-Господ не го создал злото! Злото е отсуство на Господ во срцето на човекот, тој е отсуство на љубов, човечност и верба. Љубовта и верата се како топлината и светлината. Тие постојат. Нивниот недостаток доведува до зло.
Сега професорот замолчел.
Студентот се викал Алберт Ајнштајн.
Ако мајката го прекорува таткото, а таткото ја игнорира мајката, на децата ќе им биде многу тешко да го следат Христос. Секако, има светители кои потекнуваат од растурени семејства, од разделени семејства без родители и кои сè постигнале сами. Меѓутоа, сега не зборувам за децата, туку за обврските на родителите. Затоа што не создаваме деца само за да се забавуваме. Тоа е голема одговорност. И токму за тоа зборувам.
Кога последен пат сте клекнале пред Господа? Велиш дека имаш работа, одиш на предавања, се грижиш за семејството и не успеваш. Го знам сето тоа, но ти сепак често зборуваш за Него во твоето друштво, со твоите пријатели и познаници. Но, колку често разговараш со Него?
Покајанието е прв степен кон осветувањето.
Најпрво, оној кој се подготвува за исповед треба да го испита своето срце. За тоа е потребно човекот да се подготвува неколку дена – да пости, да чита духовна литература, поинтензивно да се моли, да чита совети и поуки за светата Тајна Покајание, да се потсети на своите гревови и да ги запише.
Христос влезе во Ерусалим и излезе на доброволни страдања за нас кои се именуваме со Неговото име.
А ние? Ќе го сведочиме подражавајќи го Неговиот живот или ќе ни биде само декор во нашите животи и ќе го бараме само кога ни е тешко?
За жал денес многу жени не знаат што значи тоа, да принесеш една просфора. Повеќето трчаат во соседните пекари, купуваат просфора и ставајќи ја во едно ќесе, ја носат во црква. Не знаат дека просфората ја символизира Пресвета Богородица и онаа што ќе ја подготвува, како друга света Ана ја носи во црква. Таму ја прима свештеникот, како друг Јосиф, како да ја прима
Да се знае дека Христос умре - е историја.
Да се верува дека Тој умре за мене - тоа e Спасение.
-Свети Теофан Затворник.
Кога дојдоа луѓе кај старец Кирил Павлов и почнаа да зборуваат дека сега има многу луѓе во црквите и дека може да се надеваме дека верата кај луѓето почнала да се зацврстува, отец Кирил рече да наполнат полна кофа вода.
Кога го повикаа, тој рече: „Ова е бројот на луѓе кои сега одат во храмовите“. Потоа рече да се истури оваа вода.
Кондак, глас 8.
Богоблагодатна Дево, од твојот извор кој тече непрестајно, ти ми даваш вода од твојата благодат неискажливо. Затоа ти се молам тебе, која надумно Го роди Словото, пороси ме со благодатта, за да ти викам: Радувај се, водо спасителна!
Бог се однесува како Оној што вистински љуби. Оној што вистински љуби не се наметнува над онаа, што ја љуби, не ја присилува да ја испие сета Негова љубов во еден здив, туку дискретно ја опсипува со дарови. Така Бог ја создал сета убавина на светот, сонцето, месечината, ѕвездите, целата складност на природата, во стремеж да го воодушеви човекот.
Велики Петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок.
Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.
Бидејќи еврејската пасха требаше да биде жртвувана во петокот, беше погодно вистината да биде во согласност со сликата, односно во истиот ден да биде жртвуван и Христос, нашата Пасха.
Во светата и Велика Среда божествените отци ни заповедаа да го славиме споменот на жената блудница, која Го помаза Господа со миро, затоа што овој настан се случил пред страдањата на Спасителот. Откако Исус влегол во Ерусалим и бил во домот на Симон Прокажаниот, една жена пристапила до Него и излеала на Неговата глава скапоцено миро. Тоа, пак, се случило, според словото на Спасителот,