Дали е можно да го сакаш човекот, а да немаш доверба во него? Можно е. Вистинската љубов кон човекот воопшто не значи обоготворување на сите негови особини и преклонување пред сите негови дела. Вистинската љубов може да ги приметува и недостатоците кај човекот, исто така остро како и злобата. Дури и поостро. Но љубовта – не како злобата, туку по свое, на љубовен начин – се однесува кон недостатоците на човекот. Љубовта грижливо ја чува и спасува човечката душа за вечноста; злобата, пак, потопува, убива. Љубовта го сака самиот човек, не неговите гревови, не неговото безумие, не неговото слепило... И поостро од злобата го гледа целото несовршенство на овој свет.
Подвигот на духовна проѕорливост е да ги видиш сите гревови на луѓето и да го осудуваш сето зло, а притоа да не осудиш никого... Само човек, озарен од Бог, е способен за таква љубов.
Да, возможно е да љубиш и да немаш доверба. Но, зарем не е довербата обележје на отворената душа, и зарем не е отвореноста карактеристика на љубовта? Не; љубовта е поширока од отвореноста. И без отвореноста на душата, во овој свет, може да има љубов...
Архиепископ Јован Шаховски
ФБ на Марија Христова