Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Великиот пост во нашиот живот (I дел)
Очигледно е дека со тек на време дошло до длабоко разногласие или противречие меѓу духот и „теоријата“ на Великиот Пост, коишто се обидовме да ги објасниме врз основа на великопосните богослужења и, од друга страна, сеопштото направилно поимање на Постот, коешто понекогаш го поддржува и го шири самото свештенство. Зашто, секогаш е полесно духовниот принцип да се сведе на формален, отколку зад формалните принципи да се бараат