логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

СВЕТИТЕ ВСЕЛЕНСКИ СОБОРИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ МЕГДАНИ ЗА БОРБА НА СВЕТОТО ПРАВОСЛАВИЕ СО ЕРЕСИТЕ

1.Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, со учество на 318 свети отци. Посебно се споменува на 29 мај и во седмата недела по Воскресението. Овој собор ја изобличил Ариевата ерес против Бог Син.

2.Вториот вселенски собор во Цариград во 381 година, со 150 свети отци. Посебно се споменува на 22 мај. Овој собор ја изобличил Македониевата ерес против Бога Светиот Дух.

3.Третиот вселенски собор во Ефес во 431 година, со 200 свети отци. Посебно се споменува на 9 септември. Овој собор ја изобличил Несториевата ерес против Богомајката.

4.Четвртиот вселенски собор во Халкидон во 451 година, со 630 свети отци. Посебно се споменува на 16 јули. Овој собор ја изобличил монофизитската ерес.

5.Петтиот вселенски собор во Цариград во 553 година, со 160 свети отци. Посебно се споменува на 25 јули. Овој собор ја изобличил Оригеновата ерес.

 

 TviTER181.6.Vselenski

6.Шестиот вселенски собор во Цариград во 691 година со 170 свети отци. Посебно празнување има на 23 јануари. Овој собор ја изобличил монотелитската ерес.

 

TviTER181.7.Vselenski

7.Седмиот вселенски собор, пак, кој бил во 878 година со 367 свети отци, овој пат не се споменува, туку само посебно на 11 октомври. Овој собор ја изобличил иконоборната ерес.

На овие свети собори со дејството на Светиот Дух се осудени сите ереси и е објаснета и утврдена православната вера за навек.

СЛАВА НА ГОСПОДА И ВЕЧНА ПОФАЛБА!!!АМИН.

 

Друго:

TviTER181.7a.Vselenski

Историја на Вселенските Собори

Во досегашната историја на Црквата се одржани седум Велики Вселенски Собори. Првиот Вселенски Собор, се одржал во Никеја во 325 година, а повод за него било еретичкото учење на Ариј, кој Господа Исуса Христа Го сметал за создание, а не за предвечен Син Божји, како што учат православните Отци на Црквата. Никејскиот Собор, според зборовите на Св. Атанасиј Велики, е „разобличување на секаква ерес… бидејќи тој ја исповеда совршената и потполна вера во Света Троица… вера во којашто и ние се крштеваме и преку која се соединуваме со Бога“. На тој Собор е составен Символот на верата, кој потоа е дополнет на Вториот Вселенски Собор.

Вториот Вселенски Собор е одржан во Цариград во 381 година. Повод за неговото свикување била духоборната ерес, чиишто претставници тврделе дека Светиот Дух е создание, а не Бог. Црквата го отфрлила нивното учење и го дополнила Никејскиот Символ на верата, проширувајќи го осмиот член во којшто се нагласува дека на Светиот Дух Му припаѓа истата слава и поклонение како и на Отецот и Синот, со други зборови, дека според божеството е со иста чест како Отецот и Синот. Поради ова надополнување, како и поради изразувањето на верата во Црквата, едно Крштение, Воскресение и живот на Идниот век, востановениот Символ на верата се нарекува Никејско-Цариградски.

Третиот Вселенски Собор се одржа во Ефес во 431 година за да ги потврди одлуките на претходните Собори и да ја одбрани верата на Црквата од Несториевата ерес. Несториј сметал дека и на Божествената и на човечката природа Христова треба да ѝ припаѓа по една личност. Отците на Третиот Собор го отфрлиле неговото учење со кое би се внела поделба во Личноста на Господ Христос. На овој Собор е потврдено дека Господ Исус Христос е Една Личност со две природи: Божествена од вечноста, од Отецот и човечка, која ја примил во времето од Пресвета Богородица.

Несториј исто така велел дека Пресвета Дева Марија не Го родила Бога, туку човекот Исуса и затоа не Го прифатил називот Богородица, туку ја нарекол човекородица или Христородица. Бидејќи Исус нема човечка личност и бидејќи мајката може да биде само „нечија“ мајка, а не мајка на нешто, т. е. на природа, Марија Дева е навистина Мајка Божја, односно Богородица.

Несториевата заблуда во врска со Богородица произлегла од неговиот страв на Дева Марија да не ѝ се припишат божествени особини. Исповедајќи дека Дева Марија е Богородица и дека Го родила Бога во тело, Црквата сепак, не ѝ дава особини на божица. Таа не Го родила предвечниот Бог по Божествената природа, туку Бога Словото по човечката природа. Слегувајќи на земјата, Он зеде облик на човек, но не престана да биде бесмртен Бог, Кој од вечноста е во заедница со Отецот и Духот Свет.

Четвртиот Вселенски Собор е одржан во Халкидон во 451 година поради монофизитската ерес. Монофизитите (μόνη φύσις – една природа), го застапувале ставот дека Христовата човечка природа во Овоплотувањето до таа мера се слеала со Божествената што потполно се изгубила во неа. Православната Црква своето учење во врска со оваа догма го формулирала во таканаречениот „Орос“ (одлука), во кој е наведено дека Христос е овоплотениот Син Божји и Слово, Една Личност со две природи: Божествена, со која е едносуштен на Отецот; и човечката, после овоплотувањето, со којашто постана едносуштен со нас. Монофизитите поради своето погрешно учење направиле раскол во Црквата и останале до ден денес отцепени од неа (Копти, Етиопјани и Ерменци).

Петтиот Вселенски Собор го свикал цар Јустинијан во 553 година во Цариград за на него уште еднаш да се потврди учењето на Црквата за Господ Христос како овоплотен Син Божји. Во одлуките на Соборот се кажува за Исус Христос како за една Личност со две природи, така што по соединувањето, кое се случило со овоплотувањето, природата на Словото не се претворила во природа на телото, ниту природата на телото се претворила во природата на Словото. Цар Јустинијан ја напишал познатата Литургиска химна „Единороден Сине“ што зборува за Синот Божји Кој се овоплоти, беше распнат на Крстот и смртта ја победи, останувајќи и понатаму Еден од Света Троица.

Шестиот Вселенски Собор е одржан во Цариград кон крајот на 680 година и почетокот на 681 година. Повод за овој Собор биле монотелитската ерес (μόνο θέλημα = една волја) и моноенергитската ерес (μόνη ἐνἐργεια = една енергија). Поддржувачите на овие учења погрешно сметале дека Господ Христос имал една волја и една енергија. Наспроти нив, Свети Максим Исповедник велел дека во Христос постојат две природи и според тоа две природни волји и енергии, Божествена и човечка. Овие две волји и енергии се во меѓусебно општење и проникнување, а Едната Личност на Христос Богочовекот ги придвижува Своите природни волји и енергии и дејствува во нив.

Седмиот Вселенски Собор се одржал во Никеја во 787 година, а како повод му била иконоборната ерес. Иконоборците биле против почитувањето на светите икони во Црквата, тврдејќи дека тоа е грев на идолопоклонство. Бранителите на светите икони, Свети Јован Дамаскин и Свети Теодор Студит, истакнувале дека почитувањето на иконите е можно и правилно, бидејќи Синот Божји примил човечко тело: „Словото стана тело“ (Јован, 1, 14), и затоа како Овоплотен Бог може и да се наслика. Оние коишто ги отфрлале иконите, го отфрлале и Христовото Овоплотување и го сметале за привид и фантазија. Светите икони треба да ги почитуваме и да им се поклонуваме, но не и да ги обожуваме. Поклонувајќи се на Пресвета Богородица и на Светиите изобразени (претставени) на иконите, се поклонуваме на Прволикот – Господ Христос, Кој е темел на секој лик насликан на иконата. Секој Светија е повторен Христос, Кој и според ликот потсетува на Господа Христа. Затоа, поклонувајќи се на Светиите се поклонуваме на Самиот Господ Христос, Кому тие служеле и Кого со својот живот Го прославиле.

Соборите – израз на богооткриената вистина

Црквата на сите Вселенски и Помесни Собори, ползувајќи го богатото наследство на верата кое е забележано во Светото Писмо и посведочено во соборното искуство на Светите Отци, вложила огромни напори да ја изрази богооткриената вистина, одолевајќи им на сите бранови на еретичките учења. Во таа смисла одлуките на Соборите претставуваат неисцрпен и незаменлив извор на верата и сигурен патоказ во соочувањето на Црквата со сите подоцнежни, погрешни учења низ историјата.

(Продолжува…)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная