Тоа се случуваше на врвот од планината Синај каде што беше се искачил само Мојсеј; народот беше собран долу со забрана да не ги пречекори означените граници. Бог му рече на Мојсеја: „Ќе направам пред тебе да мине сета Моја Слава (...). Ти не можеш да го видиш Моето Лице, зашто човек не може да Ме види Мене и жив да остане.
Храната се осветува, а нездравото станува здраво. Овие психотропни адитиви, отрови Е, кои се наоѓаат во лебот, па дури и во сите производи, тогаш немаат деструктивно дејство врз човекот ако ги читате „Оче наш“ и „Богородице Дјево“.
Kога ќе ве надвисне облак на жалост, така што се чини дека нема никаков излез од таа состојба, тогаш спомнете си дека вие имате на Небесата Мајка, Царица Небесна, Која ве гледа, слуша и ги знае сите ваши душевни движења. Повикајте Ја со вера и Таа во тој миг ќе дојде кај вас и ќе ве избави од беда и неволји.
Послушанието го доведува човекот не само до телесна, туку и до духовна бестрасност.
Ако внимателно ги читате книгите на светите Отци, ќе видите дека многу од нив лесно станале светители, нивните души станале свети, а не правеле големи напори, ниту се жртвувале, ниту се подвизувале испоснички, но како? Го избрале послушанието.
Сфативте од каде потекнува послушанието.
Литургиската символика ни покажува дека врз Богородица се исполниле сите претскажувања на пророците и дека таа со своето влегување во ерусалимската Светиња на Светињите осветила сѐ, облагодатувајќи и обожувајќи ја паднатата природа на земните. Нејзиниот живот во храмот, живот во молитва и подвиг на трудољубие, го исполнил со благодат нејзиниот дух, кој сѐ повеќе и повеќе растел
✜✣✜
Тропар, глас 4.
Денес е почеток на милоста Божја, и навестување на човековото спасение. Во храмот Божји Дева јасно се покажува, и Христа на сите им Го предвестува; нејзе и ние гласно да ѝ запееме: Радувај се, исполнување на промислата на Творецот.
Така некои отци на Црквата и светиот Теофан го толкуваат ова влегување на Мајката Божја во храмот, во Светињата на светиите. Недопрена од гревот, неизвалкана од ништо, но веќе способна со чисто срце, со неосквернето тело, непомрачен ум да одговори на светоста, на славата, на чудесноста Божја, тригодишното девојче се
Кондак 1
Избрана од предвечниот Цар Богоотроковице Марие, на Ангелите и луѓето Царице, која си пристапила тогаш во храмот Господов во Светињата на Светиите, за девствено вневестување со својот Женик Небесен воспитувајќи се во Божјото Живеалиште, достојно поклонение усрдно Тебе Ти принесуваме. Ти пак, како многумоќна Застапничка наша, од сите беди и жалости ослободи нe', со љубов и умиление Тебе да Ти повикуваме:
За свети Јосиф Исихаст се вели дека во еден период бил совладан од тага. Тој побарал да биде одведен кај еден монах пустиник во една испосница за малку да се насмее.
„Ако успееш да поттикнеш друга личност да се насмее, ѓаволот и злото ќе пукнат“. Смеата е нематеријална добрина ( милост )....
Ракот најмногу се јавува кај очајни души, кај луѓе во кои има немир - напатени од разни случувања и оптоварени со грижи.
Ако некој се разболи и ќе му кажат дека е рак, целосно нека предаде се' на Божјата љубов. Смирете се, бидете мирни, сакајте го светот, сакајте сè.
О, Пресвета и Преблагословена Дево, Владичице Богородице! Погледни со Твоето свето око на нас кои стоиме пред Твојата света икона и со умиление Ти се молиме. Подигни нè од гревовната длабочина, просвети го нашиот помрачен ум од страстите и исцели ги душевните и телесните рани. Ние немаме друга надеж и помош освен Тебе, Владичице, не нè лишувај од Твојата небесна помош, туку застани пред нас со Твојата неискажлива милост и милосрдие. Спаси и помилувај нè нас кои пропаѓаме, подари ни исправување на нашиот грешен живот.
И не заборавајте доколку имате некоии потешкотии со самиот пост да го прашате за совет вашиот духовен отец или парохиски свештеник кој има благослов правилото на постот да го прилагоди на вашите телесни слабости.
Нека Господ Бог дарува крепко здравје и црвста воља за во радост да го дочекаме Неговото Рождество.
Пресвета Владетелке Богородице, само Ти единствената си чиста со душата и телото;
само Ти единствената си го надминала целомудрието и девственоста;
само Ти единствената си станала живеалиште на сецелата благодат на Светиот Дух!
Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој ги познава длабочините на срцето.
Колку пати си поставувам растојанија и подигам прегради помеѓу себе и гревот! Но мислата ги прескокнуваше преградите и волјата моја ги поткопуваше ѕидовите, - бидејќи растојанијата не беа опкружени со страв Божји и ѕидовите не беа подигнати на искрено покајание!