о. Јасен Шинев: НЕЗАДОВОЛСТВОТО КАКО БОЛЕСТ НА ДУХОТ
За жал, храмовите и христијанските општества се полни со незадоволни мирјани кои постојано се жалат и роптаат на секојдневните ситуации, луѓе со уморни погледи и истоштени светогледи кои се здружуваат и неутешно ја споделуваат болката на денот. Тие секогаш се жртви на околности и предмет на незаслужени озборувања и навреди. Тие се очајни во своите усилби и бедни во своите стремежи и поради тоа се неразбрани и инфериорни.