„Некој отиде во пеколот, но сепак сакаше да има храм таму за да се моли. И покрај неговата грешност, тој го сакаше Бога и сакаше да се моли.
Почна да го мери просторот за да направи темел…
Еден ѓавол го прашал што прави?
Тој одговорил: „Сакам да изградам свет храм за да се молам“.
Ѓаволот бил загрижен бидејќи не било можно да се изгради храм во пеколот и се обидел да го спречи.
Не успеал и повикал други демони! Ниту тие не можеа. Тие го пријавиле тоа кај нивниот лидер…
И тогаш се собраа многу демони и го избркаа од пеколот, за да не изгради храм.
А старецот продолжи:
„Така и ние градиме храмови за да го претвориме пеколот во рај, и ако не успееме во тоа, тогаш [барем] ќе успееме да го спречиме ѓаволот да не прими во пеколот“.
(Поучна руска анегдота за градењето храмови. Свети Софрониј Сахаров му ја раскажал на своето духовно чедо, додека тие гледале како се гради храм...).
fb Православни Духовни поуки од Светите Старци