"Сатаната сака да не одвои од спасението, од соединувањето со Бога. А ние се соединуваме со Бога преку Светата Причест, преку читање на Светото Писмо, преку молитва.
Приметуваме дека нешто ни го одвлекува вниманието цело време: сме го загубиле молитвеникот, забележуваме прашина кај иконите или мислиме дека треба да преместиме некои од нив, кандилото ни се изместило..., сето тоа ни го носи сатаната бидејќи не сака да се молиме.
Или почнуваме да го читаме Светото Писмо и слушаме како некој ѕвони, некој ни вика и нешто друго што ни го одвлекува вниманието, нè нервира.
Или кога се спремаме за Причест - забораваш да постиш, не стигна до храмот, не стаса да отидеш на исповед или имаш некоја работа, гостите дојдоа или си се опијанил завчера, срамно ти е да одиш на исповед - многу причини.
А ако човек, на пример, веќе се подготвил, постел и се исповедал, и тогаш пак сатаната се обидува да го спречи во тоа, ќе се зачита навечер и се успива наутро, ако и тоа не успее, тогаш се обидува да го натера да мисли дека попот е лош, дека се однесува лошо со него, дека не го сака.
- Зошто?
Ако се одделите од свештеникот - ќе се одделите од храмот. Ако се одделите од храмот - ќе се одделите од Црквата. И ако се одделите од Црквата - значи, ќе се одделите и од Бога."
Протоереј Димитриј Смирнов
fb Pravoslavie.mk