Премин Портал

Кожувчанка

Изложбата под наслов „Пресек“ на авторката Ирена Паскали ќе биде отворена на 18.9.2026 година (петок) во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам. Изложбата е дел од програмските активности на Националната галерија за 2026 година, а е поддржано од Министерството за култура и туризам на РС Македонија и ИФА (IFA - Institut für Auslandsbeziehungen – Institute for Cultural Relations) од Германија. На отворањето на изложбата ќе се обратат г-ѓа Петра Дрекслер, амбасадор на Сојузна Република Германија во РС Македонија, д-р Али Синани, директор на Националната галерија на Македонија, авторката Ирена Паскали и Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос, куратор на изложбата.


Ирена Паскали (р. 1969, Охрид), е истакната македонска мултимедијална и современа уметница со богата меѓународна кариера. Завршила средно уметничко училиште во Скопје, Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2000) во класата на професорот Станко Павлески, а магистрирала на престижната Академија за медијални уметности во Келн, Германија (2007), каде живее и работи од 2004 година.

Добитник е на повеќе меѓународни стипендии (Германија, Франција, Того, Русија, Латвија), како и меѓународни награди (Кореа, Албанија, Германија, Србија и др.). Има реализирано повеќе самостојни изложби и е учесник на многу меѓународни изложби.

Ирена Паскали работи во различни медиуми – фотографија, видео, цртежи, експериментален филм, перформанс, а нејзините дела вклучуваат и експерименти со природни материјали. Централното место во нејзината работа и истражувања е посветено на човекот, општествените и социјално-политичките прашања кои се во неразделна врска со идентитетските прашања и отуѓувањето, духовноста, односот меѓу минатото и сегашноста, како и фрагментација на културите и религиите. Изложбата под наслов „Пресек“, претставува селекција од нејзиното богато творештво и одбележување на 30годишното уметничко дејствување на Ирена Паскали, а истата ќе биде отворена за јавност до 22.10.2026 година.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2026

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2026

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ,...

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица  21 септември/8 септември 2026

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 21 септември/8 септември 2026

 И така, таа била пo таткo oд царски рoд, а пo мајка oд рoдoт архиeрeјски, и сo тoа вeќe Гo...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная