логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer69


МОНАХОТ ШТО ЈА ИЗВАДИЛ МАЈКА СИ ОД АДОТ


Во пресрет на Велигденската Задушница, кога си спомнуваме за сите наши упокоени, отци, мајки, браќа, сестри и чеда наши, ви предложуваме еден расказ, за силата на молитвите и милостињата во нивни спомен:

Епископот Теодорит,  кој што живеел во V век,  разкажува како веднаш по неговата хиротонија за  епископ, дошол еден монах од многу далеку. Го сместил да се одмори и да се нахрани. Кога монахот се нaхранил забележал, дека ја користи само левата  рака и дека  десната рака му е завиткана со некакво искинато расо.
                Епископот го прашал, не од љубопитство, но од загриженост, зошто му е завиткана раката и уште повеќе, со едно старо заплашувачко расо, иако се гледаше по целата  облека дека не беше испокинат монах. Дури се обиде да го повлече расото, за да види, како што и се сомневаше, дали има некоја рана на раката на монахот, само што тој не му дозволи и ја покри брзо, бидејки започна да мириса неподносливо.
И монахот му го раскажа следното на епископот:
           — Ваше Преосвештенство, мојата мајка беше многу убава, прекрасна, меѓутоа за жал рано остана вдовица, и тргна по лоши патишта и стана блудница. Заради нејзината голема убавина, што ја поседуваше, собра голем број на  „клиенти” и стана многу богата, па така и јас пораснав со раскош и богатство.
Само што, кога пораснав и почнав да разбирам што се случува, згрозен од таа состојба на мајка ми, се оддалечив за извесно време од „компанијата”, и отидов во еден манастир.
              Сепак, во еден момент разбрав дека мајка ми ненадејно починала. И целиот огромен имот, кој што го придоби со гревови, стана мој. И тогаш, отидов и целиот тој имот го раздадов на бедните до последната пара и се вратив одново во пустината, молејќи се за спасението на мајка ми. Се разбира, и за татко ми, кој што починал кога сум бил бебе.
             Сепак, секогаш се молев на Бога, како монах, каков што сум, да ми покаже дали, сите дaрови што ги имав дадено на манастирите, што тогаш ги знаев, за да се молат за душата на мајка ми и да отслужуваат многу, 40 свети литургии,  помогнале за нејзиното спасение. После една година, отидов во Ерусалим и му ја раскажав на тогашниот патријарх целата историја. И тој ми рече:
           — Многу добрини си направил, си го разделил целото тоа огромно богатство на бедните и си разделил и на манастирите, за да отслужуваат свети Литургии спомнувајќи го името на мајка ти, сепак тоа што сакаш да разбереш каде се наоѓа душата на мајка ти, јас не сум способен да ти го одговорам. Ниту во Ерусалим и околината нема таков прозорлив старец, кој што може да те извести за такво големо откровение.
               Си зедов благослов од патријархот и отидов во скитовите на Тиваида и Египет. Таму се запознав со многу отци и пустинци, кои што ми кажаа за еден старец, кој што живееше многу длабоко во пустината, способен да ми помогне.
               И така, со една торба на рамо, со малку вода и леб, тргнав за да го најдам тој старец. Отците ми кажаа: „Во првата пештера, која што ќе ја видиш, таму ќе го најдеш”. И всушност, после триесет дена патување, го најдов во пештерата тој свет човек, кој што излезе од влезот на пештерата и ме пречека. Паднав пред неговите нозе, му се поклонив, му ги целивав краевите на прстите и со солзи во очите му раскажав за животот на мојата мајка и сè што бев направил за спасението на нејзината душа со милостина и Литургии.
                  — Дете мое, – рече – тоа што сакаш да го научиш од мене е нешто многу, многу големо. Сепак, штом си направил толку голем труд и си поминал толку многу пат, триесет дена, за да стигнеш до тука, ќе се помолиме на Бога двајцата заедно, за да ни каже каде се наоѓа душата на мајка ти.
И oткако излезе надвор, пред  влезот на пештерата, светиот аскет зеде едно камче, нацрта еден круг и ми рече:
            — Влези внатре во тој круг и застани право. И ќе стоиш право тука, без да седнеш седум дни. Ниту ќе јадеш, ниту ќе пиеш, ниту ќе мрдаш! Седум дена и седум ноќи право, постојано неподвижен ќе се молиш да се смилува Бог, да нè просвети и да ни ја открие состојбата на душата на мајка ти. Ќе го молиш Бога постојано со солзи, кои што секој ден ќе треба да стануваат сè повеќе. Ќе го правам и јас истото внатре во пештерата. И навистина бидна тоа, точно како што кажа светиот старец и прославен аскет.
            Кога дојде ноќта на седмиот ден,  умот на монахот беше грабнат на небото и во душевна екстаза го виде величието на Царството Божјо, исто виде и дека Бог присуствува и во адот и во рајот. И така, видов, да кажам, од левата страна – едно страшно езеро, едно блато полно со нечистотии, кал и неподнослива смрдеа. Една страшна смеса, која што вриеше и вриеше. Внатре во тоа страшно езеро, горешто и жарливо, како што ни претставува Откровението, последната книга на Новиот Завет, видов душите да одат нагоре – надолу. Ем се потопуваат во езерото, ем излегуваат нагоре, излегуваат  малку, како да си земат голтка воздух и пак одново внатре и пак одново надвор, до бескрај. Имаш чувство, исто како кога некој вари грашок или грав и со варењето, зрната одат нагоре-надолу – според него, на истиот начин видел како тие злочести души  се варат, одејќи нагоре-надолу.
И така, по некое време ја познал и мајка си, на која што ѝ ја видел главата. И таа го познала синот свој, кој што се наоѓал на крајот на езерото и извикала:
              —Моето дете,  МИЛОСТ!!!  ПОМОШ!!!
И одново потонала внатре, и одново излегла. Тој пат, таа се покажа до половината. И одново извикала: „Милост! Милост! Помош! Помош!”
                — Дете мое , помогни ми, помогни ми!!! Горам,се давам, се измачувам, страдам!…
И одново се потопила, и одново излегла по трет пат.
              — И болката ми беше огромна, кажуваше монахот, толку голема ми беше маката и таква ми беше желбата, што во моментот кога одново се потопуваше, брцнав со раката внатре, ја  зграпчив за косата и со огромна сила ја извадов надвор.
               И гледам до мене еден прекрасен златен куп. Од некакво место, од некаква скала…која што не беше и скала, не знам што точно беше, течеше бистра вода и го полнеше тој куп, без да се наполни и без да се испразни никогаш. И ја зедов мајка си и ја ставив внатре во тој куп и се изми и се исчисти и стана бела како снег. Потоа, ја извадив од купот и таму некакви младичи, селите облечени во бело, ѝ дадоа бели облеки, ја завија со нив и ја поставија во бројот на светиите.
           И таа, среде тие светли, блескави младичи, кои што се насладуваат во радоста на Царството Божјо, ми благодареше постојано и непрекинато, додека одново дојдам на себе. И се најдов утрината, при свршетокот на седмиот ден да сум повторно таму, внатре во кругот, молејќи се горешто за состојбата на душата на мајка ми, а потоа, се  разбира, да благодарам на Бога непрестајно.
Кога тој свет аскет ме праша:
            — Што виде, дете мое, таа вечер?
Му го раскажав истото тоа. И се разбира, детално раскажав, со риданија и благодаренија кон Бога и Спасителот наш, за бескрајното Му милосрдие, што ја извади душата на мајка ми од адот. Само, што раката моја, која што ја потопив во тоа страшно огнено езеро, горешто, и смрдливо, и сè до лактот, не беше просто изгорена – бидејќи се изгори во она езеро, но смрдеше одвратно.
               — Оче мој, – му реков на тој свет старец и аскет – многу те молам, направи нешто и исцели  ја раката моја.
И тој ми раскажа:
             — Не. Додека си жив, ќе ја покажуваш. Тоа е доказ за тоа каква сила има Светата Литургија, панихидите, молитвите со  бројаници и милостината за еден покојник.
И откина од своето расо, тој голем аскет и старец и ми кажа:
             — Завиј си ја раката. Сега местото ќе е благоухано. И за тие  што се сомневаат ќе ја разоткриеш, за да ја докажеш вистинитоста на историјата за душата на мајка ти.
              — Ваше Преосвешенство, отворете уште малку, за да ја видите сега целата рака.
И ја распови целата  рака. Владиката не издржа на смрдеата и избега од собата. Толку страшна беше смрдеата. Само што она расо, на благодатниот старец, беше расо осветено, па затоа и поседуваше такво благоухание.


Вечнаја памјат...

ФБ на  ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная