логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 TVITer111

Постепеното влегување во Царството Божјо, кое е внатре во нас, се повеќе го смалува просторот на “плот и крв, кои не можат да го наследат Царството Божјо” (1.Кор. 15:50). Ете зошто Светиите можеле да се хранат толку малку и истовремено да бидат физички силни луѓе. Небесната храна не е алегорија, туку чудо, со што истовремено не се намалува и нејзиното биолошко дејство.

Кога “сите човечки помисли составуваат една целина по Бога, тогаш и телото наследува помисла по Бога и се јавува духовна радост во срцето, која ја храни душата и го угојува телото, укрепувајќи ги обете” (ава Јован - пророк, Д II - 568). 

“Ние не можеме по своја желба да се откажеме од сластите (јадење и пиење), доколку на дело и со опит не ја вкусиме божествената сладост со сите свои чувства“ (блажен Диадох, Д II - 33). “Поверувај ми, брате, знам човек кој е на таков (духовен) степен што во текот на неделата, по еднаш, двапати, а и почесто се восхитува на духовната храна, и од нејзината сладост заборава на сетилната храна; кога доаѓа време да јаде леб, тој како презаситен, не сака да го вкуси“(ава Јован - пророк, Д II - 568).

“Вашите тела се храм на Светиот Дух кој во вас живее - рекол Апостолот“ (1 Кор. 6:19). Апостолските учења на Оците за човечкото тело како храм Божји, неразделно е поврзано со нивното учење за Невидливата борба. Оците го нарекле телото “природен манастир на душата“ и поучувале дека душата треба да го почувствува своето самотно пребивање во него, као во прибежиште, за да може да ги отфрли нападите на помислите и страстите, за да создаде во себе дом Божји. На таквото самотно пребивање внатре во себе, а посебно во срцето, на таквото соединување на вниманието на умот со срцето во сеќавање на Бога, е заснована не само заштитата од нападите во Невидливата борба, туку и стекнувањето на мир и услови за непрестана молитва. Човекот мора да влезе во својата внатрешна пустина за да може да отиде во ветената Земја.   

Сергеј Јосифович Фудељ☨

Bogosluzba.Sestrinstvo2

Подготви:

SL,  Чикаго

22ри декември 2020лето Господово

 

Друго: (Исповед свртена кон срцата, ...нам духовен завет )

Bogosluzba.Sestrinstvo3


Богослужењето е живо искуство на Царството Небесно

Bogosluzba.Sestrinstvo13

         „ Денес, сакам да разговарам со вас за една ризница која  ја поседува  секој од нас и која не би ја менувале  за ниту едно богатство на светот. Што е таа ризница? Тоа е секојдневно богослужење. Тоа е скапоцениот  бисер на монашкиот живот. Секојдневниот круг  на богослужење - тоа, може  да кажеме,е секојдневното  рајско блаженство!  Нека ни пријдат најбогатите цареви  и нека ни ги покажат сите свои богатства - ние сме побогати од нив. Нека се соберат најуспешните луѓе во светот и нека ни раскажат за своите победи - ние сме посреќни од нив. Нека пристапат најмудрите од мудреците - кај нас  во нашите раце е ризницата  на  највозвишената мудрост.“

 

Bogosluzba.Sestrinstvo10

 p.p

Декември 2020 лето Господово

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1370
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1651
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1498
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…