоки механизми, таа на прво место е реализација на човек и е тесно поврзана со успехот во духовниот живот. Депресијата се појавува тогаш кога луѓето не го разбираат своето значење, смислата на своето посоење на земјата.

– Некои од луѓето кои страдаат од депресија, не се избавуваат од лоши помисли дека животот е лишен од смисла. Ние не избираме да се раѓаме или да не се раѓаме, како што не избираме кога ќе умреме.

Advertisements
Report this ad

– Единствена смисла на животот е спасението. Само што луѓето често си мислат дека спасението е нешто такво, кое ни се дава по некаква конечна пресуда ако сме направиле некакви добри дела. Спасението е блажено, тоа е рај. Рајот не е некакво место. Рајот е состојба на взаемен однос со Бог, кој се доживува уште тука, на земјата. Тешко е да се засака идеа. Затоа Бог станал човек, за да нѐ научи дека можеме да Го сакаме, а исто така да ги сакаме оние кои се до нас.

Спасението е динамика на взаемен однос на љубов со сите воздигнувања и паѓања. Никој не може да реализира взаемен однос надвор од љубовта. Луѓето зборуваат дека Бог не е сам, Бог е взаемен однос (Троичен), а ние сме создадени по Негово подобие. Радоста треба да биде споделена, таа не се доживува во осаменост. Затоа велат дека најголема среќа е да сакаш и да бидеш сакан.

– Вие сте и свештеник. Бараат ли болните од депресија утеха во манастирот?

– Многумина доаѓаат за да најдат мир во манастирот, но тоа не значи дека лесно си ја отвораат душата. Тие можат да се препознаат по изгледот. Несреќниот човек е без сјај во погледот. Тој е потиштен, обземен, мрачен и често пати агресивен. Кога човекот не е задоволен од себеси, тој е агресивен. Тој е како ранет ѕвер, кој страда, опасен е и не дава да му се помогне. Но во мнозинството случаи, зад насилството не се крие злоба, туку страдање.

Бог никого не предава.

– Животот никогаш не бил полесен од сега. И покрај тоа страдањата во светот ги има се повеќе. Од каде доаѓаат?

– Депресијата е падната состојба. Таа произлегува од тоа што душата нема мир самата со себеси, со Бог и луѓето. Тоа е состојба на конфликт, внатрешена разделба меѓу душата и разумот. Отсуство на ревност. Депресијата на прво место претставува отсуство на љубов. Луѓето страдаат кога не можат да најдат засолниште во душата на другиот. Кога не можат да најдат бескорисна поддршка од страна на сличните на себе, тие се безнадежни и во односот со Бог, тешко можат да си го претстават љубовниот Бог. Дури и луѓето да ги предадат, тие како немоќни треба да знаат дека Бог е единствениот Кој не нѐ предава. Сепак, многу е тешко да се достигне таква мера на взаемен однос со Бог без да имаме врска со луѓето. Ние имаме потреба од потврда од блиските дека не се бесполезни во овој свет. Затоа не е можно избавување од депресијата без таа безусловна љубов, која не бара ништо на земјата, која не суди и не обвинува, туку прима и успокојува.

– Сакајќи ги вистински очајните, можеме ли да им помогнеме да се излекуваат?

– Ние еден за друг сме како Бог, ги успокојуваме, ги охрабруваме, им даваме засолниште како пристаниште за време на бура. Да ги поддржуваме и да бидеме прибежиште за нив. Кога го храниш другиот, со тоа го храниш Бог, кога го прегрнуваш, тој како да се облекува со тебе и веќе не му е студено. Кога му зборуваш, тој се стоплува од зборовите. Љубовта е единственото спасение. Јас сум сретнал луѓе кои ја надминаа состојбата во себе, блиска до патологија. Тие не беа мирни, бидејќи не можеа да простат, таа состојба ги попречуваше, внатрешно ги разоруваше. Кога успеаја да простат, да се помират, да го примат во срцето оној кој им погрешил, тогаш се променуваа. Само треба да имаме трпение. Единствено постапувајќи со взаемен однос на љубов со другите, можеме да ја угасиме жедта на човекот. Кога човек наоѓа мир во некаква врска, тој си доаѓа при себе. Затоа треба да се избавиме од опседнатоста со своето „јас“.

 – Односно, да се откажеме од егоизмот?

– Егоизмот, сопствената волја е нашиот најголем непријател. Тие нѐ тиранизираат и нас и другите. Ние не можеме да имаме взаемен однос со другите без да се отфрлиме себеси. Ако јас не се отфрлам себе си, односно барам од другиот да е сличен на мене, да се согласува со мене во размислувањето, да го гледа светот исто како и јас, тоа значи да го поробам, да го лишам од слобода. Тогаш неговото битисување го израмнувам со нула и тој повеќе не може да се развива. Тој ќе почне да се заштитува и да се оддалечува од мене, бидејќи чувствува дека се стремам да го оттргнам, дури и ако го компензирам тоа со нешто надворешно. Му давам подароци, но во суштина јас го владеам, го поробувам, го претворам во аксесоар, со кого можам да се закитувам. На крај повторно се чувствувам осамен.

Кога си ослободен од самиот себе и од служењето на сопственото јас, ти започнуваш да мислиш вистински за другиот. Мислиш што да направиш за него без да чекаш тој да те помоли. Дома да го чекаш со некаква вкусна храна? Да му донесеш чаша вода? Да му направиш место? Што може да е поубаво од тоа да отидеш да го покриеш кога ќе заспие? Суштината е во тоа што само кога се отфрлуваш себеси, ти се откриваш и го наоѓаш другиот. Ти го покоруваш, кога се откажуваш да го покориш. Колку посилно сакаш да го потчиниш и контролираш, толку повеќе си осамен. Колку повеќе се предаваш во услуга на другите толку повеќе си опкружен со луѓе. Луѓето би требало да личат на свеќи, кои горат, светат и ги топлат и другите. Ти си среќен не кога земаш, туку кога даваш.

– Незадоволството од тоа што го имаш исто така предизвикува депресија. Мнозина од луѓето вечно се измачуваат по нешто „друго“. Постојано животот им е на друго место. Зошто тие не го наоѓаат своето место и смисла?

– Зад многуте барања на човекот е скриена неговата потреба од Божественото. Луѓето го бараат Бог. Тие страдаат од својата слабост, чувствуваат дека можат да бидат нешто повеќе од тоа што се. Тие обично тоа го пренесуваат надвор од себе наместо да го акумулираат внатре. Се стремат да имаат, а да не бидат. Се стремат да владеат, наместо да даваат.

Неправилно ориентирани кон вредностите на овој свет, тоа почнува да се претвора во фрустрација (емоционална состојба на човекот, неисполнети очекувања или лишен од можноста да ја постигне силно посакуваната цел), бидејќи крајните работи не можат да ја задоволат душата.

– Некои луѓе имаат сè што им е потребно: работа која ја сакаат, доволно пари за цел живот дури и повеќе… И покрај тоа, тие се длабоко несреќни. Што им недостасува?

– Тие луѓе ги имаат предметите кои ги сакаат, си купиле круг од луѓе, но го испуштиле взаемниот однос со другите. Тие се зависни од материјалните работи, пред сè, поради неверувањето во постоење на друга реалност. Ако веруваш дека постои вечност, лесно се откажуваш од материјалните потреби. Повеќе очајно не собираш. Не се плашиш за утрешниот ден, придобиваш увереност, што значи, придобиваш вера.

Материјата само по себе не може да ти донесе среќа, исто како што не може да ти донесе уметничка или интелектуална слава. Не си среќен кога собираш, туку кога даваш. Вредностите, без разлика, дали се материјални, духовни или интелектуални, треба да се собираат, треба да се стекне духовна вредност со нашите добри и искрени постапки.

Човекот кога со егоизам се принудува материјално да натрупа, да собере повеќе капитал, едноставно го зема од својот природен приход – да биде во служба на взаемниот однос меѓу луѓето. Но материјата секогаш е една и иста, таа не се умножува. Чудно е кога ќе се замислиш дека водата која ја пиеме е иста, со исто количество, како и пред илјада години. Таа е истата вода која циркулира која не ја напушта планетата. Еден и ист дар за секого од нас.

– Јас во многу современи млади забележувам несреќен мазохизам. Тие го доживуваат страданието како сладострастие, како да се хранат со него. Сами си прават гнездо во депресијата.

– Произлегува едно извонредно, меланхолично задоволство, човачка болка со романтичен исход – да се насладуваме со некакви страданија, само затоа што засегаат во нас нешто од другата страна на инстинктите, му дава на човекот да ја почувствува својата душа дека е жива и вибрирачка. Неспособни да тргнеме по спасителниот пат на радоста (кој подразбира извршување на добродетели) ние го избираме широкиот пат на неспасителното страдање, кое прави граница засекогаш да не излеземе од таа состојба.

Да чувствуваш задоволство од болката, тоа е аномалија на душевното развивање. Тоа е уживање, а не радост! Тоа насладување со страдањето исто така е средство за докажување на слабите луѓе. Многу полесно е да се докажуваш деструктивно! Тоа е форма за излегување од анонимност, потреба од сочувство, тоа е несвесно молење за внимание. Не можеме да сме среќни секоја минута.

– Kaде и да погледнеш од секаде се пропагира моделот на успешен и секогаш насмеан човек. Среќата е императив, а депресијата срам, срамен печат. Во време на притисoк од општеството, неможноста за радост некои луѓе уште повеќе ги потопува во очајание.

– Претпоставката дека треба да сме среќни во секоја минута од животот, во основа е погрешна и раѓа уште повеќе фрустрации, бидејќи луѓето стапуваат во состојба на нереален утопичен модел. Животот – тоа не е постојана среќа, исто како што не е постојано насилство. Животот е испреплетен со страдание и радост, радоста често пати доаѓа како награда за страданието, доаѓа од исполнување на некој долг, задача, од тоа како ги исползуваш талантите, кои ти се дадени. Бог се трудел шест дена, а седмиот одморил.

Обземеноста од среќа по секоја цена е погубно. Тоа значи дека твоите желби те обземале во животот и станале нереални. Главно е да не го сакаш тоа, кое е невозможно и да се радуваш на тоа кое го имаш: и на убаво и на лошо, да наоѓаш смисла за сѐ што се случува со тебе. Да го исполнуваш со смисла секој испит во својот живот. Ако ги отфрлиме животните тешкотии, тогаш ќе ја отстраниме и радоста. Живот без грижи е исткаен со задоволства, тоа е живот во кој ја испушташ можноста да се самореализираш. Само опитите, проследени со дисхармонија и жртва оставаат трага во битието на човекот. Мислејќи на корист, како да ја добиеш, ти повеќе не гледаш со страв на тешкотиите и страданијата во животот. Ако погледнеш на состојбата на работите од аголот на вечноста, тогаш од тој свет ние ќе излеземе само со она, со што сме создадени.

– Паѓајќи во рацете на психолозите, депресијата се лекува како болест. Дури се препорачува метод за лекување во десет чекори… Можеме ли да ги излечиме душевните страдања според рецепта?

– Воопшто нема да дојдеш во добра состојба без духовен подвиг. Радоста не доаѓа на друг начин освен преку својот источник Бог, не се раѓа на друг начин освен преку преживеана љубов. А за тоа е потребно да ги очистиме очите и да погледнеме во другиот Божји образ. Да ги надминеме негативите и да погледнеме уште подлабоко. Отец Јустин, старешина на манастирот Оаша велеше, кога сакаш некого, ти си како во скафандер, со кого се нурнуваш во длабочините на океанот и на површината донесуваш богатство. Кога сакаш некого, ти го воодушевуваш, во него активираш сили, за кои тој не знаел дека ги има во себе. Сили скриени на дното на океанот.

Нашето битисување како човечки суштества е невозможно без љубов кон другите. Секој човек разоткрива во нас друг аспект од нашето постоење во светот. Ние можеме да сме многу различни во зависност од тоа колку длабоки богатства активираме во себе. Само преку преживување и взаемен однос ние се откриваме и се движиме напред кон нашиот вистински образ, кој е непресушен, кој е Бог во нас. Но, за жал, ние еден на друг се откриваме 1% од тоа кое можеме. Ние преживуваме намалена форма на себеси. Ние сме многу стиснати кон себе не си даваме право на живот. Ние не се сакаме како што треба.

– Некои луѓе се кршат од најразлични искушенија, а други, иако постигнуваат различни подвизи, во животот одат со крената глава. Зошто едните имаат сила да се спротистават, а другите не? Зарем тестото од кое сме направени е толку многу различно?

Животот на едните е многу тежок, не поради тоа што животот сам по себе е таков, туку поради тоа што тие не се расположени да ја видат светлата страна на животниот подвиг. Затоа главно е да најдеш смисла на секое искушение и страдание од кое се соблазнуваш. Ако го исполниш со смисла, тогаш ќе најдеш сила и смисла да одиш напред со исправена глава. Ако во него не најдеш смисла, тогаш ќе стигнеш до тоа што ќе те прекрши.

Ако човекот не се соблазнува од страданијата, тој би бил издигнат. Само животните искушенија го поттикнуваат да мисли подлабоко. Кога сѐ пред него е добро од сите гледни точки, тој застанува, не живее со целото битие. Не треба да се плашиме од страданието. Христос нѐ научил како да се ослободиме од него. Он го изгонил од Својот земен живот, надминувајќи го стравот од глад, неспиење, болка, дури и стравот од смртта, којшто нѐ држи во ропство. Стоејќи над стравот Он бил слободен. Стравот од тешките животни искушенија нѐ блокира и нѐ запира, ни пречи да сме нешто повеќе од тоа, кое сме. Треба да сме силни да мислиме на повеличествен живот. Треба да имаме сила да мечтаеме и да се видиме себеси воздигнати од нашите стравови и немоќи.

Според тоа среќните луѓе не знаат дека се среќни.

– Отче, вие го живеете рајот на земјата. А во градовите безумието и депресијата се чувствуваат како дома…

– Вистински свет е тој кој е создаден од Господ, а не тој кој го создал човекот. Монасите го оставаат светот. А ние сакаме да кажеме дека, влегуваме во светот, додека граѓаните излегуваат од него. Каква среќа е само да го слушнеш ритамот на природата, да го почувствуваш пролетното будење, како се натопува земјата, да видиш како распукуваат пупките!

Во градот помеѓу толку комуникациски интерфејси, се изгубила убавината на животот, таа обредна убавина на однесување на гестови и зборови, преку кои даваш чест се наоѓаат во тебе. Таа е заменета од голема наглост и дрскост. Селанецот знаел да искористи сè со убавина и смисла, вклучувајќи ги и алиштата. Секој раб имал смисла. Инструментите му биле украсени. Кога одел во полето пеел, за да го направи својот труд попријатен.

Денес човекот не се радува на трудот, зашто за него тоа е средство за собирање пари. Тој утилитаризам толку е присутен во градот што довел до загуба на духовните животни вредности. Во создавањето нема таинство, во взаемниот однос со другите ние не гледаме таинство во другиот, во него гледаме мерка за производство и експлоатација. Ние се експлоатираме едни со други, дури сме подготвени и Бога да Го експлоатираме.

– Што можеме да направиме, за да ги надминеме тие недостатоци, душевно да се исцелиме?

– Секој од нас може да се издигне над животот, но со потполна смисла, на тоа што се прави, кое го исполнуваш да се доближиш до Бог. Се осветуваш не само преку молитвата или одењето во црква, но и со секое свое дело и гест. Од тоа, како стоиш, до тоа, како работиш, како готвиш до тоа како садиш цвеќиња, како зборуваш со човек, како легнуваш да спиеш – сите наши секојдневни дејствија треба да се променат. Преку љубовта која ја носиме. Потребно е сè да исполниме со присуство на Бог. Смисла, таинство, убавина и радост.

– Велат дека вистинската радост е длабока, но и покрај сето тоа таа се менува. Зошто не можеме да ја фиксираме, да ја запреме на едно место?

– На радоста не треба да гледаме како на опиум, преку кого ќе заборавиме на страданијата од овој свет, не треба да ја бараме како богатство. Воопшто не треба да ја бараме! Луѓето кои континуирано се среќни на знаат дека се среќни, бидејќи својата среќа ја мерат со среќата на другите. Тие излегуваат од себе и живеат за другиот. Среќата доаѓа сама. И доаѓа како дар за тие кои знаат да го бараат другиот и Бог.

Сите тие високи цели на среќа се експлозивни во текот на животот – тоа се степени. Секоја од нив е награда за поминат степен, и не треба да запираме. Во нивна сенка Христос ни дава мир, кој никој не може да ни го земе. Он ни дава мир и таа постојана радост, која ги надминува нашите окови и нѐ прави слободни.

Превод: Свештеник Игор Пармачки

Православна светлина бр. 41

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2023/03/15/%d0%ba%d0%be%d0%b3%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0/?fbclid=IwAR1d8AKwj2WJ8sF1M8I3CNGmzjYnJS4_vtzRcFupwM-4_9gW9VC_3_WWn0Y

 Architecturally mind blowing. Архитектонски невероватно.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная