логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Еднаш ми пријде еден странски мисионер и ми рече: „Ти можеби си добра жена, но не си добра христијанка!“
Прашав: „Зошто?“
„Затоа што овде си толку долго, а одиш наоколу и зборуваш англиски. Кои овдешни јазици си ги научила?“
Му реков: „Не успеав да научам ниту еден локален јазик, затоа што многу патувам од едно на друго место. Штом научам еден дијалект, тие почнуваат да зборуваат друг. Само ’Добро утро’ и ’Добра вечер’ научив. Ништо повеќе.“
„Па ти си никаква христијанка. Како воопшто мисионериш? Сите римокатолици и протестанти ги учат овдешните јазици за да…’
Тогаш реков: „Господи, дај ми одговор за него.“ Ова го реков со сето свое срце, а потоа реков: „А, да. Заборавив да ти кажам. Знам пет јазици.’
„Навистина? Кои?“
„Првиот е насмевката. Вториот е солзите. Третиот е допирот. Четвртиот е молитвата, а петтиот е љубовта. Со овие пет јазици можам цел свет да го поминам.’
Тој застана и рече: „Чекај малку да го запишам ова…“
Со овие пет јазици можеш да патуваш низ целиот свет и цел свет е твој. Сакај ги сите како најблиски – без оглед на нивната вера или раса, без оглед на било што.
Секаде има Божји луѓе. Никогаш не знаеш дали некој што сега го гледаш ќе стане светител.

Мајка Гаврилија

 

Избор од фб профил на

Ivica Trajkovic

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2674
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1832
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…